дома блог страница 949

Kaj нас 600 евра, а во Хрватска просечната плата се искачи на 1.156 евра

Просечната месечна нето-плата во Хрватска во септември изнесува 1.156 евра, што е номинално повисока за 14,2 отсто, а реално за седум отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Просечната месечна нето-плата во Хрватска во септември изнесува 1.156 евра, што е номинално повисока за 14,2 отсто, а реално за седум отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Во однос на август годинава, просечната плата во септември е номинално пониска за 0,6 отсто, а реално за 1,1 отсто.

Највисока просечна месечна исплатена нето-плата во септември е исплатена во авионскиот превоз, во износ од 1.857 евра, а најниска во производството на облека, во износ од 754 евра.

Според извештајот на CBS, просечната нето плата во истиот месец изнесувала 998 евра.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Аргентина: Доларот како решение или како дополнителен проблем?

За периодот од јануари до септември просечната плата изнесува 1.133 евра, што е номинално повисока за 12,5 отсто, а реално за 3,2 отсто, споредено со истиот период од 2022 година.

Македонија ќе добие „Бесконечна“ планинарска трансверзала !

Накратко :

Во организација на повеќе ентузијасти и планинарски здруженија се формира Македонска „Бесконечна“ Трансверзала (со скратено, уметничко име „Sammiana“ ) – планинарска патека долга дури 2070 км и која ги опфаќа најголем дел од планините и природните убавини во Македонија !

Се работи за огромен и импозантен проект, не само поради импресивната должина , туку и поради тоа што поголемиот дел од трансверзалата, односно околу 1500км се нови патеки. Дополнително , со трасата се промовираат и предели кои се помалку познати за планинарската заедница и на некој начин се неправедно запоставени и покрај својата убавина.

Со овој проект Македонија ќе ја добие најдолгата планинарска трансверзала на балканот и ќе се најде на мапата на долги европски и светски трансверзали , а со тоа ќе стане и примамлива дестинација за сите планинари од целиот свет кои се љубители на трансверзалното планинарење.

Покрај трасирањето на самата трансверзала, во исто време за првпат ќе добиеме долгометражна патека за која ќе постојат прецизни и детални мапи и ГПС записи, добро документирани и со сите потребни информации за домашните и странски уживатели на трансверзалата.

Повеќе за трансверзалата:

Македонска Бесконечна Трансферзала ( кодно/уметничко име Sammiana ) е мега кружна трансверзала – непрекината планинарска патека која поминува низ поголемиот дел на територијата на Македонија, поминувајќи директно или во непосредна близина на огромен број природни убавини, историски локалитети и други знаменитости.

Која е целта на „Македонска Бесконечна Трансверзала ?

И додека во светот постојат многу т.н. долгометражни ( Long distance – Thru Hiking ) патеки, во Македонија и покрај одличните услови за жал нема патека која може да се вброи во оваа категорија. Позната е само Западната Македонска трансверзала со должина од околу 170км и неколку помали кои се помалку познати. За жал, дури и за овие помали трансверзали не постои прецизна мапа/ГПС запис со точни информации за извори на вода , погодни места за кампување, информации за околината и слично, така да се непримамливи за планинари кои веќе добро не ги познаваат овие патеки и околината.

Затоа целта на овој мега проект е Македонија да добие долгометражна патека која ќе биде убава за движење, јасна и маркирана на терен, а дополнително прецизно и комплетно дигитално мапирана на ниво на сите поголеми светски трансверзали.  Со тоа, во иднина оваа трансверзала ќе биде магнет за илјадници домашни и странски планинари и ќе биде гордост за македонското планинарство и бенефит за македонскиот туризам и економија.

Со својата должина од над 2000км како и со својата убавина и разновидност на трасата , Македонската Бесконечна Трансверзала ќе може да парира на сите трансверзали од овој тип во Европа и во светот.

Од каде „бесконечна“?

