Затворениците во прилепскиот затвор извале 34.000 килограми јачмен од 180 декари (ФОТО)

Казнено-поправниот дом Прилеп успешно ја реализираше овогодинешната жетва на јачмен, засеан на вкупна површина од 180 декари.

-Во реализацијата на земјоделските активности активно беа вклучени и поголем број осудени лица, како дел од програмите за нивно работно ангажирање и ресоцијализација, информираат од Управа за извршување на санкции.

Од овогодинешната реколта е остварен вкупен принос од околу 34.000 килограми јачмен, кој во целост ќе биде искористен за сопствени потреби на установата, односно како добиточна храна за фармата во рамките на КПД Прилеп.

-Со ваквите активности, КПД Прилеп продолжува да ги унапредува програмите за ресоцијализација преку работно ангажирање на осудените лица, истовремено зајакнувајќи го сопственото производство, рационалното користење на ресурсите и економската самоодржливост на установата, стои во соопштението од Управа за извршување на санкции.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.