дома блог страница 963

Вучиќ објави видео како јаде сендвич со пилешка салама: „Ваков сендвич јадам и во авион“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ објави видео на кое се гледа како со министрите Синиша Мали и Томислав Момировиќ, чија цена ја објави минатата недела, јаде паризер (пилешка салама).

На почетокот на видеото рече дека се во Палатата Србија, бидејќи имаат многу средби во Нов Белград, а претходно во продавница отишле Синиша Мали и Томи Момировиќ.

„Како што им ветивме на оние кои тоа го бараа од нас, тоа не беше наш хир, бидејќи рекоа дека не смееме и нема да го јадеме. Купиле половина килограм домашно производство на паризер, купиле два литра јогурт, два леба „сава“, две кесички и мајонез. Вкупната цена е 585 динари, што може да се види од фискалната сметка. Цената на паризерот е дури 140 динари поевтина за килограм и многу сум среќен што успеавме да создадеме нешто што народот сака да го јаде, нешто на што сите пораснавме, нешто што јас и денес го јадам често. Посебно во авион кога одам во странство, барам да ми направат сендвич токму од овој тип на паризер. И ова не го правиме за да покажеме дека сме обични луѓе како остатокот од нормалниот свет, за да ги негираме нивните лаги за тоа кои се милионери, бидејќи сите во Србија знаат кој има сметки во странство и кој ниту имал, ниту има, ниту некогаш ќе.да има“, рече Вучиќ.

Тој изјавил дека тоа е негова идеја, и дека е прифатена од неговите пријатели и дека тоа го направиле за да го покажат начинот на лажење.

Снимена сина светлина на небото три минути пред разорниот земјотрес во Мароко (ВИДЕО)

Безбедносните камери во југозападниот марокански град Агадир снимија сина светлина на небото три минути пред разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени да ја погоди земјата.

На социјалните мрежи се шират снимки кои го покажуваат самиот момент на земјотресот. Сината светлина е видлива и на тие снимки.

Земјотресот во Мароко досега однесе повеќе од 2.800 животи, а 2.500 се повредени.

Иако е плодна почва за теоретичарите на заговор, тоа е природен феномен, пишуваат медиумите. „National Geographi“ пишуваше за овој феномен пред неколку години, нудејќи научни одговори за него.

Денес го празнуваме Полагањето на чесниот појас на Пресвета Богородица

По своето успение, Пресвета Богородица му го даде својот појас на апостолот Тома. Тој појас подоцна беше пренесен во Цариград и чуван во запечатен ковчег во црквата на Пресвета Богородица во Влахерна, што ја изгради царицата Пулхерија.

Овој ковчег никогаш не се отвараше, сè до времето на царот Лав Мудриот (886–912). Сопругата на Лав, царицата Зои, душевно се разболе, и според некое таинствено видение посака врз неа да го положат појасот на Пресвета Богородица.

Царот го помоли патријархот, па го отворија ковчегот, го извадија појасот и го положија врз болната царица. Таа веднаш оздраве.

Во спомен на тоа чудо се востанови овој празник. Дел од тој појас се наоѓа во Грузија, во Зугдид. Имено, ќерката на царот Роман се исцели со помош на овој појас и подоцна, кога се омажи за царот Абухаз Грузиски, таа понесе дел од појасот со себе.

На заповед од рускиот цар Александар I изградена е посебна црква во Мингрелија во Зугдид, каде се чува тој дел од чудотворната облека на Пресветата Божја Мајка.

Во Прилеп се гради најубавиот станбен комплекс во регионов – побрзајте и одберете го вашиот дом

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули.

Објектот кој веќе е во градба се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат.

Станбениот комплеск – или HILL RESIDENCE располага со 9 типови на станови, чија површина се движи од 50 до 70м2, и истите ќе бидат изградени со целосна енергетска ефикасност.

