Вчера пред Домот на културата “Марко Цепенков” во Прилеп се одржа концерт за деца, на кој најмалите заедно со нивните родители, баби и дедовци, другаруваа со група “Триангл”.
И секоја чест за ваквиот настан во специфични услови, но на посетителите впечаток им остави и оваа нова лимена конструкција која целосно ја нагрдува автентичноста на Центарот за култура.
Не знаеме кој дошол до ваква идеја целосно да го унакази најрепрезентативниот објект во Прилеп и да го нагрди неговиот изглед, но ќе признаете изгледа невкусно.