Moмироски: “Невестите и зетовите за пратеници се познати, мајската свадба може да почне”

Новинарот Зоран Момироски ја објави својата најнова колумна од серијалот ,,Во Прилеп нема проблем, а се е проблем”, каде во најголем дел се осврна на кандидатските листи за пратеници на партиите за четвртата изборна единица.

Во колумната Момироски пишува:

,,Невестите и зетовите се познати,,!!! Мајската свадба може да почне!!! Она што не е познато е колку гости ќе има на оваа заедничка веселба ?! Оти секој ќе си кани според своите можности. Деновиве ќе бидат посетени и ќе бидат поделени покани безмалку во сите домови на заедничката веселба.Затоа во изборните штабови се формирани тимови кои ќе ги делат поканите односно изборните програми а ќе има и дополнителни обврски поединци со себе да кандисаат од 10 до 20 луѓе за да присуствуваат на оваа заедничка мајска веселба. СДСМ реши во четвртата прилепско-струмичка изборна единица од Прилеп да бидат на трето место, добитно место да биде Миле Талески.

На тринаесетто место Кети Стевананџија и на дваесеттото Илија Зероски. На чело орото ќе го води доктор Венко Филипче. Човек од И.Е еден. И, ВМРО-ДПМНЕ конечно одлучи во оваа И.Е. на четврто и седмото добитно место од градов да биде Дејан Проданоски и Петар Ристески ама амбициите се ако може во парламентот место да обезбеди и Билјана Кузманоска. И на дваесетото место е Никола Златески.

Ороводецот од поодамна се знае потпредседателот на партијата Александар Николоски. Ама изненадување е што на второ место е кичевчанецот Антонио Милишески кој исто како Николоски природно припаѓаат во петтата И.Е. Што би значело дека ниту СДСМ ниту ВМРО – ДПМНЕ не создале ,,бренд- политичари,,во оваа И.Е. Битката меѓу прилепските и струмичките активисти за листата на пратеници во ЗНАМ заврши. Миле Цеков од Струмица ќе биде носител на листата. Емил Јанески од Прилеп ќе биде на второто а за градов Максим резервирал уште еден можен кандидат и тоа на четвртата позија. ЗНАМ и Левица во оваа изборна единица би можеле да освојат по едно место во Парламентот. НО,СЕ ЗАВИСИ КОЈ ЌЕ ЈА ФОРМИРА НОВАТА ВЛАДА .

И по овие почетни политички игри и комбинаторики сосема е јасно дека некој во СДСМ го маргинализира Прилеп. Дали тоа е односот на Централата кон градот или желбата на поединци од градот да акумулираат моќ е прашање на кое треба сепак некој е должен да даде одговор. Познавајќи ги политичките состојби и турбиленции во ОО на СДСМ-Прилеп ми даваат за право да се сомневам дека ова е одраз на поединци кои сакаат да го држат градот во заложништво, за да остваруваат исклучиво сопствени желби и потреби. И во сегашниот состав иако партијата е носител на централната власт сепак има еден пратенк. Систем разработен уште пред и за времето кога ВМРО-ДПМНЕ ја имаше централната власт. А тогаш како претеник од опозицијата си ,,царуваше,, Горан Сугарески, кој од позција на опозиција си го помина мандатот лефтерно. Си се шеташе како ,,паун,, низ градот, по прилепските улици ама се шеташе со мобилниот на уво па дури и тогаш кога со никого не зборуваше. И тоа наменски да не го запре некој и да не го вознемири со личен проблем.

Имаше многу мал временски интервал во овие дваесеттина години кога во ,,тајфава,, беа вклучени како пратеници и Хари Локвенеци и Кети Смилеска. Одраз на ваквите долгогодишни состојби се под ,,диригентска палка,, на поединци, јас ги нарекувам Г.Г ( група граѓани ) кои и сега се ,,природна непогода,, која серозно ќе се рефлектира и на овие избори.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.