дома блог страница 956

Ни доаѓа студен бран и врнежи од снег – Температурите ќе паднат под нулата

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, претпладне долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец.

Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен северен ветер.

Во петок времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег.

Во сабота времето ќе биде променливо облачно и студено со слаби локални врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер.

Во недела времето ќе биде претпладне променливо облачно со провејување на слаб снег, а попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува засилен, долж Повардарието повремено силен северен ветер.

Од УХМР најавуваат и снег

Денес ќе настапи преодно стабилизирање на времето. Во петок ќе дува засилен јужен ветер, а попладне под влијание на нов влажен и студен бран ќе има врнежи од дожд, пообилни во ноќните часови кога на планините ќе преминат во снег. За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен северен ветер. Ќе има и локални слаби врнежи претежно на повисоките места и на планините каде ќе бидат од снег.

Битолската вршеше претреси за нелегално поседување оружје: Приведен и 76-годишен битолчанец

Денеска (15.11.2023) полициски службеници од СВР Битола, со судски наредби, извршија претреси на повеќе локации во Ресен и Битола, поради сомнение за сторени кривични дела по член 396 од Кривичниот законик.

При претрес во домот на К.Р.(41) во с.Штрбово, ресенско, биле пронајдени три пушки, три пиштоли различен калибар и поголемо количество на муниција, исто така, различен калибар. Тој бил лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Во импровизирана работилница во Битола, сопственост на Б.Г.(76) од Битола, биле пронајдени шест пушки (две ловечки, три воздушни и една импровизирана) и поголема количина на различни делови за оружје. Б.Г. е повикан на службен разговор во полициска станица.

По целосно расчистување и документирање на настаните против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Потег за почит! Ученици, родители и фирми, собраа вредна донација за социјално загрозено семејство од Прилеп (ФОТО)

Често велите “Би дал, но само на оној кој заслужува”. Добро е да се даде на оној кој моли, но подобро е да се даде незамолен…или како викаат…Таа рака што дава не се суши… – напиша директорот на ООУ “Климент Охридски” Прилеп, Ахил Јаков на својот ФБ профил, кој денеска предаде вредна донација на социјално загрозено семејство на ученик од ова училиште.

-Како и секоја година ООУ “Климент Охридски” Прилеп докажа дека се грижи за своите ученици од ранливите категории. На акцијата “донирај биди хуман” нашето училиште собра 150.000ден и му помогна на социјално ранливо семејство кое имаат потреба од тоа, напиша Јаков, кој упати и благодарност до сите хумани родители, ученици и повеќе компании од градот кои со свој прилог ја помогнале оваа донација.

И во петтата деценија од животот изгледа прекрасно и заводливо: Елена Велевска измами стотици воздишки со најновите фотографии

Фолк-поп дивата Елена Велевска објави фотографии на кои таа заводливо позира на спална.

Иако е веќе во петтата деценија од животот, Велевска зрачи со позитивна енергија и убавина.

На фотографиите за кратко време коментираа голем број фанови, кои ја пофалија пејачката за прекрасниот изглед.

Југословенска пресуда од 1951год: “Крив е и ќе лежи затвор затоа што е невработен, безделничи и вози мотор” – Дали треба да се применува и денеска?

Професорот на Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајкоски, објави судска пресуда од 21.01.1951година, според која жител на Белград бил осуден затоа што не бил вработен и животот го поминувал во талкање, а покрај тоа возел и мотор.

– Крив е затоа што долго време никаде не работи, а нема ни да се вработи, туку животот го поминува во безделничење и талкање, често го гледаат во разни непожелни друштва, а покрај тоа има мотор кој немилосрдно користи и троши бензин, па затоа се казнува со затвор во траење од 90 (деведесет) дена – стои во пресудата.

https://www.facebook.com/photo/?fbid=1605563863305459&set=a.162790690916124

ОРИГИНАЛНО! Како Кинезите ги решаваат непрописно паркираните возила (ВИДЕО)

И додека во Европа употребата на пајаци за подигање на непрописно паркирани возила се уште е вообичаена, во Кина користат многу поедноставно решение. Наместо несмасни камиони кои тешко се движат низ тесните градски улици и уште потешко маневрираат со самиот товар, во Кина се користат роботи.

