дома блог страница 906

На втор ден Божик во Прилеп се пpaзнyва и Cветецот чија икона стана чyдо пред 7 години (Фото)

Денеска православните христијани го празнуваат вториот ден од Христовото раѓање – Божиќ. Денеска исто така православната црква го слави и Соборот на Пресвета Богородица како и споменот на Свети Никодим Прилепски и Тисмански.

Пред 7 години, на 31 март 2015 година во Прилеп, според православната црква, токму во храмот „Св. Благовештение“, се случи чудо, бидејќи иконата на Св. Никодим Прилепски, која сега стои во средината на црквата започна да мироточи.

Капките од мироточењето и денес се познаваат на иконата.

ВТОР ДЕН БОЖИК: Денеска е Сoбop на Пpecвета Богopoдица

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 26 декември.

Денеска е Собор на Пресвета Богородица.

Црквата утврдила веднаш после големите празници да се слават и учесниците во настанот што се празнува.

Затоа денес, по празникот Рождество Христово, се слави Пресветата Богородица. Најмудра пракса.

Зашто најчистата утроба на Марија беше единствена способна да го прими оној кој го надвишува се она што е создадено.

Во таа смисла Црквата ја нарекува Девица Марија врата на спасението.

Нешто невидено досега! Огромна армија деца во Битола, мајки, татковци, баби и дедовци, во еден глас пееја и го најавија Христовото раѓање

Убавина за која не се потребни зборови! Погледнете и уживајте! Бадникова поворка во пресрет на Божик во Битола.

Дрон видео: Џоле Трајчевски

Видео: Христо Спасевски

(ФОТО) Кривата банедера во “Вишне”, виси како “Дамоклов меч” и во секое време може да предизвика катастрофа

Крива бандера кај Градскиот базен во Прилеп виси како “Дамоклов меч” и во секое време може да падне, и со себе недај Боже да земе и жртва.

Бандерата е целосно дотраена и скапана, па иако се празници, потребно е итно да се замени. Ако од граѓаните се бара редовно да плаќаат сметки, кои се се’ повисоки, тогаш редно е и ЕВН, или кој и да е оператор под чија надлежност е оваа бандера, итно да ја замени.

По 18-ти пат, над 400 деца од различни градови, религии и целни групи, го славеа Божик на една трпеза во Прилеп (ФОТО)

По 18-ти пат во Прилеп, а во организација на “Детската амбасада за сите деца во светот”, се одржа традиционалниот Божикен ручек.

Над 400 деца од повеќе градови од Македонија, од различни целни групи и различна религиозна припадност, седеа и се дружеа на една заедничка трпеза во хотелот “Салида”.

„Децата му се особени мили на Бога, бидејќи и самиот тој најпрвин бил дете. И ние, како возрасни треба да учиме од нив , оти тие се најчистите и најискрените божји созданија. Со раѓањето на Синот Божји во темната пештера која ја осветли и освети Бог, Христос Спасителот таму каде што ангелите пееа песна „Слава на Бога во висините, а на Земјата мир и меѓу луѓето добра волја и бешесоздадено светото семејство. Ете, по тој принцип и во тој дух и Ние денеска сме тука на ова поголемо семејство од собрани дечиња“, порача владиката Петар кој ја благослови празничната трпеза.

Kaко и секоја година и оваа, општина Прилеп го поддржа настаност и на дечињата им додели новогодишни колетчиња.

„Божик е празник на љубовта и хуманоста. Треба да помогнеме сите и во овие денови организитаме и неколку хуманитарни акции се’ со цел да им се помогне на оние на кои помошта им е неопходна“, истакна Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.

„Морам да кажам дека еуфоријата не’ понесе. Ова е 18-ти Божикен ручек, традицијата профолжува и се надевам дека ќе остане наследство на нашите поколенија. Имаме гости од Струмица, Тетово, од Куманово, нашите гостинчиња од Прилеп, од Крушево, од Битола. Среќни сме што денеска на заедничка трпеза ќе седнат дечиња од разни целни групи“, – посочи Александра Северкоска – Стојаноски, извршен директор на Детската амбасада „За сите деца од светот“.

На оваа прослава Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го доделува најпрестижното признание за општествена одговорност ОРДЕН ЗА НОСИТЕЛ НА МИРОТ. Оваа година ова меѓународно признание го доби компанијата А.Д.„Прилепска пиварница“.

Покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, Детската амбасада додели и плакети за пријател на децата, кои оваа година им припаднаа на: ДОО „Бимфуд“ од Прилеп и „Фан продукција Зоран“ од Прилеп.