„Бесконечна“ има вистинско значење.  Трансверзалата има една централна точка од каде што може да одберете да тргнете во четири насоки , а потоа по отприлика 40-50 дена повторно да се најдете на истата централна точка и да продолжите во друга насока или да продолжите по веќе поминат дел но во спротивна насока.  По два месеца веќе е сменето годишното време и може повторно да продолжите по веќе поминат дел од патеката за да добиете сосема ново искуство и доживување бидејќи истиот тој дел веќе има сосема друг лик. Имајќи во обзир дека може да одберете и веќе поминат дел но во спротивна насока, испаѓа дека може да пешачите со месеци, т.е. бесконечно и цело време да не се осетите дека одите по истата патека.Кога ќе го додадеме и фактот дека  патеката на мапа  личи на математичкиот симбол за бесконечност ( infinity, endless ) , тогаш јасно е дека патеката со право можеме да ја викаме „бесконечна“.

Основни податоци

Должина: 2070 километри ( проценка за финалната должина )

Најниска точка: 103 мнв

Највисока точка:: 2520мнв

Највисока точка на дополнителна странична патека: 2764мнв

Потребно време за поминување на целата трансверзала: 70-100 дена

Траса и предности:

Трансверзалата се трасира така да пружи вистинско задоволство за љубителите на ваков тип спорт и рекреација. За што поголемо уживање на љубителите на планинарењето, трасата се стреми кон дивината, т.е. подалеку од цивилизација. Поминува преку или во подножјето на сите попознати и голем број помалку познати планински врвови, со што се има можност за кратко време преку дополнителните странични патеки да се искачат било кој од нив што дава дополнителен предизвик на самата патека.

Целата трансверзала е поделена на секции така што секоја секција сама по себе е една трансверзала, а неколку секции прават едно крило. Со ваквата поделба со комплетирањето на целата трансверзала воедно ќе се добијат 15 други трансверзали, различни по должина, денивелација, природна околина и друго, што значи за различни типови планинари, различен терен, за различно време во годината итн.

Со самото креирање на толку многу трансверзали македонската понуда на планинарски патеки драстично се зголемува и се добиваат многу варијанти на патеки со должини од 10-20км па се до 2070км.

Така љубителите на помали трансверзали ќе добијат многу избор , а секој странски турист кој ќе помине една од помалите трансверзали многу лесно потоа ќе дојде повторно да помине некоја друга ( друг дел од МБТ ) бидејќи веќе е запознаен со начинот на функционирање и следење, со државата и слично.

Уште една предност на трасата е тоа што таа е многу разновидна во секој поглед, почнувајќи од надморски висини, тип на терен, тип на опкружување, тип на попатни дополнителни интересни точки итн. Според нашите сознанија на останатите трансверзали во Европа и САД, ниедна друга нема толкав диверзитет како Македонската Бесконечна Трансверзала.

Повеќе информации за новата македонска мега трансверзала може да се најдат на www.sammiana.com

Придобивки од проектот:

Придобивки за македонската планинарска заедница:

Со комплетирање на трансверзалата македонската планинарска заедница ќе добие 2070 км маркирани и комплетно дигитално трасирани и мапирани патеки. Од целата траса, повеќе од 1500 км се нови патеки кои досега не се користат од планинарската заедница.

Целата трансверзала ќе биде вклопена во светски дигитални мапи од различни типови – ќе се најде на мапите на open street map и на многу други платформи наменети за планинарски патеки кои ги користат многубројни апликации и сервиси, а кои пак ги користат и македонските планинари.

Придобивки за државата:

Македонија ќе добие прекрасна долгометражна патека која во иднина ќе биде магнет за илјадници странски планинари и ќе биде бенефит за македонскиот туризам и економија.

Било каков турист е промоција на државата во целина. Колку повеќе време поминуваат туристите во државата толку е поголема промоцијата. Овој проект привлекува „туристи“ кои ќе поминуваат многу подолго време од просечното и кои ќе посетат најмногу места во државата па следствено се најголеми промотери на државата.

