дома блог страница 936

Приведен маж од битолско за намерно предизвикување пожар

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола, денеска (06.10) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело “предизвикување општа опасност” односно намерно предизвикување на пожар во с.Лопатица, битолско, го приведоа В.В. (54) од с.Лопатица.

По документирање на случајот, против В.В. ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 288 од КЗ – информираат од СВР Битола.

Пред две децении во Прилеп живееле речиси 17.000 млади луѓе, денеска бројката е речиси преполовена

Резултатите од последниот спроведен попис на население во 2021 година покажаа дека во Македонија има 1.8 милиони жители или намалување од околу 180 илјади жители споредено со последниот одржан попис во 2002 година кога биле околу 2 милиони жители1. Сепак, иако бројот на вкупно население се намали за околу 9%, процентот на младо население во возрасната група 15-29 години забележа диспропорцијално поголемо намалување – стои во најновото истражување од Институтот за дигитализација, економија и иновации, насловено како “КАДЕ ЖИВЕАТ МЛАДИТЕ ВО МАКEДОНИЈА?”

Според истражувањето во изминатите две децении, општина Прилеп загубила нешто над 32% од младото население, односно од 16.870 млади луѓе на возраст од 15-29 години во 2002година, според последниот попис во 2021година, во општина Прилеп живеат 11 452 млади луѓе, или 5 418 помалку.

Ако пак се земе во предвид дека по завршувањето на пандемијата голем број млади заминаа на работа во Хрватска, Германија и останатите европски земји, а добар дел од нив не се враќаат назад, оваа бројка е уште помала.

Целото истражување за тоа каква е состојбата во останатите општини во Македонија, погледнете го ТУКА

Момироски: “Алал да ти е Цаки! Така треба”

Во најновата колумна за “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски, меѓудругото, се осврна и на внатрепартиските случувања во ОО СДСМ Прилеп, во чиј штаб според пишувањето, деновиве се случила една инстересна ситуација.

-НА КРАЈОТ ОД МИНАТАТА НЕДЕЛА СЕ ОТВОРИЈА ВРАТИТЕ НА ОО НА СДСМ – ПРИЛЕП. ТИ ИМАЛО ВЕЧЕРНА ,,СЕДЕНКА“ ВО ПРЕДИЗБОРЕН АМБИЕНТ. НА РЕГИОНАЛНИОТ СОСТАНОК НА ТИМОТ ЗА ПОБЕДА ПРИСУСТВУВАЛЕ МИНИСТЕРКАТА ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ЈОВАНА ТРЕНЧЕСКА И ПОТПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СДСМ ПЕРО КОСТАДИНОВ, ГРАДОНАЧАЛНИК НА ВАЛАНДОВО, ОПШТИНА СО НАД 10.000 ЖИТЕЛИ, БЛИЗУ СЕДУМ ПАТИ ПОМАЛА ОД ПРИЛЕП. ГИ СЕДНАЛЕ ПРИЛЕПСКИВЕ КООРДИНАТИВЦИ ЗА ДА ИМ КАЖАТ ШТО ТРЕБА ДА СЕ РАБОТИ ВО 4 ТАТА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА. СЕДЕЛЕ И ЧЕКАЛЕ, ОТИ ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ОО НА СДСМ ЗОРАН ПАЧЕШКОСКИ ДОЦНЕЛ НА СРЕДБАТА. СЕДЕЛЕ И МЕЃУ СЕБЕ ТИВКО НА ШЕГА СИ ВЕЛЕЛЕ: „СЕДЕТЕ И ЌУТЕТЕ. ЦАКИО ТРЕБА ДА ДОЈДИ. ЌЕ СЕДИМЕ, ЌЕ ЧЕКАМЕ, ОТИ ИМА КОГО ДА ГО ЧЕКАМЕ.“ СИ СЕДЕЛЕ ОВИЕ ПРИЛЕПСКИВЕ КООРДИНАТИВЦИ. СЕДЕЛЕ И ЧЕКАЛЕ И ОВАА МИНИСТЕРКАВА ТРЕНЧЕСКА, А БОГАМИ ДРЕМЕЛ И ЧЕКАЛ И ПОТПРЕДСЕДАТЕЛОТ КОСТАНДИНОВ. ТИЕ ИМААТ ВРЕМЕ ЗА ЧЕКАЊЕ И ЗА ТРОШЕЊЕ. АМА ЦАКИО НЕМА. ГО СЛУШАМ МУАБЕТОВ И СИ ВЕЛАМ – ОВИЕ ШТО ЧЕКАЛЕ СЕ „ЧУКНАТИ“ ИЛИ ЦАКИО Е ТОЛКУ ПАМЕТЕН И МОЌЕН ШТО МНОГУ МНОГУ НЕ ГИ ,,МАТИ“. НАКРАЈ СИ ВЕЛАМ: „АЛАЛ ДА ТИ Е ЦАКИ.ТАКА ТРЕБА!!!“ ВО ОВАА ПРИКАЗНА ИМА УШТЕ ЕДЕН МАЛ, АМА МНОГУ БИТЕН КУРИОЗИТЕТ. ВО ПОБЕДНИЧКИОВ ТИМ НЕ БИЛ СУГАРЕСКИ ОТИ ИЗГУБИЛ НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ. АМА Е ЗА ВО ВЛАДИНАТА КОМИСИЈА ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ. А БЕ СЕ ЗНАЕ КОЈ Е ЗА ТРКИ ЗА ИЗБОРИ, КОЈ ЗА ФУНКЦИИ – пишува Момироски.