Убиство за Бадник во Прилеп – Заедно пиеле, па се степале…

Денеска (07.01.2024) СВР Битола ќе поднесе кривична пријава по брза постапка против В.С.(65) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека на 06.01.2024 извршил кривично дело „убиство“ врз П.Р.(63) од с.Шивец, Кавадарци, со престој во Прилеп, брат на неговата сопруга. Имено, на 06.01.2024 во 17.15 часот било пријавено дека во дворно место, сопственост на В.С. во Прилеп, бил пронајден починат П.Р., со повреда во пределот на главата.

Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Полициски службеници извршиле увид и од преземените мерки и активности и добиените искази било констатирано дека во дворното место В.С. и Р.П. заедно консумирале алкохол, по што настанала меѓусебна вербална расправија, која прераснала во физичка пресметка, во која Р.П. паднал и со главата удрил во бетонски столб од куќа во изградба.

Во 19.35 часот, по наредба на Јавен обвинител, В.С. е лишен од слобода и при извршен службен разговор го признал делото – информираат од СВР Битола.

Преубава слика! Голем број дечиња чекаа за причесна во Параклис, а свештениците ги даруваа со божикни пакетчиња (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Голем број родители, баби и дедовци, денеска на прв ден Божик ги донесоа своите најмали на литургија и причесна во црковниот храм Св. Кирил и Методиј – Параклис.

Сликата беше преубава да се видат толку мали дечиња на едно место кои чекаа на ред да се причестат, а свештениците од овој црковен храм во Прилеп им доделија и божикни пакетчиња.

За многу години! Христос се роди!

(Фото галерија) Над 250 дечиња учествуваа со свои творби на Божикниот конкурс организиран од црквата Св. Петка – Најдобрите добија награди!

Црковниот храм Св. Петка во населбата Точила во Прилеп, за прв пат во Македонија организираше ликовен и литературен конкурс, на тема Рожденство Христово. На конкурсот со свои лични творби учествуваа над 250 дечиња од 1 до 9 одделение, а на најдобрите вчера на Бадник им беа доделени признанија и награди.

Чтец Андреј Иваноски за настанот на својот ФБ профил напиша:

Денес Господ ја излеа својата благодат врз своето верно стадо и нѐ посети преку својот инструмент за оживотворување на нашите грешни души и ни откина парче дел од нашата идна татковина преку својот животворен Дух да го предвкусиме спокојот наш рајот – Царството Небесно. Преку пророците, потоа преку апостолите, апологетите, учителите, светителите, мачениците и сите светии Светиот Дух преку својата благодатна сила им дарил мудрост да го препознаат гласот на вистината и правдата. Препознавајќи го гласот на Тој Дух светите апостоли ја устроиле едната света соборна и Апостолска црква, епископите преку нив и свештениците да го научат верното стадо и да го изведат на патот кон спасението.

Многумина биле повикани, но малцина го слушнале гласот на вистината – својот Пастир и се отповикале кон гласот Негов прибирајќи се во стадото на избраните. Денес ја имавме таа чест и заслуга да го осетиме, восприемиме, доживееме и видиме тој дух на живата Црква која преку младенците, кои го окружуваа и го славеа Богомладенецот повиен во пелени, засолнат во пештерата во јаслите во предгратките на својата Мајка Дева Марија Пресвета Богородица, го предвкусивме делот од нашата духовна вечна татковина. А на кое место тоа би го осетиле ако не храмот, домот на сите кои во својата немоќ, скроб, мака, покајание го побарале спасот во стадото на живата Црква, во местото кое значи наше прибежиште, храмот Господов каде сите верни се собираме го славиме, му благодариме и преку Него, чесните тело и крв, се осветуваме и го вкусуваме, бивајќи едно со Него, лекот на сите болести духовни и телесни на нашите души и тела. Пред храмот посветен на светата преподобна мајка Параскева во Прилеп, се собраа стотици младенци и преку своите неуморни усти го славеа, му благодареа и го благословуваа Бог заедно со ангелите на небесата и викаа: “Слава на Бога во висините и на земјата мир, меѓу луѓето добра волја!”, чиниш небото и земјата се соединија.

