ПРИЛЕПСКИТЕ ПЛИВАЧКИ МАРАТОНЦИ сензација на традиционалниот куп во далечинско пливање “Илинден 2026”, или познат како “Охридски Илинденски мал маратон”

Аника Рибеска и Филип Митрески се прилепските маратонци кои успеаjа да направат подвиг во далечинско пливање.

Патеката долга 2.5 км во водите на Охридското Езеро вчера на Илинден, во силна конкуренција со пливачи од цела Македонија, пливачите од Прилеп ја испливаа за одлично време, пливајќи за 44 и 46 минути.

Тие се претставници од школата за пливање од професорот по спорт Даниел Василески, кој долго време активно делува едуцирајќи деца во нашиот град.

“Прилеп е ризница за спортски таленти. Овие две деца се претставници на многуте деца кои пливаат во школите на градскиот базен, а можеа да бидат присутни тука во Охрид како натпреварувачи, затоа што се подготвени за тоа. Пред се’ голем успех е препливувањето на патеката, која носи многу предизвици, а секој постигнат резултат со време помало од еден час е одлично достигнување. Се подготвувавме користејќи ги капацитетите на градскиот базен и нашето прилепско езеро, а дел од подготовките беа и во Охрид. Задоволен сум од децата и континуитетот кој го задржуваме со години и имаме наши претставници на маратонот”, рече Василески.

Овие деца несебично се вложија себе си и на најдобар можен начин го прославија и го честитаа празникот.

Честит Илинден за многу години!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.