дома блог страница 961

Над 200 ученици зедоја учество на денешниот хуманитарен турнир: Малиот Марко од Прилеп има потреба од сите нас!

Над 200 деца од сите средни училишта од Прилеп денеска зедоја учество на хуманитарен турнир во баскет и одбојка, кој се одржа во ООУ “Добре Јованоски”.

Спортските настани беа во организација на Младинската организација при СОУ “Ѓорче Петров” и ученичкиот парламент при ООУ “Добре Јованоски”, а собраните средства ќе бидат наменети за 2-годишниот Марко од Прилеп, кој боледува од Ангелман синдром – еден од најретките во светот.

Малиот Марко се уште не оди и не зборува, а често се соочува и со бубрежни инфекции, за што досега му се извршени 4 хирушки интервенции. Неговите родители надеж гледаат во третманите со матични клетки во Турција. За Марко се потребни 3 третмани, а еден чини 19.000 евра, средства кои семејството не е во можност сами да ги обезбедат.

Донирајте за МАРКО на следната трансакциона сметка и телефонски броеви:

Јовчески: 1.200.000 ден. од буџетот на општина Прилеп за социјално ранливи категории на граѓани

Градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, преку соопштение на ФБ информира дека општината издвоила 1.200.000 денари, наменети за социјално ранливи категории на граѓани, односно за наши сограѓани кои по разни основи имаат потреба од финансиска помош: за лекување, за егзистенција, за набавка на лекови и слично.

-Годинава доделивме еднократна финансиска помош и им помогнавме на повеќе од 200 семејства, со различна висина на средства, во зависност од барањата и можностите – напиша Јовчески.

(ВИДЕО) Ќе ви се стопли срцето: 17 бебенца во еден кадар – само во “Плодност” Битола

Слика полна со љубов и толина. 17 новороденчиња, од кои 11 родени во последните 24 часа во болницата “Плодност” во Битола. Нешто што со сигурност ќе ви го разубави денот.

https://www.facebook.com/reel/719993269500950?mibextid=kcDB8O

Известување од прилепските црковни храмови за престојниот празник Св. Козма и Дамјан

-Браќа и сестри во Христа, наши прилепчани, ве известуваме дека ЛЕПЧИЊАТА ЗА СЛАВА ЌЕ СЕ ПЕАТ ИСКЛУЧИВО ВО ЦРКОВНИТЕ ХРАМОВИ.

За претстојната слава, на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан (Св. Врачи), во храмот св. Петка во нас. Точила лепчиња ќе се креваат во понеделник во периодот од 9:00 – 11:00 часот и во вторник по завршувањето на богослужбата, а во храмот Св. Кирил и Методиј (Параклис) лепчиња ќе се креваат во понеделник од 7:30 – до 11:00 и попладне од 16:00 – 17:00 часот како и НА САМИОТ ПРАЗНИК (наредниот ден) во вторник (14.11.2023) ВЕДНАШ ПО ЗАВРШУВАЊЕТО на Божествената Литургија.

Честита слава на сите кои го чествуваат Св. Козма и Дамјан како закрилници на нивните домови т. е. домашна слава!
Нека ни е за многу години и на помош!

Битола: Дошле со другарот во фабриката каде бил управител, па изнеле вреќи со марихуана

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.А.(38) и М.О.(34), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Тие се сомничат дека на 16.03.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во с.Кравари, битолско, во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана.

При извршен претрес во фабриката, пак, било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со различна тежина – информираат од СВР Битола.

33-годишен прилепчанец починал во САД – Потребни се средства за транспорт на негово тело во Македонија

На социјалните мрежи се шири информација, преку која се бараат донации за транспорт на телото на Николче Кузманоски oд Прилеп, кој починал во САД.

Кузманоски починал на 07.11.2023, на 33-годишна возраст како последица од здравствени проблеми на срцето.

Тој во САД работел како земјоделски работник, а семејството не е во можност да ги покрие сите трошоци за транспорт на неговото тело во Македонија – стои во

Донирајте на следниот ЛИНК

Трансакциската сметка за донации е следна:

(ФОТО) Полицајка за пример во Битола! Еве како се оправдува платата и униформата!

Наш читател ни испрати фотографија од Битола, која вродува надеж дека се уште постои човечност во ова наше општество.

Полицајка за пример! На пешачки премин помага на постара госпоѓа да ја премине улицата на пешачки премин.

СВР Битола дали се слушаме? Бонус на плата за оваа полициска службеничка!

Џејми Оливер бара работници за ресторанот во Белград, платата не ја открива (Видео)

Најпознатиот готвач Џејми Оливер отвора ресторан во Србија.Тој упати повик сите што се заинтересирани да се пријават за работа во Белград и оти нуди супер можноти и добар тим.

Колкави ќе бидат платите, не е познато.

Николоски: Дали е вистина дека генералниот секретар на СДСМ ги договара јавни набавки за најголемите институции?

