Јовчески ги наброи реализираните проекти за 28 месеци од мандатот

Денес дадовме Отчет пред граѓаните на општина Прилеп. Тоа е наша должност кон граѓаните за вашата укажана доверба – напиша на ФБ градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески, по денешната во Центарот за култура “Марко Цепенков” за сработеното во изминатите две години.

Објавата на Јовчески на социјалните мрежи ја пренесуваме во продолжение:

✅Напишаниот отчет на 60 страници е доказ дека нашите ветувања ги исполнуваме но и дека сме само на половина пат, имаме уште две години многу работа и многу нови проекти за реализација.

✅Инвестиравме 50 милиони денари во образованието, односно во нашите основни и средни општински училишта!
✅Нов асвалт и рехабилитација на 80 000 м2 улици и патишта во општина Прилеп!
✅Нов кружен тек во центарот на градот !
✅Целосно реконструиран последниот крак од плоштадот Методија Андонов Ченто!
✅Ги реконструиравме запоставените игралишта и паркови!
✅Изградивме ново мултифункционално игралиште во ООУ Добре Јованоски!
✅Изградивме ново Инклузивно игралиште во паркот на Могилата!
✅Воведовме еднократна финансиска помош од 6000 денари за секое новороденче во општина Прилеп!
✅Воведовме бесплатен оброк за секое прваче во општина Прилеп!
✅Доделивме стипендии на нашите студенти,
✅Воведовме бесплатен јавен градски превоз за пензионери со ниски пензии!
✅Градиме нов водоснабдителен систем во Канатларци!
✅Исчистивме 12 000 м3 отпад од диви депонии!
✅Градиме нова фабрика за рециклирање на отпад!
✅Го намаливме затекнатиот финансиски долг на Општина Прилеп од 5 милиони евра на 800 илјади евра!
✅И уште многу проекти со кој што покажавме чесност, одговорност и умешност и така и ќе продолжиме заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, општинската администрација, советниците, директорите на јавните претпријатија и општинските училишта, целокупниот мој тим и поддршката на нашите пратеници во Собранието на Македонија и поддршката која што ја имаме од целокупното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Заедно креираме и градиме достоинствен живот и општина со која сите ќе се гордееме.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.