Математиката е јасна! Две победи во последните две кола за пласман во плеј-оф! Утре сите да ги поддржиме момците на Мега Баскет

Прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет, утре во спортската сала на ООУ “Добре Јованоски”, со почеток од 19ч, го пречекуваат вториот тим на МЗТ Скопје.

Ова е последен домашен натпревар во регуларниот дел од сезоната во Втората кошаркарска лига, а математиката на прилепчани е јасна – две победи во последните две кола, за пласман во плеј-оф разигрувањето.

Прилепчани се наоѓаат на деветтото место на табелата и по трите последователни порази, ќе мораат да најдат мотивација за да го изненадат петтопласираниот тим на МЗТ.

Бидејќи само победа ги остава во игра прилепските момци за продолжување на сезоанта, потребна е поддршката на сите вљубеници во кошарката и полна трибина.

Се гледаме утре во ДОБРЕ!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.