Станува збор за роботска платформа која ја прилагодува својата форма на возилото. Откако ќе влезе под него, го зема во положбата на тркалото и потоа го вози на нова локација. Платформата ја контролира операторот преку далечински управувач.

Возилото потоа се вози на првото легално паркинг место и се остава таму со парична казна за сопственикот на возилото.

Босанец го прослави третиот роденден на дупката на неговата улица – “Дупко среќен ти роденден, со ваква Влада сигурно ќе растеш секоја година”

Човек од Сараево реши иронично да ѝ го прослави третиот роденден на дупка на патот во неговиот град

„Дупко, среќен роденден!“, објави Ахмед Косовац, претставникот на Нашата партија во Советот на општина Ново Сараево.

„Го прославивме третиот роденден на дупката кај ТЦ Грбавица. Граѓаните се обратија поединечно до општината и до градоначалникот, се обидоа и преку Советот на месната заедница, но сега, дупката е таму веќе три години. Можно е градоначалникот и службите да одлучиле да ги научат граѓаните како безбедно да поминат на спротивната лента со автомобили и да не го оштетат автомобилот, а возачите на скутери и мотори како да не паѓаат. Со оглед на тоа што санирањето на дупката не е во план, на крајот на септември побарав од општина Ново Сараево да го прослави роденденот на дупката. Дупко, среќен ти роденден! Со ваква влада, сигурни сме дека секоја година ќе растеш и ќе славиш уште многу родендени“, напиша тој.

Јанакиески ќе добие 3.900 евра отштета од државата, за четири и пол години притвор

Судот во Стразбур и наложи на државата да му плати 3.900 евра на Миле Јанакиески за држењето во домашен и затворски притвор. Вака одлука донесе Судот за човекови права за што свое излагање имаа адвокатите Еленко Миланов и Влатко Илиевски кој е негов застапник во Стразбур.

-Оваа одлука на Стразбур треба да се искористи како една поука бидејќи ниту е прва а веруваме дека нема да биде ни последна каде што се утврдува повредување на правото на слобода.Очекуваме наскоро да има одлука за притворите за предметот „Титаник“.Се поставува прашањето за одговорност за сите учесници за носењето на одлуките за притвор.Не само да се санкционираат истите да се превенираат истите.Денешното соопштение на Кривичниот суд не е во таа насока.Тие извадиле мал дел од пресудата што оди во нивна корист-објасни Илиевски.

Според Миланов, барањето за засметување на притворот со правосилната пресуда за Миле Јанакиески е оправдана.

-Таква исклучивост постои само за есктрадициски притвор. Тој исклучок на кој се повикуваше првостепениот суд кога не го прифати ваквото барање е неиздржано-објасни Миланов.

Голем настан во Прилеп: Словенечката амбасада организира саем за вработување – ќе присуствуваат повеќе словенечки работодавачи

Сакаме странските работници кои одлучуваат да работат во Словенија да бидат добро информирани за нивните права и должности, вели амбасадорот на Словенија во Македонија, Грегор Прескер, во пресрет на настанот „Живот и работа во Словенија“ што ќе се одржи од 27-29 ноември во три града во земјава.

Настанот „Живот и работа во Словенија“ ќе се одржува од 10 до 17 часот во Скопје (27.11.2023), Прилеп (28.11.2023) и во Битола (29.11.2023). На овие настани ќе се претстават истакнати словенечки работодавачи од различни индустрии, пред сè, во областа на здравството, грижата за стари лица, транспортната и преработувачката индустрија.

Интервју со: НЕ амбасадорот на Р. Словенија во Македонија, г. Грегор Прескер

1. Какви се односите меѓу Словенија и Македонија? Каква е политичката, стопанската и развојната соработка меѓу двете земји?

Односите меѓу двете земји се одлични уште од признавањето на независноста на Северна Македонија во 1992 година и отворањето на Амбасадата во Скопје, која беше дури и првата странска амбасада во земјата. Во текот на три децении, Словенија и Северна Македонија изградија примерни политички односи, бројни партнерства од областа на стопанството, културата, образованието, одбраната, внатрешните работи (полицијата) како и други области.

Словенија е долгогодишен поддржувач на Македонија на нејзиниот евроатлантски пат и по полноправното членство на Северна Македонија во НАТО, се фокусира на пренесување на словенечкото искуство во преговарачкиот процес за влез во ЕУ. Активно сме ангажирани и за добивање поддршка од другите земји-членки на ЕУ во овој процес.

