Да знаеше слонот дека олку чурук прилепчани ќе се изродат, и тој ќе заминеше во Германија (ФОТО)

ФОТО/ФБ/Aleksandar Elenin

Маратонецот Александар Еленин на својот ФБ профил објави фотографија од целосно опожарената барака, која во рамки на проектот „Маркови Кули – заштита и делување“, требаше да биде сувенирница, а беше подигната веднаш до познатата карпа – слонот.

-Сè што треба да знае засега светот за нас прилепчани – поворка на еден подвид во еден подживот, без порив, настројба, потреба и елементарно чувство да се сроди и идентификува со нешто арно, било што. Празна аморфна маса од едно колективно Ништо. Толку. Секој проблесок измеѓу, од време на време, само чиста и минлива случајност. За жал, тие сме и такви, напиша Еленин.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.