Затворениците во акција: Ќе ги чистат магистралните и регионалните патишта во државата

Од вчера започна седумдневната работна акција која ќе трае до 22.07.2026 година во соработка со Управата на извршување на санкциите и ЈП Македонија Пат согласно потпишан Меморандум за соработка за работно ангажирање на осудени лица кои ќе помагаат за одржување на хигиената на магистралните и регионалните патишта на целата територија на Република Македонија.

Во оваа работна акција ќе бидат вклучени повеќе казнено-поправни домови и казнено-поправни установи, и тоа: КПД Затвор Идризово, КПД Затвор Штип, КПД Затвор Прилеп, КПУ Затвор Куманово, КПУ Затвор Битола, КПУ Затвор Скопје, КПУ Затвор Гевгелија, КПУ Затвор Струмица и КПУ Затвор Струга.

Осудените лица кои се работно ангажирани на магистралните и регионалните патишта се во непосредна близина на казнено-поправните установи каде што ја издржуваат својата казна и истите се под постојан надзор на припадниците на затворската полиција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.