дома блог страница 950

Фото: Сугарески повторно ќе е државен функционер – Еве каде аплицирал

На огласот за именување членови за Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, се пријавиле 35 лица, а Маркукуле ексклузивно дознава кој се’ се пријавил да членува во оваа престижна државна комисија, која е надлежна за решавање по жалби против решенија донесени во управна постапка во прв степен од страна на министерствата, другите органи на државната управа, организации утврдени со закон и други државни органи.

Едно име остава посебен впечаток, а тоа е екс министерот за транспорт и врски и еден од функционерите на СДСМ со најдолг век на државна функција, Горан Сугарески.

Како што дознаваме, Сугарески е прв поранешен министер кој конкурира за член во оваа комисија.

Комисијата брои 11 членови, а се пријавени 35 лица. Интересно е што меѓу пријавените е и Даниела Бочварска, инаку прва братучетка на актуелниот министер за транспорт и врски Благој Бочварски, како и Кристијан Чушков, кој е актуелен член на Извршен одбор на Градската организација на СДСМ и важи за близок пријател на Петре Шилегов. Чушков беше и директор на ЈСП.

Останува да видиме дали Сугарески ќе добие нова државна функција и повторно ќе замине во Скопје.

Секој ден по 100-тина казни и пак не им иде умот: Вчера 114 казнети возачи на територијата на СВР Битола

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (24.09.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола санкционирани се 114 возачи, меѓу кои 77 мерки за возење повеќе од дозволената брзина, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 8 возачи за управување под дејство на алкохол, 3 санкции за непрописно паркирање. Изречена е една санкција за користење на мобилен телефон при возење.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – се вели во соопштението од СВР Битола.

Денеска и утре проекции на македонската романтична комедија “Нешто слатко” во киното “Мис Стон” во Прилеп

Денеска и утре (25. и 26.09.2023) од 20.00 ч. во кино МИС СТОН ќе се прикажува филмот „Нешто слатко“. Влезниците по цена од 150 денари се продаваат на билетарницата од киното од 10 до 13 и два часа пред проекцијата.

За филмот

„Нешто слатко“ е збунувачка романтична комедија, која говори за кариерата на една организаторка на конференции која треба да го сочека гуруто по маркетинг од Македонија, кој го пропушта летот за Љубљана. За да избегне катастрофа, го заменува со еден локален слаткар кој изгледа исто како него. Филмот е полн со преплети и забавна содржина.

„Нешто слатко“ е симпатично филмско остварување во кое сите чинители од актерската и филмската екипа го дале својот најискрен придонес во финализирањето на идејата. Приказната е забавна, дејството се следи лесно и со насмевка, карактерите на ликовите се детално оформени, камерата е непретенциозна, а музиката е одлична. Тие час и половина, колку што трае филмот, имаат релаксирачко дејство врз гледачот и го оттргнуваат од сите црни психолошки драми, што во последниов период се случуваат во секојдневието.

Учениците и нивните наставници од Прилеп ќе можат да го изучуваат кинескиот јазик

Дел од прилепски основци и средношколци, како и наставници, оние кои имаат афинитети за изучување на јазици, доброволно, ќе имаат можност да го изучуваат кинескиот јазик, кинеската култура и обичаи.

Ова, благодарение на воспоставената соработка на Општина Прилеп со амбасадата на Република Кина и Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј„ – Скопје.

Претставници од Институтот за кинески јазик „Конфуциј“ деновиве ја посетија Општината и имаа средба со директорите од основните и средните општински училишта, советникот за образование при ЛС, како и со градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, на кои им ги пренесоа можностите и идејата за едукативна соработка. Воедно, двете страни веќе имаат потпишано и Меморандум за соработка, преку кој се изразува подготвеност за взаемна помош и поддршка во користење на кадровските и стручните можности од двете страни.

„Соработката ќе се состои од помош и поддршка во изучувањето на кинескиот јазик, култура и обичаи. Дел од прилепски ученици и наставници кои сакаат да ги збогатат своите јазични знаења и да научат за источната култура, ќе можат да ја искористат оваа ретка можноста да се запознаат со поразличен јазик од европската група на јазици, со кој секојдневно се среќаваат, да дознаат повеќе за источната, кинеска култура и обичаии, а познавањето на странски јазик не е од штета- тоа е големо богатство за секој човек. Ние како општина при оваа соработка нудиме стручни и просторни можности, а нашата соработка ќе се одвива преку едукативни активности, организирање на културни настани, семинари, работилници во кои што ќе бидат вклучени нашите ученици и наставници од општински училишта. “ рече градоначалникот на Прилеп, Борче Јовечски.

Дека соработката со кинескиот народ е подолгорочна, говори и фактот што Општина Прилеп пред дестина години се збратими со кинескиот град Дејанг, од кинеската провинција Си Чуан, за остварување на економска соаботка. За време на пандемијата, од збратимениот кинески град општината доби донација од 200 заштитни одела како помош од кинескиот народ, а со кинеска донација од 300.000 евра, добиени од кинеската Влада, пред една деценија прилепското ООУ. “Гоце Делчев”, беше комплетно реновирано.