Идните домови ќе бидат опремени со германски врати и дограма со двојни термопан стакла. Во зима топло, лете ладно, затоа што зградата ќе има изолација од 12цм, а впечатливо е и тоа што секој стан ќе има обезбедено високо ефикасно ладење, греење и најважното – бесплатно гаражно паркинг место.

Со три зборови: УДОБНОСТ, КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ! Сето тоа и многу повеќе ќе добиете, ако HILL RESIDENCE биде вашиот избор за нов дом.

И секако побрзајте! Затоа што HILL RESIDENCE веќе ги доби своите први сопственици на станови, кои едвај чекаат изградбата да заврши и да се вселат во својот дом од соништата. Контактирајте на следниот телефонски број: 073 333 300 и закажете средба.

Плановите од становите и сите останати проекти на “Специјал Градба” можете да ги погледнете ТУКА

ЗА КОМПАНИЈАТА ИНВЕСТИТОР НА HILL RESIDENCE:

“Специјал Градба” e компанија основана во 2011 година, која за време на досегашното постоење, се најде на листата на 200 најуспешни компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е позната по тоа што во објектите кои ги градат користат градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства, и сето тоа исклучиво од лиценцирани произведувачи. Мисија на компанијата е изградба на високо енергетско-ефикасни објекти, се со цел задоволни клиенти преку заштеда на енергија, но и намалување на негативните влијанија врз животната средина, што пак ја покажува општествената одговорност на компанијата.

Цел град го труе неподнослива миризба, а никој не знае од каде потекнува (ВИДЕО)

„Веќе еден месец нешто после 19 часот гори, се шири смрдеа на хемикалии и се чувствува на грлото. Не можеме да отвориме прозорци, неподносливо е, секоја вечер е исто. Сме пријавиле во општина, во инспекција, во полиција, во пожарна… Ништо не се менува“ велат граѓаните кои ги анкетиравме, а на социјалните мрежи се развива дискусија и нагаѓање кој може да биде загадувачот кој што ги труе прилепчани во вечерните и ноќните часови се’ до наутро. Велат дека нема чад, но се шири неподнослива чудна миризба што асоцира на пластика, на смола… – oбјави “РАДИО ПЕЛА”.

Инспекциските служби повеќе денови заедно со полицијата истражуваат кој е „тајниот“ загадувач, посочува Влатко Петкоски, портпарол на Општина Прилеп.

ИЗВОР: “РАДИО ПЕЛА”

Бездомник пронашол вреден чек на улица кој и’ припаѓал на милионерка – решил да го врати, а тоа што следувало целосно му го променило животот (ВИДЕО)

Елмер Алварез, бездомник од Њу Хејвен, пронашол пари односно чек од 10.000 долари на улица, по што веднаш одлучил тие пари да ги врати на сопственикот.

Имено, пронајдениот чек ѝ припаѓал на Роберта Хоски, американска милионерка од Њу Хејвен. Таа не верувала во тоа дека некој ќе ѝ ги врати изгубените пари, па одлучила да му се заблагодари на Алварез на посебен начин.

Роберта во живо го пренесувала моментот кога му ги врачила подароците на бездомникот, а таа на почетокот објаснила дека тој нема поим што ќе се случи.

„Не знаеше кој стои зад тој чек. Не си свесен какво срце имаш“, му кажала Роберта на Елмер, а потоа му врачила сертификат.

Милионерката му кажала дека му подарува целосна стипендија за училиштето за недвижности „Outreach“ на кое таа е претседател. Исто така, Роберта му обезбедила на Алварез и часови по англиски јазик како и секое советување за кариерата кое го сака. Таа му организирала и интервју за работа додека не ги заврши своите предавања за недвижности.

Видно запрепастениот Алварез рекол дека добрината на Хоски го инспирирала да се фокусира на создавање подобра иднина за себе и својата девојка.

„Само размислував како се чувствува таа личност која го изгубила чекот“, рекол тој. Доброто со добро се враќа!

