дома блог страница 905

Ова се новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ

Дизел горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар по литар, а цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за половина денар, додека цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 79, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 72,5, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 72 денара за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,281 денари за килограм се зголемува малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 41,517 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,355 отсто, кај дизелот за 2,341, а кај екстра лесното масло за 2,138 отсто, додека кај мазутот има зголемување за 0,219 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,566 отсто.

Даниела ја продолжува мисијата на Љупче: “Автоконтрол” донираше нова спортска опрема за малите фудбалерчиња од школата “Перак” (ФОТО)

По којзнае кој пат компанијата “Авто Контрол” ја покажа својата општествена одговорност, особено кога е во прашање поддршката на спортот и спортските клубови во Прилеп.

Мисијата на Љупче Перканоски, сега ја продолжува неговата сопруга Даниела Перканоска, а својата несебичност уште еднаш ја покажа, преку донација на спортска опрема за фудбалерчињата од генерацијата 2014 во фудбалската школа “ПЕРАК”.

Тренерот на школата, Зоран Димоски, упати огромна благодарност за донацијата и вели дека оваа опрема е од огромна помош, особено пред настапот на овие млади деца на силниот Меѓународен турнир во Сараево.

Божиќно утро полно со љубов! (ВИДЕО)

Од болницата “Плодност” на ФБ објавија како изгледало нивното божиќно утро:

Трет ден Божиќ: Православните христијани го пpaзнуваат Св. Стефан, заштитник на бoлнитe, стapите и сиpoмашните

Православните христијани денеска на третиот ден од Божик го празнуваат Свети архиѓакон и првомаченик Стефан, кој бил каменуван зашто проповедал дека во Исус не веруваат само лошите луѓе. Именден празнуваат: Стефан, Стефанка, Стефанија, Фанија, Фанка, Стојан, Стојанка, Стојмен, Стоичко…

Веднаш по слегувањето на Светиот Дух во Ерусалим била формирана христијанска општина, биле избрани седум ѓакони да се грижат за сиромасите, за болните, старите, вдовиците и да ги делат подароците што христијаните ги давале на црквата. Најстар во тие седум ѓакони бил Стефан поради што бил наречен архиѓакон.

Еднаш мноштво Евреи, фарисеи и садукеи се расправале за Исус Христос. Едни тврделе дека е вистински син Божји, други дека е пророк, трети дека е измамник. Тогаш се замешал Стефан кој инспиративно зборувал за Исус Христос напомнувајќи дека во него не веруваат само лошите луѓе.

Посрамотените противници што не можеле на Стефан да му се спротивстават со факти веднаш го наклеветиле пред насобраниот народ дека ги навредувал Мојсиевите закони. Разгневениот народ поверувал на лажните обвиненија и на лажните сведоштва. Го изнесле Стефана надвор од градот и го каменувале. Умирајќи тој се молел на Бога за себе си, но и за тие што го убиле.

Во претсмртниот час извикал: „Господе, не земај им го ова за грев.“ Народот што го каменувал Стефана му ја соблекол белата облека и му ја дал на едно момче по име Савле да ја чува. Тоа момче, во тоа време жесток противник и прогонувач на христијаните, подоцна со името Павле, станало најголем приврзаник и афирматор на христијанството.

Христијаните го зеле телото на Стефана и достојно го погребале во близината на Ерусалим. Култот на св. Стефан е стар колку и самата Христова црква, зашто тој е почитуван исто колку и апостолите. Уште светиот апостол Павле него го нарекува маченик Христов. Култот особено пораснал по наоѓањето на неговите мошти и нивното пренесување во Цариград.

Преданието вели дека пренесувањето на моштите на св. Стефан во Цариград било за време на владеењето на Константин Велики и за време на патријархот Митрофан. Животните што ја влечеле колата во кои биле моштите на св. Стефан на едно место одеднаш застанале и со човечки глас рекле: „Зошто нè тепате? Светецот треба да биде поставен овде!“ Царот веднаш на тоа место подигнал црква посветена на првомаченикот.

И во црковните песни и проповеди св. Стефан се нарекува: прв, врв на мачеништвото, почеток на мачеништвото, прв во маченичката фаланга итн.

Народот го празнува Свети Стефан на 9. I./27 XII, а тоа е третиот ден од празникот Божик. Тогаш се оди на именден кај Стефановци, но сите песни, верувања и обичаи што се изведуваат на овој ден се поврзани со Божик.

Илиеска: Антикризните мерки на Владата се козметички и површни, земјата ни тоне во корупција, а сивата економија е поголема од 33% од БДП

Корупцијата е сериозен проблем за Македонија. „Ја задушува економијата и сериозно го контаминира воздухот кој го дишат фирмите“, вели во интервју за Магазинот за туризам и менаџмент Анастасија Илиеска, поранешен директор на Управата за јавни приходи, екс-Државен секретар во МВР и поранешен советник за безбедност на Претседателот на државата. Таа во интервју за порталот magazinturizam.mk , анализира дека сивата економија во Македонија е поголема од 33% од БДП, што би било дополнителни 795 милиони евра приливи годишно од даночни приходи во буџетот. Само за споредба, просекот во земјите на Европската Унија е 19,4% од БДП. Илиеска во интервјуто зборува и за инфлацијата и за владините мерки, кои ги оценува како козметички, површни и периодични, и кои не создаваат сигурност и иднина.

