дома блог страница 957

Распоред на богослужби за божиќните празници во четирите црковни храмови во Прилеп

ЦРКВА СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ (ПАРАКЛИС)

ПЕТОК (05.01.2024)
– Преп. Наум Охридски – утринска богослужба и царски часови со почеток во 7:00 часот
САБОТА (06.01.2024)
– Бадник, преп.мчца. Евгенија – Утринска богослужба со Златоустова литургија и вечерна, со почеток во 7:00 часот.
НЕДЕЛА (07.01.2024)
– Рождество Христово – Божик – празнична утринска богослужба со Света Василиева литургија со почеток во 7:00 часот.
ПОНЕДЕЛНИК (08.01.2024)
– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – утринска празнична богослужба со Света Златоустова литургија со почеток од 7:00 часот.
ВТОРНИК (09.01.2024)
– Св. првомаченик и архиѓакон Стефан – празнична утринска богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 7:00 часот.

ЦРКВА СВ. ПЕТКА (ТОЧИЛА)

ПЕТОК (05.01.2024)
– Преп. Наум Охридски – утринска богослужба и царски часови со почеток во 7:00 часот
САБОТА (06.01.2024)
– Бадник, преп.мчца. Евгенија – Утринска богослужба со Златоустова литургија и вечерна, со почеток во 7:00 часот.
НЕДЕЛА (07.01.2024)
– Рождество Христово – Божик – празнична утринска богослужба со Света Василиева литургија со почеток во 7:00 часот.
ПОНЕДЕЛНИК (08.01.2024)
– Собор на Пресвета Богородица – втор ден Божик – утринска празнична богослужба со Света Златоустова литургија со почеток од 7:00 часот.
ВТОРНИК (09.01.2024)
– Св. првомаченик и архиѓакон Стефан – празнична утринска богослужба со Света Златоустова литургија со почеток во 7:00 часот.

ЦРКВА СВ. БЛАГОВЕШТЕНИЕ (СТАРА ЦРКВА)

ЦРКВА СВ. ПРЕОБРАЖЕНИЕ ГОСПОДОВО

СВР Битола: Фативме 60-годишен битолчанец, му пронајдовме 200 петарди на тезгата

На 02.01.2024 година полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Н.Ш.(60) од Битола. Имено, при претрес на тезга во новиот пазар во Битола и во неговиот дом на ул.„Охридска”во Битола пронајдени и одземени се над 200 парчиња петарди.

Лицето е приведено во полициска станица Битола при што по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава по чл.396 од КЗ – информираат од СВР Битола.

По 18-ти пат 400 деца од различни верски заедници и од сите краишта на Македонија, ќе го празнуваат Божик во Прилеп (ВИДЕО)

Во организација на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот, традиционално по 18-ти пат во Прилеп, над 400 деца ќе се дружат на свечен Божиќен ручек и ќе го прослават Христовото раѓање.

Вредностите кои се промовираат со самиот настан се: еднаквоста, љубовта и мирот помеѓу децата. Ништо не е позначајно од среќата на детското лице, па затоа на оваа Божиќна трпеза заедно се дружат деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно го празнуваат еден од најголемите христијански празници – Христовото раѓање.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ.

Настанот традиционално се одржува на прв ден Божиќ, а оваа година дечињата ќе се дружат на трпеза во Хотел “Салида”.

A вие се жалите ви било ладно наутро: Во Финска и Шведска измерени -40 Целзиусови степени

Во Финска и Шведска денеска се забележани најниски температури во текот на оваа зима околу минус 40 Целзиусови степени.

Во селото Никалуокти, населено со домородното население Лапонско население во северна Шведска, температурата утрово се спушти на минус 41,6 степени, јави шведската јавна телевизија СВТ.

„Тоа е најниската температура забележана досега оваа зима, а на север и понатаму ќе биде прилично студено“, изјави метеорологот Нилс Холмквист.
Екстремно студеното време предизвика големи проблеми во железничкиот сообраќај во северна Шведска, соопштија железничките оператори, пренесе АП.
Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт соопшти дека на неколку локации во северна Шведска се забележани температури од минус 30 степени.

Исто така, издаде предупредување за снег и ветер за централна и јужна Шведска, велејќи дека снежните врнежи и силните ветрови можат да предизвикаат проблеми во среда.

Неговото второ предупредување е на сила од полноќ до среда.

Во соседна Финска утрово е забележана рекордно ниска температура оваа зима во северозападниот град Јливијеска од минус 37,8 степени.

На неколку локации во регионот на Арктичката Лапонија забележани се температури пониски од минус 30 степени.

Главниот град на Финска, Хелсинки, исто така е погоден од силен студ, а се очекува оваа недела температурите да се движат меѓу минус 15 и минус 20 степени.

Финскиот метеоролошки институт издаде предупредување за екстремно студено време оваа недела со прогноза за пад на температурите под минус 40 степени.

На прилепчанец му се слошило додека управувал со возило, по што излетал од патот и починал

На 01.01.2024г. во 18:30часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп кај местото викано “Џаферица”, на И.С.(67) од Прилеп додека управувал со патничко моторно возило марка “сузуки” со прилепски регистарски ознаки, му се слошило и возилото излетало од патот.

И.С. починал на лице место, а смртта ја констатирал лекар од итната медицинска помош. Во консултација до јавен обвинител телото на починатиот е предадено на семејството – стои во соопштението од СВР Битола.

