дома блог страница 958

Дедо Мразовци на мотори возеа низ Свети Николе (ВИДЕО)

Викендов се одржа настанот „Дедо Мраз на мотор“ кој традиционално секоја година го одбележува празничниот период во Свети Николе.

Притоа, десетици моторџии облечени како Дедо Мраз возеа низ улиците во градот.

-Најважни ни беа насмевките, а истите ги добивме од огромниот број на деца кои не пречекаа“, велат од Мото клуб „Свети Николе“, кои се организатори на ова празнино случување.

Денеска е Свети Игнатиј: Што ќе правите денес, ќе правите цела година!

На 2 јануари се празнува Свети Игнатиј, ден за кој се верува дека е одлучувачки за тоа што ќе ви се случува во текот на целата година. Постои верување дека она што ќе го правите тој ден, ќе го правите и цела година.

„Вистинските” бадникови и божиќни обичаи почнуваат на тој ден, на втори јануари со празникот Св. Игнатиј. На овој ден во некои краеви во Македонија се месат коледарски колачиња, а некаде се изведува и обичајот полазеник. За полазеник го сметале првиот гостин што доаѓал и го пречекорувал прагот на куќата. Каков ќе биде полазеникот – таква ќе биде и претстојната година за семејството.

Игнатиј е детето што Исус го носел во својата прегратка. Според народното верување од овој ден започнува да расте денот.

За тој ден се верува дека ќе ви биде онаков како и целата година, до толку што постарите ги заклучувале вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне.

Лошите баби порано оделе од куќа на куќа на втори јануари да позајмат пари макар и за млеко, само за да на добрите луѓе им тргне лошо годината. Но, ваше право е на тој ден да го вратите секој оној кој ќе ви побара пари и да му речете дека денеска е Св.Игњат и од мојата куќа не излегува ништо, дојди утре.

Голем број млади луѓе во Крушево заеднички наздравија за Новата 2024 година, и се забавуваа со прилепското диџеј дуо Cyrillic (ФОТО/ВИДЕО)

Со настапот на прилепското диџеј дуо Cyrillic, крушевчани синоќа се забавуваа и наздравија за Новата 2024 година.

-На почетокот од новата година покажавме дека сакаме, можеме и успеавме, Градскиот парк во Крушево да го направиме место на кое повеќе љубители на музиката. Докажавме дека нашето Крушево заслужено се е на мапата на светска туристичка дестинација. Испишуваме нова страница за Крушево, стануваме препознатлива дестинација на Балканот преку која го афирмираме целокупното наше општинско богатство, културно – историското наследство, вредности и туристичкиот потенцијал – напиша на ФБ градоначалникот на Крушево, Томе Христоски.

Веќе станува традиција! Прилепските планинари АВАНТУРИСТИ првиот ден од Новата година го започнаа со искачување на Козјак (ФОТО)

По четврти пат прилепските планинари АВАНТУРИСТИ, првиот ден од Новата година го започнаа со искачување на највисокиот планински врв околу Прилеп – Козјак.

Козјак е висок 1747м, а она што беше забележително оваа година, е се поголемиот број на вљубеници во природата и планината кои се решаваат на овој подвиг на првиот ден од Новата година.

Планинарите им ја честитаа Новата 2024 година на сите прилепчани и им посакаа здравје, среќа, љубов и успеси.

Прилепчанка ќе биде главен и одговорен уредник во eдна од најгледаните национални телевизии

Промените се неизбежен дел од животот, а токму тоа го потврдува и колешката Мирјана Трпечска, која наскоро стартува на нова раководна позција, и која ја менува својата деловна средина.

Мирјана преку Фејсбук се пофали дека во новата година ќе има висока раководна позиција во нашта веќе истакната телевизиска куќа.

– Стартот на Новата Година за мене на професионален план донесе ново поместување. Предизвик со кој сум спремна да се соочам по 27 години активна новинарска служба, од репортер од земјава и странство, преку уредник во МТВ , Канал 5 тв, гл.и одг. во Nova webtv, a сега како главен и одговорен уредник на Тв 24. Колегите пред мене на оваа позиција и новинарите, снимателите и сиот технички персонал, ја растеле Тв24 јас продолжувам понатаму. Само јас сум во предност годинава е престапна па ќе имам ден повеќе како можност + да успеам во новата мисија. Среќна Нова на сите, предизвиците се тука да се прифаќаат, за арно и за убаво – напиша Трпческа.

Сега две национални телевизии имаат уредници од Прилеп. За потсетување главен и одговорен уредник на “Канал 5” телевизија е Гоце Михајлоски, а токму Трпческа беше водител таму во емисијата “Само вистина”.