Дополнително, проектот носи големи бенефити за локалната економија и е во насока на развивање на руралните средини, па така директен бенефит ќе имаат и локални мали бизниси, како преноќишта, продавници, ресторани, превозници и слично

Статус на проектот:

Источното крило во должина од 1175км е веќе во финална фаза .Трасата е речиси целосно комплетирана и мапирана и на веб страната www.sammiana.com веќе се објавени неколку прецизни и детални дигитални мапи со комплетни ГПС записи за симнување. Во периодот кој следи ќе бидат целосно објавени и комплетирани преостанатите Мапи и ГПС записи со што целата траса на источното крило ќе стане функционална.

Западното крило, иако е во голем дел трасирано, сепак сеуште е во фаза на подетално трасирање и мапирање и се очекува да биде завршено до крајот на 2024-та година. Се вкупната должина на западното крило се очекува да изнесува помеѓу 850 и 900км.

Тренд  во светот:

Модерните времиња прават планинарењето и пешачење на долги стази да е нов тренд во светот кој зема се повеќе замав и потребата од „терен“ за овој вид на спорт и рекреација секоја година се зголемува .

Сепак, трендот изискува и модерно мапирање, т.е. топографските хартиени мапи веќе се заменети со дигитални мапи кои заедно со дигиталната технологија пружаат можност  овој вид на надворешни активности да бидат достапни и привлечни за многу поголем број на луѓе. Предуслов за една долга трансверзала да биде примамлива за широк круг на странски планинари-туристи е да биде во согласност со тие нови модерни текови, што значи да биде дигитално мапирана не само со GPS записи туку и со сите потребни останати информации за точки од интерес па дури и слики од повеќето од нив  – кампинг места, извори на вода, пристапни точки и други информации за се што може да биде од интерес во реоните каде поминува трансверзалата.

Примери за трендот на трансверзално планинарење на добропознати светски трансверзали:

PCT ( Pacific Crest Trail ) – една од најпознатите светски долги трансверзали:

Од 200 пријавени целосни поминувања во 2010  бројката се зголемува на 1200 во 2019.

Од 1879 издадени дозволи за целосно поминување во 2013, бројката се зголемува на 7888 дозволи во 2019-та

Овде секако не се вклучени многупати поголем број на поминувања на одделни секции од трансверзалата ниту пак уште поголем број неколкудневни тури на некој дел од трансверзалата.

Apalachian Trail – една од најстарите планинарски трансверзали

Од 1000 пријавени целосни поминувања во една насока во 2007-ма, бројката се искачува на 4000 во 2019-та

Te Araroa (Нов Зеланд ) – Официјално отворена во 2011

Од 350 целосни поминувања во 2016-та бројката се качува на 1700 во 2019-та

Овие бројки се само репер за трендот на згоелeмување за интересот за ваков тип планинарење во светот, додека бројките на вкупен број луѓе кои ги користат овие трансверзали воопшто е многу поголем. Така на пример за Te Araroa се проценува дека помеѓу 60.000-80.000 планинари годишно користат делови од трансверзалата ( извор – Wikipedia )

Примери за трансверзали од регионот ( Балкан и Турција ):

Повеќето од овие трансверзали сеуште се во некој степен на развој и иако веќе се користат од домашни и странски планинари сепак бројките на посетители годишно од разни причини сеуште се мали.

Сепак, турската Lycian Way која е стартувана како проект во 1999, со должина од 535Km е веќе оформена, маркирана патека која годишно ја користат 30.000 луѓе ( извор https://en.antaliy.com/lycian-way/ )

Таравари: Албанците се најлојални граѓани на Македонија, повеќе ја сакаат од Македонците, кои се покажаа себични!

