Општина Прилеп објави повици за избор на најдобри наставници, воспитувач и неговател

Општина Прилеп ги објави јавните повици за доделување награди за најуспешните воспитно-образовни работници во општинските образовни институции, со цел да се препознае, вреднува и поттикне нивниот придонес во воспитно-образовниот процес и развојот на младите генерации.

Објавени се:

-Јавен повик за доделување награди за најдобар наставник во одделенска и предметна настава во општинските основни училишта и најдобар наставник во средните општински училишта во Општина Прилеп;

-Јавен повик за доделување награди за најдобар воспитувач и најдобар неговател вработени во ЈОУДГ „Наша иднина“ – Прилеп.

Со овие награди Општина Прилеп ја потврдува својата заложба за поддршка и афирмација на наставниот и воспитниот кадар, препознавајќи ја нивната клучна улога во образованието, воспитувањето и развојот на децата и младите.

Наградите имаат за цел да бидат поттик и мотивација за понатамошно унапредување на квалитетот на воспитно-образовната работа, како и признание за постигнатите резултати, професионалната посветеност и придонесот кон развојот на локалната заедница.

Заинтересираните кандидати можат да ги преземат јавните повици, условите за учество и потребната документација на следните линкови:

-Јавен повик за најдобар наставник
https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-dodeluvanje-nagradi-za-najdobar-nastavnik-vo-oddelenska-i-predmetna-nastava-vo-opshtinskite-osnovni-uchilishta-i-najdobar-nastavnik-vo-srednite-opshtinski-uchilisht/

-Јавен повик за најдобар воспитувач и најдобар неговател
https://www.prilep.gov.mk/j-a-v-e-n-p-o-v-i-k-za-dodeluvanje-nagradi-za-najdobar-vospituvach-i-najdobar-negovatel-vraboteni-vo-joudg-nasha-idnina-prilep/

Ги повикуваме сите заинтересирани наставници, воспитувачи и негователи кои ги исполнуваат условите да се пријават и да бидат дел од процесот на препознавање и вреднување на професионалната извонредност во образованието и предучилишното воспитание – стои во соопштението од општина Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.