Еве ги противниците на ФК Победа во Tретата лига – Го заслужуваат ли прилепчани ова?

Третата лига Југ во следната сезона ќе брои 16 екипи, а меѓу нив ќе биде и прилепска Победа. Друштво на некогашниот двократен шампион на Македонија, ќе им прават екипите на:

Башкими, Борец, Бучин, Фоца Нова, Младост 1930, Млекар, Питу Гули, Превалец, Росоман 83, Тополка, Ултрас, Вардар Неготино, Венец и Влазними Јуниор.

Во оваа конкуренција е и екипата ФК Големо Коњари, која заедно со Победа испадна од Втората лига.

Ќе биде интересно повторно да се гледа локалното дерби меѓу двете екипи, кое минатата сезона привлече големо внимание кај фудбалските вљубеници во Прилеп и прилепско.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.