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 си дозволи да го навреди мнозинскиот македонски народ, споредувајќи ги неговата љубов и лојалност кон државата со тие на албанското малцинство.

Според него, Албанците се најлојални граѓани во Македонија и може да ја стабилизираат, но исто така и да ја дестабилизираат државата.

„Албанците секогаш работеле во интерес на државата, многу пати до сега од 1991 година па наваму ставени се нивните интереси на страна, само државата да оди напред“, изјави Таравари.

„Албанците беа многу поконструктивен фактор и го сакаа доброто на оваа земја многу повеќе од Македонците… Македонците се однесуваа многу себично и целта им беше да останат на власт. Како да урнеме мнозинство и да дојдеме на власт“, ​​праша градоначалникот на Гостивар и прв човек на партијата што е дел од Владата.

Хумана Македонијо, да помогнеме! Малиот Ангел има само една желба – да може повторно да оди!

За третманот се потребни 23.000 долари.

Апел за помош на 12-годишниот Ангел Христовски, кој живее со ретка вродена мускулна дистрофија.

-Добивме надеж откако ни се понуди третман во Кина кој ветува подобрување на мускулатурата и стопирање на напредокот на болеста. За третманот се потребни 23.000 долари и затоа Ве повикуваме сите кои сте во можност да придонесете за да му ги подобриме детството и животот на Ангел и да може повторно да оди, пишува во апелот кој се споделува на социјалните мрежи.

Професорот од Прилеп Гулабоски: Вакцината против сите видови на канцер ќе биде достапна за една до две години

Научникот на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“, Рубин Гулабоски, кој е меѓу топ два проценти на највлијателни научници во светот според Стендфорд листата, во видео интервју за МИА вели дека доколку нема државни, политички и фармацевтски опструкции, вакцината против сите типови на канцер ќе биде достапна на пазарот за една до две години.

-Тоа е резултат на истражувања на „Бионтек“ компанијата којашто беше вклучена во дизајнирањето на „Фајзер бионтек“ вакцината мРНА за која можеме што сакаме да кажуваме, меѓутоа таа го спаси човештвото. Веќе ги имаат објавено првите резултати пред неколку недели, каде што на животни имаат покажано повеќе од 80 проценти ефикасност на сите типови на канцер, вели Гулабоски во интервјуто снимено во прес-центарот на МИА во Штип.

Според Гулабоски, преку науката однапред можат да се предвидат проблемите, што ќе се јават во светот. Сајбер безбедноста, криптовалутите и енергетските проблеми ќе бидат главните проблеми.

Шампионски поход на ракометарите од прилепската гимназија

Општинските натпревари по ракомет во машка конкуренција кои се одиграа на ден 20.11.2023 беа многу возбудливи и интересни за следење. Настап имаа екипите од „СОУ Р.Р.Ричко“, „СОУ Ѓорче Петров“ и Гимназија „Мирче Ацев“.

Во позитивна и коректна спортска атмосфера, гимназијалците од прилепската гимназија шампионски го завршија финалето и покрај тешката битка која се водеше на терен со екипите од другите училишта, кои важеа за фаворити на хартија пред почетокот на турнирот.

Ова е составот на шампионскиот тим:

1.Андреј Христоски;
2. Давид Димоски;
3. Давор Петрески;
4. Михаил Ѓорѓиоски;
5. Лука Калески;
6. Михаел Матески;
7. Доријан Алавантија;
8. Михаил Шопески;
9. Дамјан Илијески;
10. Леонид Богданоски;
11. Матеј Николоски;
12. Бобан Вренцоски;
13. Јован Соколоски;
14. Антонио Крстески;
15. Христијан Црвенкоски;
16. Филип Таневски – капитен

Честитки за средношколците од сите училишта за ферската игра.

Бугарка украла новороденче од болница во Германија

Една новопечена мајка поминала низ вистинска драма откако нејзиното бебе било украдено од болница во Хамбург.