Нема да останете рамнодушни: Голема среќа за семејствата на Матеј и Тара, двете ангелчиња си одат дома (ФОТО)

Уште две среќни приказни доаѓаат од Клиниката за гинекологија и акушерство оваа недела – информираат од оваа државна клиника на социјалните мрежи.

-По 52 дена дружење со докторите и со сестрите од Одделението за интензивна нега и терапија (ОИНТ), во средата Матеј го испративме дома.

Марта Јолевска го роди во 29-та гестациска недела со само 960 грама, а Матеј си замина од ГАК со 1900 грама.
Вчера пак и малата Тара си отиде дома по 48 дена престој на ОИНТ.

Оваа новородено исто така дојде на свет во 29-та гестациска недела, а си замина дома во прегратките на мајка му Назире Селмани со тежина од 1880 грама.

ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје им посакува среќно детство и безброј насмевки да им измамуваат во своите најблиски – стои во објавата на оваа вест која никого нема да остави рамнодушен.

Кој не би посакал ваква грижлива Влада: Чипсот и сладоледот поскапуваат оти се штетни за здравјето, вели вицепремиерот Битиќи

Вицепремиерот Фатмир Битиќи смета дека е погрешно прочитана листата на производи, поради тоа што одлуката има два дела, првиот дел е продукти кои спаѓаат во повластената тарифа, односно повластената даночна стапка од пет посто.

– Таму е дефинирано, за разлика од претходното дефинирање во Законот, до детали кои се продукти спаѓаат во повластената даночна стапка од пет посто. И понатаму на страна 46 од одлуката се вели повластената стапка од данокот на додадена вредност, се применува врз прометот на следните услуги. Има вкупно 358 продукти или царински тарифи со одредени продукти кои спаѓаат во новата стапка, од 10 посто, рече Битиќи.

Тој објасни дека ако има некакви пропусти на следната седница на Владата ќе бидат решени.

– Ако трговците и производителите различно ја прочитале или не е доволно јасна, некој не знае дали на пример кравјото сирење треба да влезе во пет или 10 посто, можеме истата да ја објасниме и на следната владина седница такви пропусти ако има да ги решиме. Мора да кажеме што е тоа што сметаме дека треба да го стимулираме. Граѓаните имаат навики на храна, но одредени продукти ако во овој момент сметаме дека треба да бидат во стапката од 10 посто, оставаме простор да се ревидира ако тоа е дел од секојдневната исхрана на граѓаните. Сметам дека може да има различно толкување на одредени царински стапки, на одредени продукти затоа што не е целосно јасно, вели тој.

Битиќи се согласува дека млечен премаз со висока масленост од овчо млеко треба да биде несекојдневен и треба да има стапка од 10 осто. Но, тој вели дека има простор јасно да се каже за кои продукти станува збор.

Вицепремиерот не знаеше да одговори зошто ајварот останува со 5 посто, а лутеницата со 10 посто. Тој не сакаше да навлезе во дефиницијата што е луксуз. Рече дека може да е пропуст и дека за десетина производи нема проблем да се направи измена.

За чипсот, гумите за џвакање, сладоледот, тој кажа оти спаѓаат во категоријата на нездрави производи затоа што има повисока шеќерна вредност и не смета дека е основен прехранбен производ.

