Еден од најпопуларните поп-пејачи на Балканот, Саша Ковачевиќ, на 26 јули (недела) ќе одржи ексклузивен концерт на античкиот локалитет Хераклеја во Битола, со почеток во 20:00 часот.
Познат по својот препознатлив вокал, харизма и емотивни балади, Саша Ковачевиќ повеќе од две децении е еден од најомилените изведувачи во регионот. Неговите песни редовно ги полнат концертните сали, а хитови како „Пиши ми“, „Шта да радим“, „Температура“, „Лапсус“, „Случајно“, „Живим да те волим“ и многу други, се дел од репертоарот што публиката го пее во еден глас.
Она што ги прави неговите концерти посебни е спојот на силни емоции, врвна продукција и енергијата што ја создава со публиката. Без разлика дали станува збор за романтични балади или динамични поп-хитови, атмосферата секогаш е исполнета со многу емоции и одлична забава.
Дополнителна магија на концертот ќе му даде и амбиентот на античкиот локалитет Хераклеја, едно од најубавите места за одржување концерти во Македонија, каде музиката и историјата создаваат уникатно доживување.
Организаторите најавуваат спектакуларна музичка вечер исполнета со безвременски хитови, а интересот за концертот е голем.
🎟 Билетите се достапни преку KupiKarta, како и во Тобако Димпо и Brothers.
📞 Информации и резервации на: 076/942-600
Не пропуштајте!

