Вучиќ: Тројца Срби настрадаа, двајца од снајпер од голема оддалеченост, драматично обраќање српскиот претседател

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека вчера беше еден од најтешките денови за Србија и како што вели тој „нашиот народ, би рекол, од 2004 и 2008 година“.

„Ни требаше долго време сами да истражиме што се случи на Косово и Метохија, што се случи утрово, во текот на утрото и попладнето, за да можеме да ја кажеме вистината на луѓето и да подготвиме терен за донесување соодветни одлуки.

Претседателот рече дека синоќа околу 2:46 часот група Срби од Косово и Метохија поставиле два камиони како барикади во Бањска на северот на Косово и Метохија. Потоа дошла косовската полиција и се обидела да ги отстрани тие барикади, дошло до конфликт со Србите кои ги поставиле барикадите и во тој конфликт загинал еден полицаец, а уште едно лице е рането.

„Во 08:57 часот беа затворени административните премини Јариње и Брњак. Престрелките и престрелките се уште траат. Во 10.15 часот албанските власти соопштија дека четири општини на север се зона на антитерористичка операција. рече претседателот.

Тој посочи дека предупредил во Брисел и Њујорк дека тоа може да се случи.

„Малкумина сакаа да слушнат и слушаат“, истакна претседателот.

Тројца напаѓачи се убиени, а петмина се уапсени по ноќното пукање на влезот во селото Бањска на северот на Косово , кога, според полициската управа во Приштина, еден полицаец е убиен, а друг е ранет.

По конфликтот на влезот во Бањска, напаѓачите упаднале во дворот на манастирот , од каде продолжиле да разменуваат оган со полицијата.

Блокиран е влезот во селото од магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ, како и сообраќајот на административните премини Јариње и Брњак.

Од правецот на Бањска на главниот пат се слушаат спорадични пукотници.

Во Бањскиот манастир во моментов е мирно , како што се наведува во новото соопштение на Рашко-призренската епархија, но постои неизвесност и загриженост кај монасите и верниците.

Управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел од патот во близина на Прилеп

На 23.09.2023 во 15.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во близина на село Ропотово, прилепско, Р.Е.(43) од с.Црнилиште, управувајќи трактор, изгубил контрола и се превртел со тракторот. Притоа, тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршиле полициски службеници од ОВР Прилеп.

Трагедија во Прилеп: По пад на дрво едно лице го загубило животот, а едно се здобило со тешки телесни повреди

На 23.09.2023 во 17.15 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во атар на село Стровја, прилепско, по пад од дрво, од здобиените повреди на местото починал малолетник од село Црнилиште, прилепско. Притоа, со повреди се здобил и Н.А.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт кај малолетникот. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршиле увид.

Зрачи од убавина! Во Крушево после долги години осветен манастирот Св. Преображение – На еден од ѕидовите се наоѓа ангелскиот лик на Тоше (Фото/Видео)

После долги години на градба, манастирскиот комплекс Св. Преображение во Крушево, или кај народот познат како манастирот на Тоше Проески, денеска го дочека денот да биде осветен.

Во присуство на голем број верници од Крушево и земјава осветувањето на манастирската црква го изврши Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на повеќе Архиереи на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

Храмот зрачи од убавина. Ѕидовите ги красат прекрасни фрескоживописи, а на еден од нив се наоѓа и ангелскиот лик на Тоше.

Палеле стрништа во пелагониско, па им тропна полицијата на врата: 5 лица донесени во полициска станица во Битола

Fire on cornfield on sunny day. Burning cornfield.
Fire on cornfield on sunny day. Burning cornfield.

Криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера (23.09) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “Предизвикување општа опасност” односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско, В.П.(58) од с. Лознани, битолско, А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од с. Лознани.

Против лицето Д. С. ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон,односно “предизвикување општа опасност” – информираат од СВР Битола.

Мицкоски: Пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ, власта да се вразуми и да ги исполни нивните очекувања

При посетата на општина Брвеница претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа што пензионерите протестираат за своите пензии, а од власта велат дека нема простор за решение истакна дека очекува власта да се вразуми во однос на барањата на пензионерите, и потенцираше дека пензионерите ја имаат целосно поддршката од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па видете од власта велат дека нема простор за договор затоа што потрошија 200 милиони евра а од тие 200 милиони евра, гледате дека нема ниту лопата, гледате дека не е ископан ниту еден ров за оној капитален проект, и тоа се пари кои што завршуваат најчесто во приватни џебови како резултат на провизија и затоа нема за пензионерите. Јас веднаш повикувам на состојба кога треба да се разговара со пензионерите, тие ја имаат нашата поддршка, ја имаат мојата поддршка, и очекувам дека ќе се вразуми власта и дека ќе постапи според потребите на пензионерите бидејќи инфлацијата, скапиот живот и ова што се случува практично го уништува на дневна основа стандардот на граѓаните и пензионерите“, нагласи Мицкоски.