дома блог страница 937

Утре сите во сала! Мега Баскет го дочекува Куманово во првиот натпревар од Втората кошаркарска лига

Викендов започнува првенството во Втората кошаркарска лига, во која екипата на Мега Баскет од Прилеп избори пласман со одличните резултати минатата сезона.

-Конкуренцијата е далеку посилна, па затоа и предизвикот е далеку поголем. Ростерот на екипата во најголема мерка е истиот, со мали промени кои се надеваме дека ќе го подигнат квалитетот на двете страни од теренот – велат од Мега Баскет.

Првото коло го прилепската екипа го игра на домашен терен, а противник е “довчерашниот” прволигаш – екипата на КК КУМАНОВО 2009. Терминот е добро познат (сабота, 07.10.2023 година, 19:00 часот), а локацијата исто така – салата на ООУ “Добре Јованоски”.

Главен спонзот на тимот е “Прилепска пиварница”, а спонзори се и “Комфи ангел”, “Бимфуд” и “Матадор”.

На натпреварот од сениорите ќе претходи и дуел на младите екипи до 16 години меѓу Мега Баскет – ТФТ Скопје. Овој натпревар се игра со почето од 16:00часот.

(Фото) Во три дена два медали: Младата бодибилдерка од Прилеп фасцинираше со својот изглед на Државното првенство

Вчера во спортската сала “Јане Сандански” во Скопје, се одржа Државното првенство во бодибилдинг и фитнес за 2023 година.

Натпреварот беше во организација на Бодибилдинг и фитнес федерацијата на Македонија, а учесниците се натпреваруваа во категории тинс, јуниори, сениори и ветерани, во машка и женска конкуренција.

Учество на натпреварот зеде и младата бодибилдерка од Прилеп, Андреа Аврамоска, која во три дена освои нов сребрен медал во конкуренција бикини фитнес за сениори.

Ова е огромен успех за нашата прилепчанка, ако се има во предвид дека Андреа за релативно краток временски период, со макотрпна работа, посветеност и неверојатна желба, го постигна нејзиниот атлетски изглед.

Само пред три дена, младата прилепчанка стигна до сребрен медал во истата конкуренција на “Паљо класик опен 2023“ во Битола.

-За прво искуство и прва сезона во овој спорт, задоволна сум од себе и своите успеси. Ова е дефинитивно еден од спортовите кои бараат извонредна дисциплина, а најмногу од се правилни луѓе околу спортистите. Огромна благодарност до Ангела Гелинческа , мојот ментор, која ме запозна со се што ми беше потребно, секогаш тука за било каква поддршка и бескрајно топла и мила личност – напиша Андреа.

ФОТО/https://www.instagram.com/mikinikoloskiphotographyy/?fbclid=IwAR106FGq3udJHXRFfp4j6Oik8YsHdapTnNC3C7yNCEqXdw3FiyxmP4bFU8U

На тие 78%, в година уште 400 евра плус на плата? И сите молчат

Функционерските плати ќе бидат поголеми и до 400 евра од идната година. Според законот тие растат согласно растот на просечната плата. Ова значи дека околу 2.000 функционери ќе добиваат уште повисока плата по она 78% покачување кое го крена револтот на максимум кај граѓаните – објави “АЛФА ТВ”

Покачената плата која сега „ легнува “ на сметките на функционерите е според исплатената просечна плата во 2022, а во 2024 просекот ќе биде според она што е годинава. Во јули просекот во Македонија е 36 286, а се очекува до крај на годината да е значително поголем, со оглед на тоа што се покачија и платите во јавниот сектор .

Законот вели дека платата се утврдува според основицата која е просечната плата на што се додава искуството:

Платата на функционер и на раководен работник се утврдува на начин што основицата за пресметување на плата се множи со утврдениот коефициент и се зголемува за процентот за работното искуство. Работното искуство се вреднува така што платата во месечен износ се зголемува процентот утврден за работното искуство од 0,5% за секоја започната година работен стаж, а најмногу до 20%.

