Во пресрет на фестивалот на скарата и пивото, прилепчани се соочуваат со несекојдневна, но сè почеста глетка – коњи кои слободно се движат низ улиците, пасат по дворовите и зелените површини, а зад себе оставаат и големи количини коњски измет.
До редакцијата на Маркукуле пристигнаа фотографии од револтирани сограѓани, кои вакви стада забележале во населбите: “Точила”, “Типски” и “Варош”…
Според жителите, не станува збор за изолиран случај, туку за проблем кој подолг период се повторува. Освен што уништуваат тревници и влегуваат во приватни дворови, животните оставаат и измет по улиците и парковите, што создава нехигиенски услови и непријатна слика за целата населба.
Tипски:
Точила:
Варош:
Се подготвува ли Прилеп да гради хиподром на олку многу коњи по улиците?!




