За прв пат во Прилеп – Божиќно село! Божиќна музика, варено вино, греена ракија, колачи, фотографирање со Дедо Мраз…

Оваа година за прв пат во Прилеп ќе се одржи Божиќно село. Настанот ќе се одржи на паркингот од “КАМ” маркет во населбата “Точила” на прв и втор ден Божик, а почетокот на настанот е од 16.00h двата денови.

-Ќе уживате во пријатна божиќна атмосфера, божиќна музика, варено вино, греена ракија, топли напитоци, топла храна, bubble tea, божиќни колачи, божиќно катче за фотографирање со Дедо Мраз. Повелете сите заедно на овие убави празнични денови да создадеме спомени кои секогаш ќе ги памeтиме – велат организаторите на настанот.

Од денеска ново поскапување на цигарите во Македонија

Од два до четири денари поскапуваат цигарите и разни други тутунски производи од денеска поради измените на Законот за акцизите донесен во октомри годинава.

Тој предвидува усогласување на акцизната стапка кај цигарите со минималната акцизна стапка во ЕУ, како и изедначување на учеството на вкупната акциза на цигарите во пондерираната просечна малопродажна цена со онаа пропишана во Директивата на ЕУ.

-Овие измени произлегуваат од Директивата од 21 јуни 2011 година за структурата и износот на акциза за тутунски производи, со која се предвидува усогласување на вкупната акциза со утврдениот минимален износ на вкупна акциза во ЕУ кај цигарите. Дополнително, во Предлог Законот се предвидува доуредување на членовите од Законот за акцизите во делот на денатурираниот алкохол. Оваа измена произлегува од Директива од 29 јули 2020 година за усогласување на структурите на акцизите за алкохол и алкохолни пијалоци – пишува во образложението на законот.

Со предложените измени, мерните уреди за мерење на количина се различни од мерните уреди за мерење на волумен, се врши дополнување на одредбите за постапката на денатурирање на етил алкохол. Исто така се олеснува постапката за издавање на одобрение за повластен корисник на наведените субјекти имајки предвид дека овој услов се применува за издавање на одобрение за повластен корисник на деловни субјекти кои акцизните добра ги користат при производство. Исто така се уредува воведување растителен билен производ за пушење по пат на загревање, независно дали содржи или не содржи никотин, кој ќе подлежи на акциза, со цел ограничување на здравствените ризици поврзани со употребата на истиот, односно дефинирање на растителниот (билен) производ за пушење.

Се дефинира новиот акцизен календар, се дефинира износот на акцизата на цигарите и другите тутунски производи, како и течноста за електронска цигара. Потоа се врши усогласување со Законот за прекршоци во делот за водење на прекршочна постапка и ревидирање на прекршоците согласно тежината на прекршокот.

Предлагачите на овие законски измени, предвиделе дека со спроведувањето на измените на Законот за акцизите ќе има позитивни прилив во Буџетот на Македонија во износ од 797 милиони денари во 2024 година, 883 милиони денари во 2025 година и 782 милиони денари во 2026 година.

Од полноќ поевтинуваат горивата

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а цената на дизел горивата се намалува за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,19 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 73,5, а Екстра лесното масло за горење ЕЛ-1) за 73 денари за литар. Со одлуката на РКЕ за 0,839 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,236 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,085 отсто, кај дизелот за 2,120, кај екстра лесното масло 2,043 и кај мазутот за 1,589 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,869 отсто.

Независниот синдикат на државната администрација: Функционерите ќе добијат 400 евра покачување на платата

Во соопштение преку социјалните мрежи Независниот синдикат на државната администрација соопштува дека со новата методологија на потрошувачката синдикална кошница платата на функционерите ќе им се зголеми за дополнителни 400 евра или 25.000 илјади денари.

-Се ќе беше добро доколку ја вратија вербата на народот со зголемување на стандардот, почитување на правото, 0% корупција, добри политики…Доколку било која политичка опција имаше волја можеше да ги изменат и оние ,,77″ закони кои се спомнуваат но најлесно ќе беше да се зголемат платите на сите вработени во јавниот сектор за 78% а со тоа мора да се зголемат и во приватниот сектор се вели во соопштението на независниот синдикат.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02VT7orJ9k8c5TDwdayE7VBPL5ovHejBkDR8yWpHzhqp7PkB2W9QaerY4Ygu6hSCAfl&id=100067729673336&mibextid=2JQ9oc

Страшно! Малолетник повреден од петарда што му пукнала во уста

Малолетник во Тетово се здобил со повреда откако петарда му пукнала во устата за време на новогодишната ноќ, стои во полицискиот билтен на СВР Тетово. Засега не е јасно како дошло до инцидентот.

Во ургентниот центар во Тетово се пријавиле седум граѓани, од кои тројца биле во алкохолизирана состојба, а четворица малолетници се повредени од петарди.

Во СВР Тетово не е пријавена никаква несреќа и случај на нарушување и јавниот ред и мир. Од тетовската полиција соопштуваат дека пред две вечери во овој сектор било мирно и без инциденти.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба во износ од 200 до 500 евра во денарска противвредност за оној кој неовластено пука од огнено оружје, употребува пиротехнички средства или сличен експлозивен или лесно запалив материјал, или на сличен начин го нарушува мирот и безбедноста на граѓаните.

Сите оние кои на јавно место неовластено приредуваат огномети или слично, и не ги преземат потребните заштитни мерки согласно соодветната законска регулатива ќе бидат казнети, се вели во законските прописи.