BАBY BOOM во прилепската болница: За само 10 часа се родија 7 бебиња, за два дена – вкупно 12 новороденчиња!

Убави вести пристигнуваат од Одделението за гинекологија и акушерство при Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ – Прилеп, каде во изминатите 10 часа на свет дошле седум новороденчиња, додека во последните два дена се родиле вкупно 12 бебиња.

Овој вистински „baby boom“ претставува радосен момент за градот и уште една потврда за посветената работа на медицинските тимови од Одделението за гинекологија и акушерство и Одделението за неонатологија, кои секојдневно со професионалност, грижа и љубов се грижат за мајките и нивните најмали.

Од прилепската болница упатија честитки до сите семејства кои деновиве добија нов член, посакувајќи им многу здравје, среќа и безгрижно детство на најмалите прилепчани.

Нека овие нови животи бидат причина за уште повеќе насмевки, надеж и убави моменти во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.