дома блог страница 962

Над 300 правници од целиот Балкан учествуваа на првиот Легал бизнис регионален форум во Златибор – меѓу нив и Орде Ѓорѓиоски од Прилеп

Повеќе од 300 правници од Србија, Македонија и Балканот учествуваа на првиот Легал бизнис регионален форум што се одржа во Златибор, Србија. Меѓу учесниците имаше 150 директори на правни служби од компании, адвокати, универзитетски професори, судии, нотари и други професионалци во правната професија.

Форумот беше во организација на Српското здружение на корпоративни правници (UKP) и Стопанската комора на Србија, а партнер и поддржувач беше и Македонската асоцијација на корпоративни правници, која што се претстави со посебен панел “Arbitration – renewed perspective for the counsels and their companies in the region”.

Како дел од македонската асоцијација, на форумот учество зеде и Директорот на правни и општи работи – Орде Ѓорѓиоски, претставувајќи ја „Витаминка“.

Правниците, адвокатите, професорите и судиите дискутираа за повеќе важни теми и прашања поврзани со правните аспекти на дигиталното работење, управување со проблематичните побарувања, најважните чекори за усогласување на работењето со правото на конкуренција, правните аспекти на прекуграничното работење, cybersecurity и управување со ризици, complience, правни операции и иднина на правната професија со влијание на inhouse правниците итн. Целта на Форумот беше да се направи стручна анализа на најактуелните теми во работењето, да се стави акцент на најважните теми на денешницата со акцент на новите технологии, да се поттикне регионалната соработка преку размена на искуства со експерти од соседните земји, да се унапредат личните компетенции и да се отворат прашањата за подобрување на положбата на корпоративните правници.

Целосниот асортиман на производи од Витаминка изложен на престижниот саем за храна и пијалоци “Интерфуд & Дринк” (ФОТО)

Од 8. до 11. ноември во Бугарија се одржува 22рото издание на најзначајниот саем за храна и пијалаци во Југоисточна Европа, Интерфуд & Дринк. Витаминка и оваа година е еден од најголемите изложувачи претставувајќи ја својата производна програма пред стручната јавност. Најголемиот производител на кондиторски производи во Македонија со претставувањето на овој саем не само што ја зацврстува својата позиција на бугарскиот пазар, туку создава простор за отворање потенцијални нови пазари и нови пласмани.

„Саемите се еден од најдобрите модели за меѓусебно поврзување на економиите, тие се платформата за постигнување одржливост на системите за храна. Интерфуд & Дринк е многу популарен меѓу стручната јавност, а тоа што секоја година се надградува, придонесува за растечкиот интерес секоја година кај бугарските и странски компании, деловни делегации, трговски мисии и колективни странски учества. И тоа со причина затоа што овој саем е препорачана средина за размена на искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Производите на Витаминка на овој пазар и за локалните компании се познати, меѓутоа токму растечката димензија на саемот и привлекувањето се поголем број изложувачи е нашиот таргет“, истакна Александар Ѓуроски, шеф во Извоз.

Меѓународниот саем за храна, пијалаци, амбалажи и производствени апарати Интерфуд & Дринк е познат по тоа што претставува погодна средина за споделување искуство и иновативни пристапи во производните процеси. Освен од домашните компании, посетен е од голем број странски компании, дистрибутери, продажни ланци, деловни делегации, трговски друштва и слично.

Ќе треба да бидете брзи: Од понеделник започнува продажбата на карти за натпреварот Македонија-Англија – ова се цените!

ФФМ денес објави дека од понеделник, 13. ноември, ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија – Англија на Нациолната арена „Тодор Проески“ во Скопје како дел од квалификациите за ЕП 2024.

Ќе се продаваат влезници од 400 и 600 денари, а продажбата ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.

Воедно, задолжителна е влезница за натпреварот и за деца, без оглед на нивната возраст.

Натпреварот ќе се одигра на 20. ноември со почеток од 20:45 часот на Национална арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Северна трибина

Блок 13 и 19 400 денари

Блок 14, 18, 20 и 24 600 денари

Јужна трибина

Блок 1 и 6 400 денари

Блок 2, 3, 4 и 5 600 денари

Западна трибина

Блок 25, 26, 27, 28, 29 и 30 400 денари

Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на 18, 19. и 20. ноември од 10:00 до 18:00 часот.

Продажни места:

Скопје:

• ЛитератураМК – City Mall

• ЛитератураМК – East Gate

• ЛитератураМК – Веро Центар

• Литература – ТЦ Буњаковец

• Литература МК – ул. Македонија

• Југотон ГТЦ 1

• ЈК Травел – ТЦ Бисер

• Макпетрол – Козле

• Макпетрол – Илинденска

• Макпетрол – Влае

Велес:

• Унисон

Прилеп:

• ТА Бран

Куманово:

• Тобако Агора

Тетово:

• Тобако Монако

• Гранд Тобако

Гостивар:

• Тобако Вона 5

Охрид:

• ТА Вис Пој

Битола:

• Литерара МК

• Tobacco Brothers

Струмица:

• Литература МК

• ТА Сафари

Радовиш:

• ТА Халкидики

Момче од Прилеп нападнато од 54-годишен скопјанец,

Од дневниот билтен со настани на МВР

-На 07.11.2023 во 15.45 часот во СВР Скопје, Д.Ѓ.(25) од Прилеп пријавил дека околу 15.00 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Д.В.(54) од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок – информираат од МВР.