За цвеклото како здрава храна и е со 10 посто, Битиќи додаде дека ќе се ревидира.

Во однос на цената ја јајцата и оризот тој кажа дека таа цена е поадекватна во овој временски период.

– Ние не ги носиме мерките на штета на едните или другите. Мораме да донесеме мерки кои што ќе ја ублажат кризата и нема да нанесат штета на производителите, рече Битиќи.

Не е вистина дека има зголемување на цената на над илјада производи, опфатени се 358 категории на производи, додаде тој.

– Маркетите треба да започнат од денеска да ги менуваат цените од производите. Веќе во вторник имаме закажано седница на влада и може да се ревидира одлуката. Не гледам голем проблем за корекција на десетина производи, кажа Фатмир Битиќи одговарајќи на новинарско прашање.

Витамините против протеините: РК Прилеп утре на гости кај Мулти Есенс

Eкипата на Боби Мојсов, предводена од капитенот Филип Велески, утре гостува во Скопје кај Мулти Есенс.

Прилепчани се фаворити и ќе атакуваат на третата победа сезонава. За разлика од гостите, домашната екипа во моментов е без ниту освоен бод.

“Протеински” 100% подготвени прилепчани ветуваат нови три бода и нова радост за ракометните вљубеници во градот под Марковите Кули, а со тоа и продолжување на главната цел, излез на европска сцена на крајот од сезоната.

Годишна изложба на Друштвото на ликовни уменици од Прилеп

“ГОДИШНА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП 2023”, групна изложба на ликовни уметници ќе биде отворена на 10 октомври 2023/ вторник/ од 18.00 ч. во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“.

Новините коишто често се појавуваат на современата ликовна сцена секогаш поттикнуваат возбуда и восхит кај верните следбеници и љубители на уметноста.

Тргнувајќи од личната потреба за творечко откривање и креативно истражување, уметниците на ДЛУП Прилеп континуирано ги развиваат своите артистички и автономни стилски изрази, а преку организацијата на разни групни и тематски изложби тие имаат можност да се афирмираат во општествените кругови оставајќи свој автентичен печат.

На 10.10.2023 година (вторник) во Ликовното фоаје при НУЦК “Марко Цепенков” – Прилеп, ликовните уметници на ДЛУП ја реализираат “ГОДИШНАТА ИЗЛОЖБА НА ДЛУП 2023” со цел заедно со граѓаните да го прослават државниот празник 11 -ти Октомври, Денот на народното востание – вели Викторија Димеска, историчар на уметност.

На изложбата ќе учествуваат активните членови на Здружението:

Александра Богоеска, Александар Џинго, Анита Сот Јовеска, Бојана Артиновска, Верче Николоска, Викторија Димеска, Елена Димоска, Емил Солески, Маја Ралева – Миладиновски, Марјан Стојановски, Марта Макеска, Методи Исков, Ферди Булут и Филип Јовески.

Четворица млади прилепчани фатени со марихуана кај село Волково

На 05.10.2023 на патот кон с.Волково, прилепско, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.М.(22), Д.М.(21), О.П.(22) и М.Г.(22), сите од Прилеп, затоа што при преглед на патничко возило „ауди а3“ со прилепски регистарски ознаки, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана.

Лицата билее приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава – информираат од ОВР Прилеп.

Објавена програмата за чествување на 11-ти Октомври во Прилеп – после неколку години учениците одново ќе го формираат државното знаме

Oпштина Прилеп ја објави официјалната програма за одбележување на 82-годишнината од Денот на народното востание – 11-ти Октомври.

Одбележувањето започнува во недела на 8. октомври, со велосипедската тура “Sava Mariovo Tour”, која започнува од 10ч на плоштадот “Александрија”. Во речиси исто време започнува Меѓународниот турнир во џудо “Прилеп град херој -2023”, а вечерта со почеток од 19ч. ќе се одржи традиционалниот Меѓународен детски фестивал “Ѕвездички”.

Целосната програма погледнете ја во продолжение:

Ќе бегаме од маркети како ѓавол од темјан: Од денеска повисоки цени на храна за деца, кашкавал, брашно, па дури и на зачините и благите нешта

Од денеска се применува новата стапка на Данокот на додадена вредност од 10 отсто за голем дел од прехранбените производи.

Па така, повисоки цени ќе добијат брашното, џигерот, сладоледот, замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намазите.

Поскпува и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот, потоа чаевите, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, компотите, црниот бибер, мастиките.

Oва се останатите производи: