Морбидно! Прилепчанец предупредува: “Некој го користи профилот на мојот покоен татко и праќа заканувачки пораки”

Драган Шеќероски од Прилеп кој со семејството живее во странство БАРА ПОМОШ и ПРЕДУПРЕДУВА:

НЕКОЈ ЗЛОНАМЕРНО ГО АКТИВИРА ПРОФИЛОТ НА НА МОЈОТ ПОКОЕН ТАТКО Костадин Шеќероски!!!

Преку овој профил се испраќаат заканувачки и вознемирувачки пораки до фамилијата Шеќероски и до нивни пријатели.

Поради ова Драган Шеќероски ги предупредува членовите на неговата фамилија и нивните пријатели!!!

Истовремено бара помош и од полицијата да го открие човекот кој испраќа заканувачки пораки и кој ги вознемирува и семејството и фамилијата и пријателите!!!

Почитувани Ве известуваме дека повторно некој,си игра со чувствата на нашата фамилија. Во последните недела дена повторно е активиран профилот на мојот ТАТКО, кој веќе е починат 5 години. На наши блиски пријатели роднини, па и мене, се испраќани пораки и понуди за пријателство, а кај поединци и со вознемирувачка содржина.

Ве замолуваме сите да го споделите овој мој пост и извршите блок на неговите профили, а доколку некој има шанса нека пријави слободно во полиција, доколку е возможно да конечно го откриеме сторителот.

Знаете сите дека ние сме надвор од Македонија, па за таа цел ве информираме и бараме помош од сите грѓани, пријатели, роднини, ако може да се спречи оваа појава и да ги оставиме починатите да почиваат во мир. Ви благодариме на разбирањето, фам Шеќероски – стои во објавата на Драган.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid026BxcBEhSPp9XNHSAtCXvBZ2Eo99UHqKBrwb2Y88dWHVDqyTiEsJjSBUTDGjVnyGMl&id=100093546409739&mibextid=2JQ9oc




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.