дома блог страница 948

Во тешка сообраќајна несреќа загина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски

Трагична вест го потресе Вевчани утрово. Во тешка сообраќајна несреќа почина синот на поранешниот пратеник Крсто Мукоски.

– На 13.01.2024 околу 01.20 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на регионалниот пат кон Вевчани, во близина на село Подгорци, струшко, патничко моторно возило „ауди“ со вевчански регистарски ознаки, управувано од М.М. (19) од Вевчани излетало од коловозот. Во несреќата на местото на настанот починал возачот. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ПС Струга, велат од МВР.

Оваа недела работевме четири дена и следната исто – идниот петок споен викенд, а потоа за следниот неработен ден ќе почекаме малку подолго

Од неработните денови во месец јануари речиси „глава“ не можеме да кренеме. По првите два споени викенди во јануари и двата неработни понеделници, време е да одмараме и во петок пред викендот.

Идниот петок е неработен ден во Македонија, но само за граѓаните од православна вероисповед, додека за идниот нереаботен ден ќе почекаме малку подолго време.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2024 година неработни денови се:

За сите граѓани на РСМ

  • 10 април (среда), Рамазан Бајрам,  првиот ден на Рамазан Бајрам,
  • 01 мај (среда), Ден на трудот
  • 06 мај (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар,
  • 24 мај (петок) „Св. Кирил и Методиј“- Ден на сесловенските просветители,
  • 02 август (петок), Ден на Републиката,
  • 8 септември (недела), Ден на независноста, односно 09 септември (понеделник) е неработен ден
  • 11 октомври (петок), Ден на народното востание,
  • 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
  • 8 декември (недела), “Св. Климент Охридски”, односно 09 декември (понеделник) е неработен ден.

За граѓаните од православна вероисповед

  • 19 јануари (петок), Богојавление (Водици),
  • 03 мај (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,
  • 21 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,
  • 28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

  • 01 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,
  • 01 ноември (петок), Празникот на сите светци,
  • 25 декември (среда), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

  • 16 јуни (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ

  • 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука

 За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ

  • 27 јануари (сабота), Свети Сава

За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ

  • 08 април (понеделник), Меѓународен ден на Ромите

За граѓаните припадници на влашката заедница  во РСМ

  • 23 мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ

  • 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница  во РСМ

  • 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РСМ

  • 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик

Таткото монструм е спроведен во битолскиот затвор: Ќе одговара за убиство на малата ќерка

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(30) од Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Тој, на 18.12.2023 година околу 21 часот во неговата семејна куќа во Кичево, при вршење на семејно насилство, со физичка сила и нанел тешки телесни повреди на неговата двегодишна ќерка, која била пренесена за укажување лекарска помош во Општата болница во Кичево, а потоа во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје каде, на 08.01.2024 починала.

Судија на претходна постапка при ОС Кичево, на Ф.Д. му одреди мерка притвор од 30 дена по што е спроведен во Казнено поправната установа „Затвор-Битола“.

ПРОСЕК 10,00 – Демонстратор на факултет, студира на магистерски студии и работи: Христина Нунеска од Прилеп е пример кој младите треба да го следат!

Христина Нунеска е 23-годишна девојка од Прилеп, која го понесе признанието за најдобар студент на Економскиот факултет при Универзитетот “Св. Климент Охридски” за академската 2019/2020 година. Минатата година Христина дипломираше со просек 10,00, и покажа дека Македонија се’ уште има млади луѓе кои пред се веруваат во образовниот процес, и се вложуваат себе си да постигнат висок резултат, а со тоа и широко да си ги отворат вратите кон подобра иднина и подобар економски бенефит.

Христина во моментов е на втор циклус студии, насока Сметководство и ревизија, како и демонстратор на Економскиот факултет од областа на Сметководство, финансии и ревизија. Покрај тоа, Христина работи и како AR-Specialist во компанијата Taskforce и успешно се справува со сите овие ангажмани и предизвици.

– Наградата за најдобар студент за мене претставува континуитет на претходно двете добиени титули за најдобар ученик во средно и основно образование. Големо признание за мојот досегашен труд, упорност, многу непроспиени ноќи и голем мотив за идни амбиции и нови достигнувања – вели Христина во интервју за “Факултети.мк”.

Наградата за најдобар студент Христина ја прими на патрониот празник на битолскиот Универзитет, кој се одржа на 07.12.2023год. во Офицерскиот Дом во Битола, каде имаше и свое обраќање пред членовите на Универзитетскиот сенат и Ректорската управа, како и пред наградени студенти од останатите факултети.

Од име на најуспешните Нунеска ја искажа благодарноста до УКЛО: за развиената мрежа со бизнис заедницата, можноста дипломираните да застанат зад катедрите на факултетите, да се цени нивниот труд, да се почитува успехот и да се слуша гласот на младите.

Не се туркајте пред врати: Личните карти ќе важат за внатрешна употреба, а еве што ќе биди со пасошите

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека личните документи, како личните карти, што се за внатрешна употреба ќе важат и по истекот на рокот за нивна замена, а во однос на пасошите рече дека ќе се разгледаат сите опции.

Во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за личните документи, Ковачевски рече дека секоја иницијатива може да биде разгледана и дека Уставниот суд ќе го каже своето мислење.

– Ние во различни одвоени средби, бидејќи Уставниот суд е највисоката судска инстанца, имаме разговарано на поединечно ниво во однос на тоа, рече тој.

Премиерот информираше дека вработените во Министерството за внатрешни работи веќе имаат издадено 1.200.000 пасоши во државата, што, според него, значи дека се работи со големо темпо.

