Избега и комшијата од Оливер Спасовски

Се ситни коалицијата на СДСМ, власта загуби уште еден пратеник во Собранието кој не гласаше за предложената влада предводена од Талат Џафери.

Иако денеска тој беше во Собранието од почетокот на седницата за избор на владата на СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците пратеникот Мирослав Јовановиќ излезе од салата и не гласаше за техничката влада.

Кумановецот и сограѓанин на премиерот Ковачевски и комшија на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Мирослав Јовановиќ е основач и претседател на Српска странка во Македонија, пратеник во Собрание на Р. Македонија од 2017 година.

Од основањето на партијата таа е во коалиција со СДСМ.

Извор: “Експрес.мк”




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.