Една прошетка низ населбата “Вишне” во Прилеп, која своевремено важеше за една од најпосакуваните населби за живеење, ќе ви стане јасно дека со градот нешто не е во ред.
Каналот на Дабничка Река претворен во мочуриште, се шири непријатна миризба, жителите стравуваат од влекачи, контејнери полни со ѓубре, уништени дрвореди од липи, паркови површини кои молат да бидат реновирани и улично осветлување кое се наоѓа на незавидно ниво…
Што стана со населбата каде секое второ семејство мечтае да има свој дом…..?
Фотографиите во продолжение се од денеска на пладне:































