ВЛТ НАВИВА: ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ СО НОВ ПОДИУМ ВО ГЕРМАНИЈА

Видеолотарија Касинос Австрија со гордост го поздравува новиот голем успех на трикратниот европски шампион, Игор Стефановски – Иџе, кој освои одлично второ место на легендарната трка Glasbachrennen во Германија.

Само неколку дена по сериозниот инцидент на трката во Чешка, кога настапот во Германија беше неизвесен до самиот крај, Иџе и неговиот тим уште еднаш покажаа што значат истрајноста, посветеноста и шампионскиот дух.

„По силниот удар во Чешка, многумина мислеа дека нема да се појавиме на трката во Германија. Неизвесноста траеше до последен момент, но кога добивме можност да настапиме, покажавме што знаеме и што можеме. Од неизвесност до второ место на подиумот, резултат кој има посебна тежина. Ова не беа само трки за бодови. Ова беа трки за престиж, за истрајност, за карактер и за докажување дека никогаш не смееш да се предадеш без борба“, изјави Стефановски.

По освоениот подиум во Германија, Иџе и неговото Ферари веќе се упатија кон Италија, каде автомобилот ќе биде подложен на детален технички преглед и целосна санација на оштетувањата. Целта е болидот повторно да биде подготвен на највисоко ниво за претстојните предизвици во Европскиот шампионат.

Во Видеолотарија Касинос Австрија веруваме во луѓе кои ги поместуваат границите, не се откажуваат пред предизвиците и секогаш се стремат кон врвни резултати. Токму затоа, успехот на Иџе претставува инспирација и доказ дека со труд, посветеност и верба во сопствените способности, секоја цел е достижна.

Видеолотарија Касинос Австрија му честита на Иџе и на целиот негов тим за новиот успех и им посакува уште многу победи, подиуми и незаборавни моменти во продолжението на сезоната.

Шампионите не се препознаваат само по победите, туку и по начинот на кој се издигнуваат по секој предизвик. Иџе уште еднаш покажа дека припаѓа токму таму, меѓу најдобрите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.