Чисто е убаво велат од Комуналец, ама не е баш така – Ова е прилепскиот АМАЗОН (ФОТО)

“Чисто е убаво” милуваат да кажат од Јавното комунално претпријатие “Комуналец” од Прилеп, ама не ќе да е баш така…

Ова е прилепскиот АМАЗОН, каналот на Река Дабничка, каде уште само змии што не се појавиле, а со оглед на тоа дека жешките летни денови се пред нас, и тоа ќе биде.

Веќе трет пат наши читатели ни испраќаат фотографии од речното корито на Дабничка, па нека биде ова краен апел до комуналците, да го исчистат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.