(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Во Прилеп кој кај сака копа асфалт, кине цевки и кабли….санирањето оди малку потешко?

Кој како стаса си копа низ Прилеп, имал или немал дозвола за тоа, без притоа да води грижа дали ќе оштети одредени инфраструктурни приклучоци и дали ќе предизвика штета некому…

Граѓани постојано се жалат, улиците се прават партал, многу често и пресно асфалтирани… Домаќинствата остануваат со оштетени подземни кабли, водоводни и канализациони цевки…

Ваквите постапки на поединци низ нашиот град се причина и за повеќе судски случаи, а последиците ги трпат буквално сите. Замислете возите автомобил доцна во ноќта и одеднаш автомобилот ви припаѓа во дупка, која не е ниту обележана, ниту постои сигнализација, а често и враќањето во првобитна состојба оди долго и со месеци.

Ваквиот проблем се провелкува со години во Прилеп и редно е да се зборува за тоа. Општината и јавните претпријатија треба да изнајдат соодветни механизми, дури и во случај кога инвеститори на станбени обекти, дуќани, фирми… добиле дозвола од општината за прокоп, да бидат надледувани кога се работи на терен, местата да бидат соодветно обележани со светлечка сигнализација навечер, а со цел да се избегнат несакани последици и штета на останатите граѓани. И секако потоа што побрзо прокопот да се врати во првобитна состојба, а граѓаните да можат слободно да се движат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.