(ФОТО) Прилепчанче во Новогодишната ноќ се роди и во Битола

Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски ја посети приватната болница „Плодност“, каде првото женско новороденче во 2024 година се роди во 00.10 часот и се вика Антониа. Тој ги посети мајките и нивните новороденчиња при што им подели и соодветни подароци.

„Чест и задоволство е да се биде во болницата „Плодност“, ја имаме Антониа, женско првородено бебе и уште едно, Матео, така што годинава, како што беше и во Клиничката болница, ќе биде плодна, женска. Посакувам успех, здравје, пред се на родителите и на корисниците на услугите на оваа институција, на персоналот успеси во иднина и во иднина да се среќаваме само за убави работи“, посочи градоначалникот Тони Коњановски при посетата на болницата „Плодност“.

„Првото бебе е женско, породено во 00.10 часот на мајка од Битола, а второто новороденче е машко, макјата е од Прилеп. Во тек се уште две спонтани породувања, кои што ќе се завршат за многу брзо време. Со оглед дека имаме и три новороденчиња од вчерашниот ден, вкупната бројка денес ни е 7 бебиња. Со оглед на тоа што денес се 4 новороденчиња, а минатата беа 833, очекувам четири цифрена бројка на новородени во оваа година“, рече директорот и сопственик на Болница „Плодност“, д-р Таше Трпчевски.

(ФОТО) Градоначалникот Јовчески ги посети мајката и првото бебе, кое во Прилеп се роди 1 час по полноќ

Некаде еден час по полноќ на одделението за гинекологоја и акушерство при ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески”, се роди првото бебе во Новата година

Утринава ги посетив мајката и бебето и во името на Општина Прилеп им подарив штедна книшка со 12.000 денари, како и други подароци за бебето. На родителите им ја честитав нивната втора радост со желби за прекрасно детство и многу здравје, среќа и успех! На вработените во ЈЗУ Општа Болница ,,Борка Талески” им ја честитав Новата година, им посакав да им биде многу бериќетна и да ја поминат во добро здравје, со многу успеси и просперитет на сите полиња – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

16-годишник во Прилеп фатен со дрога на Новогодишната ноќ, друг прилепчанец бил физички нападнат

Релативно мирна Новогодишна ноќ со неколку интервенции – информираат од СВР Битола

-На 31.12.2023 во 23.00 часот, во СВР Битола В.Т. од Битола пријавил дека на ул.„Свети Нектариј Битолски” бил физички нападнат од Т.С. и Н.В. двајцата од Битола.

-На 31.12.2023 во 23.50 часот полициски службеници од ОВР Прилеп на ул„ Кузман Јосифоски“ го лишиле од слобода 16 годишен малолетник од Прилеп. При извршен преглед кај лицето е пронајдена прашкаста материја. По документирање на настанот против истиот ќе биде поднесена соодветна пријава.

-На 31.12.2023 од страна на полициски службеници од ОВР Ресен во с.Крушје, ресенско ја лишиле од слобода Х.Б.(46) од с.Горна Бањица, гостиварско. Истата се барала по распишана централна потерница од Основен суд Гостивар за издржување на казна затвор во траење од 6 месеци при што е спроведена до Казнено поправна установа затвор „ Идризово “ .

-На 31.12.2023 во 20.40 часот во ОВР Прилеп С.Р. од Прилеп пријавил дека на ул„ 11-ти Октомври“ бил физички нападнат од страна на едно лице.

Прекрасен дочек на Новата година во Битола (Фото)

Во прекрасна атмосфера на Платото пред Офицерскиот дом, синоќа Битола ја дочека Новата година.

За крај на „Зимската приказна“ и успешен почеток на Новата година, програмата беше исполнета со „Eruption Band“, „Elicsir band“, Групата „Чоканче“ и Битолскиот дувачки оркестар надополнет со Стендап комедија на Марјан Ѓорѓиевски.

Точно на полноќ, впечатливи светлосни ефекти го означија почетокот на 2024 година, а градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски на сите граѓани им посака многу здравје, среќна и успешна година.

Традиционално, планинарите од групата „Олимпус Монс“, синоќа го започнаа искачувањето на Пелистер, како дел од првиот настан за оваа година, насловен „Први на први“.

АНТОНИА е првата ѕвездичка во Новата година во “Плодност” Битола – На свет дојде веднаш по полноќ

Антониа е првото родено бебе во битолската болница “Плодност”.

Бебето на свет дојде точно во 00:10часот и е тешко 3220грама.

Да е здраво и живо!