JKП Комуналец Прилеп ги информира граѓаните дека ги променуваат искршените и откорнати дрвени штрафни, и ќе ги бојадисуваат клупите во паркот на “Могилата на непобедените”.
Во соопштението со кое објавија десетици фотографии, од Комуналец велат дека ќе ги обележеле фарбаните клупи, но граѓаните да бидат внимателни.
И да, треба да се врати сјајот на паркот кој во едно не толку дамнешно време беше гордост на Прилеп, каде имаше осветлување на секое ќоше, фонтаните блескаа, тревата беше редовно косена, цвеќе имаше на сите страни… Да не ја заборавиме и рајската градина со украсни птици, кои повеќе ги нема…
Што уште му фали на паркот на “Могила” за повторно да привлекува стотици посетители дневно?!
























