Tимот на Аква Парк „Салида“ е подготвен и оваа сезона да понуди многу забава, незаборавни моменти и вистинско бегство од летните горештини.
Новата сезона започнува во недела (14.06) од 10:00 часот, кога посетителите повторно ќе можат да уживаат во базените, освежителните пијалаци, вкусната храна и одличната атмосфера која со години го прави Aква парк „Салида“ едно од најпосетените летни катчиња во целиот регион.
И ова лето се подготвуваат бројни изненадувања, дневни и вечерни забави, специјални настани и музичка програма која дополнително ќе ја збогати сезоната. Организаторите најавуваат дека наскоро ќе бидат откриени и деталите за ноќното капење, како и имињата на гостите кои ќе се грижат за доброто расположение на посетителите.
Доколку веќе ги планирате летните денови, Аква Парк „Салида“ е вистинското место за дружење, релаксација и освежување. Соберете го друштвото, резервирајте си место под сонцето и подгответе се за уште едно незаборавно лето исполнето со позитивна енергија.
Летото започнува – се гледаме во Аква парк “Салида“!
Работно време секој ден од 10 до 18 часот!

