Кривична пријава за бајачка од Прилеп: Ветувала дека ќе помогне во лекување и зела пари и злато

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(39) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.

Во период од мај до јуни 2023 година, во домот на 56-годишник од Струга, дошла пријавената, лажно се претставила и ветила дека со одредени обреди може да помогне за надминување на здравствени проблеми.

Во неколку наврати оштетениот на А.Р. ѝ дал пари и златни предмети во вредност од 80.000 денари, кои по извршените обреди требало да му ги врати, но не му ги вратила – информираат од МВР.

Прилепчанец заработи кривична пријава: Неговите пит були искасале 79-годишен дедо

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А.(24) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ во врска со кривично дело „предизвикување општа опасност“. На 08.11.2022 во нас.Влае во Скопје, две кучиња од расата пит бул, сопственост на пријавениот, кои шетале без надзор, го нападнале Б.С.(79) од Скопје и му нанеле тешки телесни повреди – информираат од МВР.

Aплицирајте! “ВИТАМИНКА” доделува 4 стипендии за студенти на Технолошко-металуршкиот факултет

Прехранбена индустрија „ВИТАМИНКА“ АД Прилеп, објавува оглас за стипендирање 4 /четири/ студенти, со потекло од прилепскиот регион, запишани на додипломски студии на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје при УКИМ, насока: Прехранбена технологија и биотехнологија (ПТБ). Стипендијата е наменета за студенти во било која година на студирање.

Рок за аплицирање: 05.10.2023 година.

Потребни документи за аплицирање:

-Молба за добивање стипендија со кратка биографија за кандидатот (со податоци за контакт);
-Копиja од индекс, вклучително и копија од последно заверен семестар;
-Потврда за студирање издадена од ТМФ.
-Изборот ќе се изврши во рок од 10 /десет/ дека од крајниот рок за аплицирање. Компанијата може да одлучи да организира кратки интервјуа за апликантите, во случај да бидат примени поголем број апликации.

Висината на стипендијата изнесува 9.000,00 МКД на месечно ниво и се исплаќа 12 /дванаесет/ месеци во годината. Компанијата доделува и еднократен надоместок во висина од 9.000,00 денари на почетокот на академската година, за набавка на учебни помагала.

Стипендијата се исплаќа под услов студентот редовно да ги исполнува факултетските обврски, што значи на редовна основа да запишува нареден семестар. Со завршувањето на предвидените семестри, престанува исплатата на стипендијата.

Стипендистите ќе имаат уникатна можност да реализираат феријална пракса во компанијата, во договор со квалификувани ментори, како и можност да работат на проектни задачи од интерес за нивното образование и компанијата.

Со изборот, студентот потпишува договор за стипендирање со компанијата.

За дополнителни информации, заинтересираните можат да се јават на тел. 048/407-428, 407-449 или писмено на е-mail: [email protected]

Тешка ноќ во општина Долнени: Се уште гори кај Зрзе и Костинци, а во Рилево синоќа пожарот дошол на 200 метри од куќите

На територијата на општина Долнени активни се следните пожари:

Кај с.Зрзе каде гори во два крака и тоа едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. Опожарена е ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 14 пожарникари и 4 ПП возила и ЈП Национални шуми подружница „Црн Бор“ – Прилеп со 4 вработени со 1 теренско возило. Во текот на денот интервенирале и 2 воздухоплови на Дирекцијата за Заштита и Спасување.

Вчера во попладневните часови пожарот се приближил на околу 200 метри од првите куќи во с.Рилево, поради што во гаснењето се вклучило и месното население.

Во атарот на с.Кошино и истиот се шири во правец на с.Сланско (општина Македонски Брод), каде гори ниска вегетација и деградирана шума. Интервенираат ТППЕ Прилеп со 6 пожарникари и 2 ПП возила.

Од вчера активен е пожар на сува трева во атарите на селата Костинци и Зрзе, каде интервенираат ТППЕ Прилеп со 5 пожарникари и 1 ПП возило;