Поттикнати од настанот кој ја воскресна нашата вера во единиот Бог, денот кога Несместливиот се смести во утробата на Дева,, позајмувајќи од телото човечко, се Роди, излезе од утробата оставајќи ја истата недопрена како и пред раѓањето, Сасителот наш Исус Христос, малото дете Предвечниот Бог. Стотици младенци сакајќи да учествуваат во радоста на целиот човечки род, подготвиле разни уметнички, прозни и поетски умотворби да му ги принесат на Богомладенецот, преку својот принос да соучествуваат и да сослужуваат во торжеството на овој спасоносен настан. Свештеникот и целото собрание народно се изненади и заплака радосно гледајќи ја ревноста и верата во срцата на децата која блескаше во нивните очи, оживотворајќи го настанот чиниш го гледаш рождеството се случува пред тебе. Господи, колкава и неизмерна е твојата промисла да го спасиш своето стадо, па макар и го гуша да е удавено во блатото на гревот. Никој не остана рамнодушен од овој настан, од умотворбите, од славењето, од благодарењето, па така старешината на храмот Љупче Петрески срдечно им се заблагодари на младите уметници на словото и сликањето и богато ги награди.

Им подготви благодарствено слово и ги благослови за уште поголеми и поплодни трудови и ги повика на благодарствената трпеза на љубовта , да ги причести и тие да се соединат и придружат во радоста на Спасителот да станат наследници на Царството Господово и ги поздрави со празничниот поздрав ХРИСТОС СЕ РОДИ, а пак тие уверени во своите срца му возвратија НАВИСТИНА СЕ РОДИ!

Ете такво чудо ни приреди нашиот Спасител денес кое ќе го паметиме додека сме живи, Господи кој се роди од Дева Богородица и дојде да нѐ спасиш СЛАВА ТИ!

Протоереј Љупче Петрески кој беше иницијатор на конкурсот, вели дека целта е што повеќе празнувањето на Божик да се доближи до децата, а планот е овој настан во иднина да прерасна во традиција.

Прилепчани доследни на верата ги исполнија светите храмови: Христос се роди! За многу години! (ФОТО)

Прилепчани доследни на верата, утрово ги исполнија светите храмови во градот по повод Христовото раѓање – Божик.

Христос се роди! Навистина се роди!

Митрополит г. Петар: Се роди најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината

Се роди Царот, најмоќниот, за да може и најмалиот да стане и да извика – ние сме царски деца. Победник се роди, непобедливиот, да ги одбрани праведниците, да ги придобие грешниците, да ги собори злите духови под небото. Водач се роди, највидовитиот, да ги изведе и поведе изгубените. Се роди просветителот, најпросветлениот, за да го растури мракот и да ја просветли темнината, истакна митрополитот преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски г. Петар.

Утрово, на свечената Божикна богослужба, пред верниците во храмот „Свети Великомаченик Димитриј“, митрополитот г. Петар нагласи дека денеска се празнува натприродното Рождество на воплотениот и вочовечениот Логос Божји, се слави силата на Троичниот Бог што ги надминува законите на природата, но и силата на Божјата љубов со која човекољубивиот Бог го прегрнува човекот и светот.

-Се роди љубителот на човештвото, најљубениот, да ги прегрне кон градите свои и да им даде љубов на сите луѓе. Христос се роди! Поздравувајќи се со овие зборови, ние меѓусебно си потврдуваме и сведочиме дека во светот дошол оној што требало да дојде за спасение на човештвото, и дека не треба да чекаме некој друг. Да го славиме Бога и нека има мир на земјата. Нека надвладее добрата волја меѓу луѓето. Тоа беше најпотребно тогаш, ова е она што му е најпотребно на целото човештво и денес, рече митрополитот г. Петар.

Во своето обраќање до верниците, митрополитот г. Петар истакна дека Христос е потребен и денес, затоа што како што нагласи, без него, народите влегуваат од војна во војна.

-Ах, колку ни е потребен Христос и денес! Без него, народите влегуваат од војна во војна, луѓето запаѓаат од несреќа во несреќа, семејства одат од пропаст во пропаст. Без него, злобата навлезе меѓу луѓето и го распламти огнот на зависта и себичноста. Денес имаме сè повеќе и повеќе раскарани и закоравени луѓе, затапена совест, заслепени души, одроденост, омраза, монструозност и убиства. Сето ова се должи на оддалеченоста на човекот од Бога! Затоа, на народите и луѓето од нашето време, повторно им е потребен Христос. Не им треба никој повеќе од него. Им треба како дневен насуштен леб за гладниот, и како изворска вода за жедниот! Тој е единствениот што му е потребен на светот. Ништо друго и никој друг, нагласи митрополитот г. Петар.

Според востановената традиција, митрополитот г. Петар за време на Божиќните празници ќе богослужи и во други цркви на преспанско-пелагониската епархија.