Жената се породила пред пет недели, но поради висока температура, бебето било хоспитализирано.

Околу 19 часот и 45 минути бебето и мајката се прегледани на неонатолошкиот оддел. Во еден момент во одделението влегла Бугарка (18), која облекла докторско палто и се преправала дека е докторка.

На мајката ѝ кажала дека на рецепција ја чека пакет и дека ќе го чува детето додека не се врати. Наместо тоа, таа го зела бебето и побегнала од болницата.

Мајката која била шокирана од тоа што се случило веднаш повикала полиција.

Полицијата почнала да трага по бебето, а била алармирана и итната полиција.

Еден час подоцна, тинејџерката во придружба на нејзиниот брат дошла во болницата и ѝ го вратила детето на мајката.

Локалните медиуми јавуваат дека тинејџерката неодамна имала спонтан абортус.

Веднаш била уапсена и обвинета за киднапирање малолетник, објави ДПА.

Хамас и Израел договорија прекин на огнот, војната ќе продолжи по 5 дена

Израел и Хамас се договорија за прекин на огнот, пишува „Џерусалим пост“.

Како вонредна вест, на својот профил на платформата „Икс“, повикувајќи се на политички извори, весникот објави дека е договорено примирје.

„Примирјето меѓу Израел и Хамас ќе трае пет дена, а четириесет деца и 13 заложници ќе бидат ослободени од заробеништво на Хамас“, изјави неименуван извор за весникот.

Хамас и Израел треба да потпишат договор за ослободување на заложниците, а израелскиот министер за одбрана Јоав Галант нагласи дека Израел чека да се донесат тешки одлуки.

„Тајмс оф Израел“ наведува дека Израел нема да ги ослободи палестинските затвореници осудени за убиство. Медиумите јавуваат и дека, според изворите, по размената на заложниците ќе продолжи воената кампања на Израел во Појасот Газа.

Државна ревизија утврди: МОВЧЕТО во Сточен пазар е небезбедно и претставува ризик, а за истото се потрошени над пола милион евра

Државниот завод за ревизија го објави извештајот за работата на општина Прилеп во изминатите години, додека локалната власт во градот под Марковите Кули ја предводеше СДСМ.

Од целиот извештај , највпечатлив е делот за подрачното училиште и мовчето на Градската река во населбата Сточен пазар.

-За инфраструктурен објект, реконструкција и доградба на мост на градска река на улица „Трајко Николоски“ Прилеп, општината како инвеститор исплатила (554.846 евра) и мостот е пуштен во употреба без обезбедена комплетната изведбена документација, што претставува ризик за безбедноста на корисниците на сообраќајниците кој ги поврзува мостот – велат од Државниот завод за ревизија.

Во делот пак за подрачното училиште, зграда која се изгради за време на мандатот на Марјан Ристески, а наредната локална власт предводена од Илија Јованоски дозволи истата да се руинира и ограбува, од Државна ревизија велат:

-За изградба на подрачно основно училиште „Рампо Левката“ во м.в. Баба Чаир, општината исплатила средства во вкупен износ од (111.398 евра) 6.851 илјада денари. По завршување на градбата, општината не го презела ниту го обезбедила новоизградениот училиштен објект, поради што објектот е уништен, руиниран и демолиран, а учениците од одделенска настава од населбите Сточен пазар и Жабени, се без училишна зграда.

“Цаци” го брка Лавров од Македонија?

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, во дневникот на Македонската телевизија зборуваше за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје.

Министерката вели дека ако во предвид се има однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледа причина Лавров да учествува на овој состанок.

„Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина не гледам зошто тој би доаѓал овде“, рече министерката.

Петровска порача дека изминатиов период Северна Македонија како претседавач на ОБСЕ навистина даде сè, вложи максимум напори да успешно се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија.

„Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки, во случајов и Русија како членка на ОБСЕ треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ“, рече министерката во Дневникот на МТВ.