Словенија и Северна Македонија се важни стопански партнери. Во 2022 година, трговијата со стоки е зголемена за 14%. Позитивното економско опкружување и правичната законска рамка се клучни елементи за натамошно зајакнување на нашата билатерална стопанска соработка со акцент на инвестициите.

Македонија е еден од главните приоритети на Словенија во областа на развојната соработка. Од 2010 година до денес има добиено приближно 37,7 милиони евра од словенечкиот фонд за развојна соработка.

Словенија издвојува најголем дел од развојната помош за младите од Северна Македонија, кои се ослободени од школарина за додипломски и постдипломски студии на словенечките универзитети. Тие го привлекуваат вниманието кон себе со своите професионални и научни достигнувања и со богатите културни активности на нивните здруженија. За успехот на македонските студенти во Словенија говори и тоа што еден од нив моментално е министер во владата на Република Словенија.

2. Како членството во ЕУ влијаеше на Словенија и нејзините жители?

Од нејзиното членство во Европската унија во 2004 година, Словенија постигна значителен економски и социјален напредок. Словенија стана членка на единствениот пазар на ЕУ, кој е најголемата економска област во светот. Словенечките компании можеа да започнат слободно да тргуваат со стоки и услуги во другите земји на ЕУ. Ова го стимулираше економскиот раст и отвори нови работни места. Дополнително, ЕУ обезбеди финансиска помош за Словенија за развој и поддршка на економијата. Резултатите од овие промени беа видливи со економскиот раст на Словенија. БДП по глава на жител порасна за повеќе од 50% од 2004 до 2022 година. Словенија стана една од најстабилните економии во регионот.

Членството во ЕУ и донесе многу социјални предности на Словенија. ЕУ им го гарантира правото на слободно движење на граѓаните на ЕУ. Словенците можеа да започнат слободно да патуваат, да живеат и работат во други земји на ЕУ. Ова ги зголеми можностите за граѓаните и придонесе за поголема мобилност на работната сила. ЕУ, исто така, обезбедува високи стандарди за заштита на човековите права и демократијата. По пристапувањето во ЕУ, Словенија мораше да го прилагоди своето законодавство на заедничките правни стандарди на ЕУ, што придонесе за подобрување на човековите права и демократијата во Словенија. Поради овие причини, Словенија силно ја поддржува Северна Македонија во нејзиниот реформски процес и усогласување на законодавството со европското право.

3. Зошто се решивте за соработка на настанот „Работа и живот во Словенија“?

Сакаме странските работници кои одлучуваат да работат во Словенија да бидат добро информирани за нивните права и должности. Во соработка со Агенцијата за вработување на Република Словенија, можеме да обезбедиме на настанот да бидат претставени доверливи работодавци кои го почитуваат законот и обезбедуваат добри услови за работа. На тој начин, барателите на работа ќе добијат веродостојни информации за условите за работа и живот во Словенија, како и релевантна правна заштита со релевантни информации.

ФК Големо Коњари ита кон нов историски успех (ФОТО)

Веќе три години ФК Големо Коњари бележи голем напредок, како во однос на организација, така и во однос на резултатите на терен.

Овие резултатите пред се се должат на посветеноста и работата на претседателот Тони Даноски, тренерите Горан Касниоски и Дејан Сркески и уште седумте членови на управата.

Клубот е во вистински раце и на добар пат, бидејќи го водат искусни луѓе и поранешни фудбалери на ФК Братство или денешно ФК Големо Коњари.

Kлубот кој настапува во третата фудбалска лига финансиски се обезбедува од месното население и наши исселеници од дијаспората.

Цел на управата е испишување на нова историја, односно прво место и бараж за влез во Втора лига по втор пат од постоењето на клубот.

Сепак, Втората лига бара големи финансиски средства, па од клубот упатуваат апел до бизнис секторот да ги поддржи во остварување на целта.

Моментално клубот се наоѓа на првото место на табелата во Третата лига-Југ, а до крајот на есенската полусезона остануваат уште две кола.

На задоволство на фудбалерите и фановите, теренот и клубските простории се во добра состојба, но фали обнова на оградата на стадионот.

Следете ја Фејсбук фан страната на клубот и информирајте се за сите новитети, потреби и секако за постигнатите резултати.