“Не можеме да го поддржиме овој предлог и ќе зборуваме и на пленарната седница затоа што Комисијата чиј состав го разгледуваме денес е еден на изворите на корупцијата во Македонија. Гледате дека и со последниот Извештај на ЕК јасно се зборува дека нема напредок во борбата со криминалот и корупцијата во Македонија, напротив расте. Во Македонија во изминатите години се зголеми праксата на објавување на тендери за добропознат понудувач каде што или критериумите се прават такви да уште слика фали на тој кој што треба да го добие тендерот од една страна. А, од друга страна се ставаат карактеристики кои што може да ги исполни само таа компанија која што треба да го добие тендерот. И најголем дел од набавките се со еден понудувач“, истакна пратеникот Александар Николоски на седницата на Комисија за прашања на изборите и именувањата говорејќи за утврдување на Предлог – одлука за именување на претседател и членови на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Николоски додаде дека многу често вредноста на набавките одговара на проценетата вредност на органот кој што ја спроведува јавната набавка. И воопшто не се користи системот на електронска негативна аукција од причина што тој еден понудувач кој што однапред знае дека ќе го добие тендерот понудува цена која што е еднаква на проценетата вредност од страна на соодветната институција, а некогаш понудува и цени над проценетата вредност, имајќи в предвид дека нема конкуренција, нема со кого да се натпреварува. И се случуваат селективни јавни набавки, јавни набавки кои што се со еден учесник и јавни набавки кои што ја суспендираат конкуренцијата, а ја стимулираат корупцијата.

„После тоа се слушаат приказни по градот, кои што мислам дека за многу брзо време по промената на власта ќе бидат дел од нив и докажани во судските институции за тоа колку проценти и од кој тендер кај кого одат. Најчесто шеф на целата операција се врвовите на политичките партии во власта кои што управуваат со овој систем на јавни набавки и што е јавна тајна во Македонија. Па, еве сакам да прашам од тука денес дали е вистина или не е дека генералниот секретар на СДСМ е тој кој што ги договара овие јавни набавки за најкрупните, особено за оние кои што се во најголемите институции во државава“, запраша Николоски.

Тој посочи дека соодветно на тоа оваа второстепена комисија скоро и да не прави ништо за да го спречи овој начин на коруптивно однесување.

„Напротив за конкретниот господин кој што е предлог постојат исто така кредибилни сознанија и сакам да прашам дали е вистина или не дека одредени компании добро го наградуваат за одредени жалби да ги прифати или да не ги прифати. И дека тоа му било пракса во изминативе години на работа и дали планира да ја продолжи таа пракса. И да го информирам сигурно ќе го гледа ова дека за тоа се носи кривична одговорност и дека за многу брзо време ќе му ја испитаме работата, а верувајте дека постојат бројни сведоци кои што тоа ќе го посведочат пред соодветните органи. И ова е причината зашто ќе гласаме против“, нагласи пратеникот.

Која е новата зграда во Прилеп каде што се бара стан повеќе?

На само 1.5 км од центарот на Прилеп, компанијата “Специјал градба” започна со реализација на нивната најнова мисија, а тоа е изградба на најсовремениот досега станбен комплекс во градот под Марковите Кули.

Објектот кој веќе е во напредна градба, се наоѓа на улица “Круме Беќар”, во населбата “Рид”, на широк простор, и според она што може да се види од плановите за изградба, ќе биде нешто за што прилепчани досега само можеа да сонуваат.

Станбениот комплеск – или HILL RESIDENCE располага со 9 типови на станови, чија површина се движи од 50 до 70м2, и истите ќе бидат изградени со целосна енергетска ефикасност.

Идните домови ќе бидат опремени со германски врати и дограма со двојни термопан стакла. Во зима топло, лете ладно, затоа што зградата ќе има изолација од 12цм, а впечатливо е и тоа што секој стан ќе има обезбедено високо ефикасно ладење, греење и најважното – бесплатно гаражно паркинг место.

Со три зборови: УДОБНОСТ, КВАЛИТЕТ И ФУНКЦИОНАЛНОСТ! Сето тоа и многу повеќе ќе добиете, ако HILL RESIDENCE биде вашиот избор за нов дом.

И секако побрзајте! Затоа што HILL RESIDENCE веќе ги доби своите први сопственици на станови, кои едвај чекаат изградбата да заврши и да се вселат во својот дом од соништата. Контактирајте на следниот телефонски број: 073 333 300 и закажете средба.

Плановите од становите и сите останати проекти на “Специјал Градба” можете да ги погледнете ТУКА

А за сите поволности кои ги нуди компанијата, како и соработките кои ги имаат со други компании за уредување на становите, погледнете повеќе ТУКА

ЗА КОМПАНИЈАТА ИНВЕСТИТОР НА HILL RESIDENCE:

“Специјал Градба” e компанија основана во 2011 година, која за време на досегашното постоење, се најде на листата на 200 најуспешни компании, направена од Европската бизнис асоцијација во Македонија.

Компанијата е позната по тоа што во објектите кои ги градат користат градежни материјали со одлични термички, акустични и хидроизолациски својства, и сето тоа исклучиво од лиценцирани произведувачи. Мисија на компанијата е изградба на високо енергетско-ефикасни објекти, се со цел задоволни клиенти преку заштеда на енергија, но и намалување на негативните влијанија врз животната средина, што пак ја покажува општествената одговорност на компанијата.