Драма во битолско! Полицијата пукала во воздух, тој ја фрлил торбата полна со дpoга и избегал

-На 16.06.2026 во 18:45 часот на потегот помеѓу селата с.Лажец и с.Граешница, битолско, при преземање на службени дејствија, полициски службеници од СВР Битола забележале едно лице, кое не застанало на издадена усна наредба да застане. Притоа, еден од полициските службеници испукал три предупредувачки куршуми во воздух, но лицето не застанало, фрлило торба и побегнало. По пребарување на теренот, биле пронајдени три торби со 46 пакувања марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.