– Јас знам дека сите сакаат повеќе да критикуваат, меѓутоа треба да се каже и фала на оние вработени кои работат деноноќно, и на сликање на граѓаните, и на изработка на документите, и на издавање на документите, така што 1,2 милиони пасоши не е мала бројка. Верувам дека ќе се продолжи со такво темпо, а ние ќе ги испитаме сите можности со цел доколку биде потребно да се направи пролонгирање во делот на пасошите, бидејќи тие им служат за граѓаните да можат да патуваат надвор од земјата, рече Ковачевски.

Ректор на македонски универзитет стана член на Академската унија на Оксфорд

Ректорот на Универзитетот Скопје, проф. д-р Аце Миленковски, е избран за член на Академската унија на Оксфорд.

Претходно, на пригодна церемонија, на ректорот Миленковски му беше доделено и признание за активна посветеност во високото образование!

Лани второ, годинава прво место: Малата Михаела од Прилеп го освои жирито на светски фестивал (ФОТО)

Со композицијата Rolling in the deep од Aдел, Михаела Пурдеска – ученичка во VI 4 одд во ООУ “Климент Охридски” Прилеп, учествуваше на ,,WAF CONTEST 2024″, и го освои првото место од стручното жири во категоријата учесници од 11 до 15 години.

Фестивалот го организираше Светската асоцијација на фестивали, а се одржуваше од 9 до 11 јануари во Македонскиот народен театар во Скопје.

Минатата година на истиот фестивал, во силна конкуренција на натреварувачи од над 20држави, Михаела го освои второто место од стручното жири во истата категорија.

Зошто се меси лепче со паричка на Василица?

Во времето кога Божјиот угодник свети Василиј Велики станал Архиепископ Кесариски, епархот на Кападокија, кој бил многу алчен и груб човек, имал обичај редовно да доаѓа со својата вojcка и да го огpaбyвa градот.

Кога на свети Василиј му јавиле дека епархот повторно доаѓа, тој побарал од богатите луѓе во Кеасрија да го донесат сиот свој накит и златници.

Кога епархот пристигнал, свети Василиј го пречекал и му го понудил богатството. Епархот се изненадил и по некое чудо се засрамил, така што одбил било што да земе, ниту пак го огpaби градот.

Тој никогаш повеќе не се ни вратил, ниту пак им досадувал на верните од градот. Свети Василиј останал со сиот накит и златници токму на Новогодишната вечер не знаејќи што на кого му припаѓа. Тогаш просветлен од Господ, тој ги замоли готвачите да направат мали лебови за секој верник.

Во секој од лебовите тој ставил нешто накит и златници. На денот на Новата година кога сите луѓе дошле во црква, тој на секого му дал по едно лепче. Тоа што секој го имал најдено во лепчето било токму тоа што претходно го имал дадено.

За спомен на овој настан до ден денес се практикува на денот на свети Василиј Велики, односно на Новата година (по стар календар) да се меси лепче со паричка во него.

Лепчето се разделува така што првото парче е наменето за спомен на Годпод Исус Христос второто за Пресвете Богородица, а третото за свети Василиј Велики. Понатаму лепчето се разделува на присутните. Оној кој ќе ја најде паричката го добива благословот на свети Василиј Велики за претстојната година.

Заглавиле со кола во снег среде шума, па ги стемнило: Спасувачка акција на Пониква, на помош се приклучила пожарна, граѓани и спасителна служба

Центарот за управување со кризи информира дека вчерашната спасителна акција е успешно спроведена за заглавените во снег кај Пониква на Осоговските Планини, при што лицата се однесени на безбедно место, а возилото е извлечено од снегот. Тоа синоќа, е рапортот, поточно, кусата повратна информација од терен по спасителната акција на Доброволна планинска спасителна служба ДПСС „Осогово“ од Кочани, на МВР и на други ангажирани субјекти и граѓани. Конкретно, вчера во 17.45 била пристигната информацијата за заглавени лица со теренско возило во снег на Поникава, Осоговски Планини, по што веднаш од ЦУК е извршен контакт со ДПСС „Осогово“, а во меѓувреме екипа од МВР со теренско возило била упатена на местото каде што се заглавени лицата и Пожарникарите биле подготвени ако требало. Вчерашната спасителна акција е успешно и на време спроведена и покрај студеното и снеговито време.

Инаку, во последното деноноќие од вкупните 1.944 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК, „реални“ повици биле 31,28%, а 68,72% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 52,90%, кон Итната медицинска помош 42,03%, кон пожарникарите 2,90%, а 0,43% кон АМСМ од реалните повици кон 112 во ЦУК.

Повици за итни случаи на 112, на број 1.308 повици (што се вкупен број, збир, од тие што биле за комбинирано решавање од „реални“ повици 1,81% со другите 68,72% што се именувани како „неитни повици“), биле предмет на примање, а и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112 во содејство со Секторот за операции и координација (СОК), секако истовремено според стандардните оперативни процедури во координација со ангажираните институциите во Системот за управување со кризи (СУК), согласно природата на пријавените „реални“ итни случаи.

Битолчанец останал без возилото, па крадецот бил фатен неколку часа подоцна

На 10.01.2024 околу 22 часот полициски службеници од СВР Битола го пронајдоа патничкото моторно возило марка „Фиат добло“, за кое истиот ден во 17.20 часот сопственикот Д.И. (60) пријавил дека му било одземено.

Возилото му е вратено на сопственикот.