Гевгелија домаќин на Европско во кошарка, а Прилеп уште нема сала (ВИДЕО)

Гевгелија е целосно подготвена за почетокот на Европското првенство во кошарка за играчи до 16 години – FIBA U16 EuroBasket 2026, Дивизија Б, кое ќе се одржи од 6 до 15 август.

Натпреварите од групите А и Б ќе се играат во спортската сала „26 Април“, која ги пречекува младите европски кошаркарски надежи и нивните репрезентации.

Во Групата А ќе настапат репрезентациите на Словачка, Ирска, Португалија, Црна Гора и Холандија, додека во Групата Б ќе се натпреваруваат Македонија, Украина, Швајцарија, Хрватска, Исланд и Кипар.

Посебно внимание ќе привлечат настапите на македонската репрезентација, која своите натпревари ќе ги игра пред домашната публика во салата „26 Април“.

Организаторите истакнуваат дека домаќинството на ваков значаен спортски настан е уште една потврда дека Гевгелија располага со услови за организација на врвни меѓународни натпреварувања и заслужено го носи епитетот град на кошарката.

Во пресрет на почетокот на шампионатот, упатен е повик до љубителите на спортот да ја исполнат салата до последното место и со силна поддршка да им дадат ветер во грб на младите македонски кошаркари, истовремено упатувајќи спортско добредојде до сите учесници на Европското првенство.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.