дома блог страница 935

Учениците уживаат, родителите среќни – И последниот парк во ООУ “Климент Охридски” доби целосна трансформација (ВИДЕО)

Уште еден успешно реализиран проект во ООУ “Климент Охридски” Прилеп и уште едно ремек дело, на задоволство на вработените, учениците и нивните родители.

Директорот на училиштето информира дека и последниот парк доби целосно нов лик, а ова совршенство е плод на целата посветеност, трудољубивост и макотрпна работа која се вложува во оваа образовна институција.

Погледнете во продолжение и уживајте! Не случајно секој родител во моментов сака неговото дете да учи во ова училиште:

Најнова анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со огрома предност пред СДСМ

Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека ниту една од постојните партии нема капацитет да реализира најдобра економска програма. Сепак, најголем дел од граѓаните имаат доверба дека тоа може да го стори ВМРО-ДПМНЕ, партијата која според ова истражување ако утре се одржат изборите ќе победи во сооднос 2,5:1 со владеачката партија СДСМ. И рејтингот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христјан Мицкоски е во пораст и е речиси четири пати поголем од рејтингот на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.

Ова се дел од резултатите од телефонската анкета спроведена на 1.200 испитаници од агенцијата Маркет вижн од 18 до 25 септември, а по нарачка на редакцијата на МКД.мк.

Над две третини или 69,7% од испитаниците немаат доверба во ниту еден лидер на политичка партија на македонската политичка сцена. Додека од оние кои се изјасниле, во Христијан Мицкоски доверба имаат 12,3%, во Димитар Ковачевски 3,5%, во Димитар Апасиев 3,1% и во Али Ахмети 3,7% од испитаниците.

Целото истражување погледнете го ТУКА

Во 2024 ќе скокне минималецот – Ќе изнесува близу 400 евра

Од наредната година се најавува раст на минималната плата, која се очекува да биде над 23.000 денари односно речиси 400 евра, со ова се очекува да продолжи растот на сите плати, а значително ќе скокне и просечната плата.

Минималната плата која во 2012 беше 8050 денари, а во 2016 изнесуваше нешто над 10.000 денари, денес изнесува над 20.175 денари, а од следната таа ќе биде над 23.000 денари.

По 50 дена лежење Лидија победи на натпреварот во Црна Гора – наградата е 1.000 евра

Натпреварот во излежување во селото Брезна во Црна Гора заврши откако педесеттиот ден двајца натпреварувачи одлучија дека е готово.

Во финалето се пласираа Филип од Мојковац и Лидија од Никшиќ, а како што беше речено на свеченото прогласување на победникот, Филип решил победата и медиумското внимание да и ги остави на Лидија.

Лидија освоила 1.000 евра, а исто толку во еден момент и понудиле од семејството само за да стане и да го прекине натпреварувањето.

Лидија Марковиќ има 23 години, од Никшиќ и е козметичар. Претходно за време на натпреварот таа за ТВ Прва изјави дека на натпреварувачите им е дозволено се, освен дека мора да легнат.

– Во осум часот стануваме, имаме пауза од 15 минути. Првата пауза ја користам во 10 часот за туширање, втората пауза во 18 часот за миење на косата, а потоа се враќам во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата после полноќ ја користам за тренинг. Тогаш ја користам можноста да трчам што повеќе – раскажала Лидија како изгледа нејзиниот ден.

Прилепчанка нападната од своја сограѓанка додека била на работа како обезбедување

На 06.10.2023 во 18.00 часот во ОВР-Прилеп С.М.(27) од Прилеп пријавила дека околу 14.30 часот додека била на своето работно место како обезбедување во банка во Прилеп, била физички нападната од едно женско лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – информираат од ОВР Прилеп.

Нетанјаху: “Граѓани на Израел, од утрово ние сме во вojна”

„Граѓани на Израел, ние сме во војна – ова не е операција, туку војна“, рече Нетанјаху во видео пораката и додаде дека Израел ќе победи.

Во видеото, Нетанјаху објаснува дека Хамас утрово спорвел изненадувачки убиствен напад врз државата Израел и нејзините граѓани.

„Ги повикав раководителите на системот на безбедност, пред сè дадов инструкции за чистење на населбите од инфилтрирани терористи. Таква акција се спроведува во моментот“, порача Нетанјаху.

Потврди и дека наредил обемна мобилизација на резервисти и најави одговор со обем каков што непријателот досега не видел“.

Ги повикува граѓаните на Израел да се придржуваат на упатствата и инструкциите на војската.

МВР со детали за синоќешната несреќа на патот Прилеп-Крушево: 46-годишен битолчанец го загуби животот

На 06.10.2023 во 21.05 часот било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(46) од Битола, и патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од И.Б.(43) од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Д.Т. кој бил пренесен во Градска болница-Прилеп каде починал, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Исто така, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле малолетен сопатник од Прилеп во возилото „ауди“, а возачот И.Б. и сопатниците И.Б.(38) од Прилеп и уште еден малолетник се здобиле со телесни повреди, кои им биле констатирани во Градска Болница-Прилеп.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Прилеп и Јавен обвинител – информираат од СВР Битола.

Aпсење во Прилеп и Битола за марихуана – лишени од слобода 3 лица

Извадоци од полицискиот билтен на МВР

-На 06.10.2023 во 17.30 часот во близина на угостителски објект во Прилеп од полициски службеници е лишен од слобода П.Ѓ.(29) од с.Обршани,прилепско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.

-На 06.10.2023 околу 19.20 часот во Битола од полициски службеници се лишени од слобода С.Н.(47) и К.З.(34), двајцата од Битола, затоа што кај С.Н била пронајдена и одземена марихуана, а кај К.З. била пронајдена и одземена грутчеста материја.

По целосно документирање на двата случаи ќе бидат поднесени соодветени поднесоци – информираат од МВР.

Бразилчиња се родија во Битола (ФОТО)

Близначиња чии родители се од Бразил, а живеат во моментов во Македонија, се родија во болницата “Плодност” во Битола.

-Фотографиите го доловуваат моментот на првиот контакт на таткото со двете новородени машки близначиња.

Трагедија синоќа на патот Прилеп-Кривогаштани: Се судрија две возила, во едното се превезувало цело семејство, а едно лице загина на лице место

Синоќа околу 23:30ч. на патниот правец Прилеп-Кривогаштани, се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале две возила.

Според неофицијалните информации кои ги имаме, двете возила биле со крушевски регистарски ознаки, а несреќата се случила кога едното од возилата во кое се превезувал само возачот, удрило во автомобил во кој се превезувало цело семејство – татко, мајка и две деца.

Од ударот возачот кој сам се превезувал починал на лице место, а возачот и членовите на семејството во другиот автомобил се здобиле со повреди. Маркукуле дознава и дека едното од децата со потешки повреди е пренесено итно во скопските клиники.

Повеќе информации во текот на денот.