Гордост на Прилеп и Македонија! Дечките од танцовото студио New Generation освоија прво место на Интернационалниот натпревар во Белград (ВИДЕО)

Прилепското танцово студио NEW GENERATION, се апсолутни победници на големиот интернационален денс фестивал (Белград INTERNATIONAL DANCE OPEN), кој е еден од најдобрите настани во регионот и натпревар на кој се собираат најдобрите групи на едно место.

“Прилеп и Македонија треба да видат горди на нашиот успех. Учествувавме во повеќе категории во хип-хоп, стрит денс и др. Освоивме 4 први и едно второ место во формации, две први места во хип-хоп соло, едно прво место во стрит денс и две први места во опен категорија. Исто така имаме и едно прво место во дуо стрит денс, како и многу други високи пласмани”, вели тренерот на дечките Оливер Богојевски.

Покрај признанијата и медалите за дечките кои се искачија на пиедесталите, NEW GENERATION во Прилеп се вратија и со 4 пехари.

“На гала вечерта влеговме со две наши точки – Магдалена Еленоска настапи соло во хип-хоп, а тука беше и нашата формација 048 D.S.N.G. Прогласени сме за втор најдобар клуб од 46 колку што учествуваа. Добивме признание за најдобра победничка формација на гала вечерта, каде со свои точки се претставија 20 групи и ни беше доделена парична награда од 300евра, а успеавме да се избориме и за пласман на Европското првенство”, вели Богојевски

Честитки за овие талентирани дечки кои од година во година прераснуваат во вистински амбасадори на Прилеп и Македонија. Им посакуваме уште поголеми успеси во иднина.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.