Во сабота е денот “Д” за капитенот Велески и ракометарите на РК Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп во сабота (11.11.), во рамките од десеттото коло од ракометната Супер лига, гостуваат кај Вардар Неготино.

За прилепчани, кои досега имаат забележано само 2 победи, еден нерешен резултат, и дури 6 порази, мечот во Неготино ќе биде тест за реалниот квалитет на прилепската екипа, и дали амбициите пред почетокот на сезоната биле реални.

Само убедлив триумф на овој натпревар ќе ја врати вербата на ракометните вљубеници во екипата на капитенот Филип Велески.

Во првиот натпревар кој се одигра во Прилеп, прилепчани триумфираа со 30:22.

Натпреварот во Неготино се игра со почеток од 18:30ч.

Го турна рекордот на “колегата” од Прилеп: Кочанчанец возел со 5,31 промили алкохол во крвта

Кочанчанец го сруши рекордот во Македонија по количина на алкохол во крвта која е откриена од страна на сообраќајната полиција. Тој го возел своето возило со цели 5,31 промили, иако нашиот закон дозволува 0,5. Кочанчанецот и покрај тоа што имал десет пати повеќе алкохол во крвта го возел својот автомобил.

Претходно годинава, на 27.08.2023 во Битола беше санкциониран и возач од Прилеп кај кого беа измерени 5.01 промили алкохол.

Украле “бмв”, “пежо” , “мерцедес” и скутер: Фатени тројца малолетници од Битола и Тетово

СВР Тетово поднесе кривична пријава против тројца малолетници од Тетово и Битола, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „кражба“, „одземање на моторно возило“ и „тешка кражба“.

Во периодот од 25.04.2023 до 18.07.2023, пријавените од повеќе лица одзеле три патнички возила „бмв“, „пежо“ и „мерцедес“, еден скутер и велосипед и други лични предмети, при што се стекнале со противправна имотна корист од 69.000 денари.

По преземени мерки и активности одземените предмети се вратени на сопствениците – информираат од МВР.

Соработка на шампиони: Синиша Кочовски повторно победи со поддршка на Mozzart

Да се биде прв и најдобар е мотото што ги води мотоциклистот Синиша Кочовски и компанијата Mozzart на патот до целта.

Шампионите секогаш се поддржуваат едени со други, па така лидерот во приредување игри на среќа и шампионот на тркачките патеки се препознаа и започнаа успешна соработка.

Со голем број извозени патеки, освоени трофеи, Кочовски успешно ги бранеше боите на нашата држава.

Сезоната ја заврши со голем успех и освоено прво место во најсилната и најпрестижната категорија во БМУ Европскиот шампионат.

Среќни сме што на крај успевме да ја оствариме зацртаната цел – да ја одбраниме титулата во регионот. Не беше лесно, тоа мора да се напомене, но верував во себе и во мојот тим. Заедно успеавме да ги надминеме сите препреки и да се радуваме на уште еден трофеј. Не застануваме тука, веќе започнавме со плановите за новата сезона, во која како поискусни ќе влеземе во нови авантури и ќе целиме кон нови трофеи. Сето ова немаше да биде возможно, доколку зад мене не застанаа моите пријатели и моето семејство. Секако, голема улога во овој успех има и компанијата „МОZZART“ и нивниот позитивен пристап кон овој не така атрактивен спорт во Македонија. Среќни сме што имаа слух за нашите потреби и се надеваме дека ова беше само поставување на темел на нашата соработка во иднина“, изјави Синиша Кочовски.

Лидерот во приредување игри на среќа му беше ветер во грб на македонскиот мотоциклист кој успеа да освои едно прво место на легендарната патека во Брно и седум втори места (Серес, Грција, Плевен, Бугарија, Брно, Чешка, Словакиа Ринг, Словачка и Гробник, Хрватска).

Во ФИМ Европскиот шампионат Кочовски стана првиот Македонец со подиум, откако на патеката „Словакиа Ринг“ го освои третото место.

Ни преставува особена чест и задоволство што имавме можност да му дадеме поддршка на нашиот мотоциклист Синиша Кочовски. За време на целата сезона, тој успешно ги бранеше боите на државата и на компанијата Mozzart. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и натаму и заедно ќе извозиме уште многу патеки и ќе освоиме голем број трофеи”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

По подолго време пад на цената на горивата: Ова се новите цени кои важат од денеска

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,44% во однос на одлуката од 06.11.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,006%, кај дизелот за 0,429%, кај екстра лесното масло за 0,670% и кај мазутот намалувањето е за 2,158%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,562%

Од 9.11.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 80,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,996 (денари/килограм)

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,005 ден/кг и сега ќе изнесува 44,996 ден/кг.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.

Прилепчанец ќе одговара: Три години по социјални мрежи пишувал недолични коментари за женско лице

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(22) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.

Во периодот од 2020 година до 04.09.2023, пријавениот во неколку наврати преку социјални мрежи пишувал недолични коментари и пораки кон негова познаничка – информираат од СВР Битола.