Коефициентот за утврдување на платата за претседател на Република Македонија, претседател на Собранието и претседател на Владата, изнесува до 4,50, стои во Законот .

Според ова ако се земе просечната плата исплатена во јули годинава, и додаденото искуство би илзегло дека првиот човек на државата со 33 години работно искуство би земал околу 190 илјади денари , што е повисоко за околу 30.000 колку што доби со минатото покачување

Целиот прилог погледнете го ТУКА

Ќе готвиме ручек на евтина: Регулаторна кажа од кога ќе се врати евтината дневна тарифа на струја

Домаќинствата евтината дневна тарифа на електричната енергија ќе може да ја користат од 13 до 15 часот, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Оваа бенефиција граѓаните ќе започнат да ја користат од декември. Иако, првично беше најавено дека евтината дневна тарифа ќе биде вратена со стартот на грејната сезона, тоа нема да се случи, регулаторот и ЕВН постигнаа, два часа поевтина струја во текот на денот домаќинствата да користат од декември.

„Дневна евтина тарифа ќе стартува во декември, граѓаните ќе можат да ја користат во периодот од 13 часот до 15 часот и секако останува на сила и ноќната евтина тарифа од 22 часот до 7 часот изутрина.

Но, според информациите кои ги добивме од енергетската компанија која е во приватна сопственот, ЕВН Македонија само 170 илјади броила се со далечинска комуникација, односно толку броила може да се ресетираат директно од објектите на ЕВН, останатите нешто над 650 илјади броила ќе треба екипи на енергетската фирма да ги сетираат на лице место. Од ЕВН за ТВ 24 велат дека најголемиот дел од броилата ќе ги приспособат уште на први декември, а проблем може да им претставуваат недостапните броила.

„Од први декември ќе влегува во сила, новиот тарифен систем, а од тогаш ќе започне и сетирањето на броилата. До тогаш ЕВН ќе ги направи сите технички подготовки и софтверски тестирања и слично.“

Евтината дневна тарифа беше укината од страна на регулаторна на први јануари ланската година. Образложението тогаш беше дека тоа многу ја чини државата во време на енергетска криза. Кризата со енергенски не е завршена и ризиците се се уште присутни во однос на тоа како ќе се движат цените на електричната енергија и гасот на светските берзи.

Дали на повидок е нов ценовен шок? Од утре со новиот владин закон поскапуваат над 1000 артикли – еве што се’

Граѓаните утре повторно ќе се соочат со нов ценовен шок. Владата по итна постапка го донесе законот за повисоко ДДВ, но листата на производи ја криеше, споменувани беа само перките од ајкула, чија семето, тартуфите, сирењето со мувла.

Сепак од утре поскапува речиси се’. Сител телевизија ја објави листата на производи за кои од владата уверуваа дека ќе бидат само луксузни.

За Владата во луксузот се вбројува и брашното, џигерот и сладоледот. Со повисока стапка од 10 отсто ќе се даночат сите видови замрзната риба, освен осличот, пастрмката и пангата, замрзнатите теста, млечните и сирни намази, сирењето и урдата, зденката, пармезанот, ајдемер и гауда кашкавалот, павлаката за готвење, растителните сирења и намази.

-Меѓу нив е и лутеницата, цвеклото, фефероните, мајонезот, сите видови апетисани, компоти, конзервирана храна, полнети макарони, тортиљи, нудли. Поскапуваат и храната за децата – гризот, овесните снегулки, муслите, сладоледот, еурокремот, сите видиви бонбони, чипсот. По нови повисоки цени ќе се продаваат и сите чаеви, тропското овошје, сите видово сушено овошје, сусамот, сончогледот, инстант кафињата, наполитанките, црниот бибер, мастиките, најголем дел од зачините, објави Сител.

Маркетите веќе ја добиле листата производи и ги подготвуваат новите цени. Со зголемување на ДДВ во буџетот власта очекува да се соберат дополнителни 70 милиони евра.

