Излгеда како пристапен пат до рудниците за мермер во околината на градот, но не е тоа. Ова е пристап до спорска сала во Прилеп.
Наместо уреден пат со осветлување… еве што и годинава ќе биде првиот впечаток за екипите, кои ќе земат учество на Меѓународниот турнир во ракомет “Миле Нешкоски”, кој летово ќе се одржи по 11. пат во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” во Прилеп.
Турнирот оваа година ќе се одржи од 20-23 август, каде покрај домаќинот, на турнирот ќе играат уште четири домашни екипи и една странска, но допрва треба да бидат потврдени. Дали надлежните ќе успеат да го подобрат впечатокот, останува да видиме.
























