Момироски: Сложни попови и во посно мрсат? Декио и Цакио “братски” се договориле да не се напаѓаат?

Новинарот Зоран Момироски го продолжи серијалот колумни: “Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем”, кој отсега ќе оди на неговата ФЕЈСБУК СТРАНА (Зоран Момироски).

Mомироски одново пишува за сите неделни случувања во градот и разни пикантерии, а особено интересен е делот каде новинарот пишува за наводна договорна коалиција на општинско ниво помеѓу двете најголеми партии, или во случајов на двајцата претседатели на ОК ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски и ОО СДСМ Прилеп, Зоран Пачешкоски.

-Првите работни денови по формирањето на техничката влада, меѓу тутунарите во прилепско дојде и Цветан Трипуноски заменик дополнителен министер за земјоделие. Цветан го слушна тоа што го знае и им кажа дека нема овластување ама меѓу редови му кажа: Ако гласате и ме изгласате до година нема да имате проблеми. И толку, човекот си замина за Скопје!

Факт е дека откупот на тутунот и цените не се тема за гласност на ОК на ВМРО – ДПМНЕ ама, не се тема на гласност и за (не) работењето на Локалните власти власти ни за ОО на СДСМ. Порано во предизборен период ,,фрчеа,,соопштенија, изјави, фрчеа аргументи и противаргументи . Сега молк и кај едните и кај другите.Молчат оти ,,наводно,,така ,,братски,, да не се напаѓале си се договориле Цакио од СДСМ и Декио од ВМРО-ДПМНЕ. Сомневањата кои со месеци висат над прилепската јавност дека оваа ,,тајна колација ,,си функционира безпрекорно и си опстојува во сите сегменти на живеењето очигледно стануваат се појасни. Единствено и во едниот и во другиот табор само се подгрева членството и се инсистира на единство со цел да се извојува победа. Дали и во овој случај важи народната: “СЛОЖНИ ПОПОВИ И ВО ПОСНО СИ МРСАТ”, е прашање за еден долар – пишува еден од најискусните прилепски новинари во овој дел од колумната.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.