Со љубов за Тоше – Вечерва голем концерт пред спомен-куќата на Тоше во Крушево

Денеска со почеток во 19 часот на „Гумење“ во Крушево, пред спомен-куќата „Тодор Проески“ по втор пат ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески.

Дел од настанот во чест на нашата најголема музичка ѕвезда ќе бидат Фрајле, Бојан Маровиќ, Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев и Инвиктус бенд.

Концертот под мотото „Со љубов за Тоше“ се одржува на денот на последниот концерт на Тоше одржан неколку дена пред неговата трагична смрт на Градскиот стадион во Скопје.

(ВИДЕО) Прекрасна манифестација во прилепската гимназија по повод Светскиот ден на наставникот

Денешниот ден во светот се празнува како светски ден на наставникот – најблагодарната професија, која за жал кај нас не е доволно ценета.

Светскиот ден на наставникот беше одбележан и во прилепската гимназија “Мирче Ацев”, каде учениците се претставија со повеќе извонредни точки.

Учество зедоја ученици од сите генерации, а посебни овации предизвика изведбата на “Заветна”. Уживајте во продолжение:

Од вечерва бензините поевтини од дизелот – Ова се новите цени!

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,95% во однос на одлуката од 2.10.2023 година.

Бензинот Еуросупер БС-95 од вечерва ќе поевтини за 2,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-98 се намалува за 3 денари за литар.

Цените на Еуродизелот и Екстра-лесното масло за домаќинство остануваат исти.

Од вечерва, литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 83,5 денари по литар, додека 98-октанскиот бензин ќе чини 85,5 денари за литар. Литар дизел гориво и понатаму чини 86 денари, а Екстра-лесното масло 85 денари.

Цената на мазутот од вечерва изнесува 46,979 денари за килограм.

И прилепчани го чекаат ова! Фатени тројца дрвокрадци со 12 кубици бесправно сечени дрва во неготинско (ФОТО)

На 04.10.2023 во 17.30 часот на место викано „Бела Вода“, атар на с.Калањево, неготинско, полициски службеници од Полициската станица Неготино ги лишиле од слобода Х.Ч.(27) од Неготино, С.С.(68) и А.А.(56) од с.Тимјаник, неготинско, поради постоење основи за сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 став 3 од Кривичниот законик.

При преглед на теренот, во дворно место од викенд куќа на Х.Ч. биле пронајдени околу 12 кубни метри огревно дрво без документација, пила и други предмети поврзани со делото. Во близина, исто така, биле пронајдени и две тракторски приколки натоварени со околу 10 кубни метри огревно дрво, сопственост на С.С. и А.А., и дополнително околу шест кубни метри дрво во близина на приколките, сите без документација.

За настанот била известена Шумска полиција, а дрвата, приколките и другите предмети биле одземени за понатамошна постапка. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска е Светски ден на учителот! Се вреднува ли доволно најблагородната професија кај нас?

Денешниот ден, 5 Октомври, е прогласен за Светски ден на учителите.

„Учителот е огледало на воспитно-образовниот процес и модел на позитивно делување над младата популација, која треба ја насочи правилно кон иднината во сите современи сфери и аспекти“.

„Да се биде учител, наставник, воспитувач, професор е најблагородната, најубавата но и воедно многу одговорна професија која подразбира посветување и одрекување од своето време, времето за себе и најблиските за да се посвети на иднината, на децата и учениците“.

„Учителите се вторите родители на децата, нивни извор на знаење, разбирање и поддршка, личности кои на најмалите им служат како пример, ги образуваат, воспитуваат, им помагаат секојдневно да растат и да се развиваат за здрав и успешен натамошен живот“.

„Професијата наставник комбинира мудрост и младост на душата, креативност и огромна енергија, добрина и сериозност“.

„Мисијата на учителот е одговорна работа која бара континуирана надградба на знаења и вештини за излегување во пресрет на различните потреби на младите генерации кои успешно ќе се носат со животот“.

НЕКА НИ Е ЧЕСТИТ 5 ТИ ОКТОМВРИ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА УЧИТЕЛОТ!