На прашањето колку успева Владата да ја сузбие корупцијата, а со оглед на тоа дека многу меѓународни институции и амбасадори, во секој извештај и секоја изјава, како главен проблем ја нотираат корупцијата, Илиеска вели:

-За жал, граѓаните многу порано ја чувствуваат оваа епидемија, многу порано пред таа да е констатирана од страна на меѓународниот фактор и меѓународните организации, кои реагираат на создадените последици. Основна причина за присутната системска индиферентност и несовесното раководење е корупцијата. Изминатите години од Владата не видовме сериозна заложба во борбата против корупција, па поради тоа таа е на највисоко ниво од осамостојувањето на државава. Корупцијата е длабоко навлезена во порите на државните системи од највисоко до најниско место и длабоко ги има разорено скоро сите институции. Таа ситуација е евидентирана и констатирана, и поради тоа индексот за перцепција на корупција секоја година по 2017 година расте.

Според „Транспаренси интернешнал“, веќе три години по ред сме рангирани над 100. место според индексот на перцепција на корупцијата, а борбата со корупцијата во изминатава година стагнира.

Според фондацијaта „Херитич“, која рангирањето на државите го прави според степенот на борба со корупција, владеењето со правото, интегритетот на институциите и останати показатели, по 2017 година, кога сме биле на 21. место, актуелната влада нивото постојано го зголемува, па во 2020 година сме на 31. место, а оваа година стигнавме до 56. место.

Во Извештајот од Светска банка објавен оваа година, дијагностицирана е сериозна состојбата во државава, каде што е нотирано слабо владеење и лоша контрола на корупцијата, кои продолжуваат да го поткопуваат развојот на Македонија. Дополнително, политизацијата на јавниот сектор, покрај честите промени на министерското раководство, промените во политиките и вкоренетите интереси, го забавуваат спроведувањето на реформите. Сериозноста на извештаите и состојбата која е констатирана во нив е повеќе од алармантна кога е потребно недвосмислено да се почне борбата против корупцијата.

Претходново се потврдува со тоа што Владата ја реализирала стратегијата за сузбивање на корупцијата незначителни 20%, а реализацијата во последната година е само симболични 10%.

Во ситуацијата во која што се наоѓаме, институциите се тие што ги прикриваат корупцијата и криминалот, наместо да ги спречуваат и да ги сузбиваат, што впрочем е нивна надлежност и функција. Корупцијата е институционализирана до степен што најголемите индиции за коруптивни случаи потекнуваат од највисоките раководни структури во институциите назначени од Владата.

За да се искорени корупцијата, особено високата корупција, преку која милиони се одлеваат надвор на приватни сметки, потребно е да постои сигурност и предвидливост дека правдата ќе ги стигне корумпираните.

Независни проактивни истраги, ефикасност на обвинителството, судството кое има клучна улога во борбата против корупцијата, делување на сите надлежни институции во борба против корупцијата на сите нивоа неопходно е потребно.

Целото интервју прочитајте го ТУКА

Велосипеди за најдобрите, богати награди за сите останати: Ова се наградените ученици, од првиот досега Божикен конкурс, кој го организираше црквата Св. Петка (Фото галерија)

Во саботата на Бадник, во дворот на црквата „Св. Петка“, за прв пат во Прилеп и во Македонија, се одржа еден преубав настан, односно финалето на Божикниот награден конкурс за ликовна и литературна творба на тема Рождество Христово, кога беа прогласени наградените учесници на конкурсот. Протоерејот Љупче Петрески изјави дека конкурсот предизвикал неочекувано огромен интерес на кој се пријавиле околу 250 учесници во литературната и ликовната категорија.

-Идејата за Конкурсот произле од желбата, овој „Празник на децата“, зашто Божик е пред се’ Празник на децата, на еден едукативен начин, со нивно активно учество, користејќи ја детската креативност во создавањето на нивните творби, што повеќе да им се доближе на децата, па сите заедно, уште на Бадник, порадосно и посвечено, на овој свечен настан, да го почувствувааат празникот а покрај нив и ние повозрасните, рече в.д. старешината протоерејот Љупче Петрески.

Настанот беше збогатен со присуството на децата од Бадниковата поворка кои испеаја неколку бадникови песни и ги разнежнија чувствата на огромниот број присутни кои целосно го исполнија платото пред храмот. Настанот го отвори дуетот „Reborn of Byzantium“, составен од оперскиот тенор Стефан Неданоски и чтецот Андреј Иваноски кои се претставија со неколку песни а за прв пат ја испеаја својата нова македонска божиќна композиција  „Радувајте се народи сите“

Потоа следеше прогласувањето на победиците а наградените учесници од литературната категорија, пред огромниот број, присутни ги прочитаа нивните творби. Беа доделени 12 богати награди (едукативни атласи, книги, глобуси, штафелаји за сликање, друштвени игри , слатки награди, таблети, слушалки, перници и т.н., и две специјални награди, односно велосипеди.

Жири комисијата ги награди:

Во  ЛИТЕРАТУРНАТА КАТЕГОРИЈА  од I – V одделение

I-во место

НЕНАД РЖАНИКОСКИ IVа одд.

ООУ „Рампо Левката“

Ментор: Наташа Блашкоска

II-ро место

МАКСИМ ИВАНОСКИ Vг одд.

ООУ „Гоце Делчев“

Ментор: одделенски наставник Александра Андоноска

 

III-то место

ДАРИА ЗАЈКОСКА  III-1 одд.

ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп

Ментор: одделенски наставник Виолета Ристеска

 

VI – IX одделение

 

I-во место и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА

ЛЕОН ЦВЕТКОСКИ VII-2 одд.

ООУ „Блаже Конески“

II-ро место

ТАДЕЈ ВЕЛЈАНОСКИ VIII одд

ООУ „Кочо Рацин“

Ментор: Габриела Стојаноска-Станоеска

 

III-то место

ЈАНА МАРКОСКА VIб одд.

ООУ „Кочо Рацин“

Ментор: Наташа Кулевска

————————————

Во ЛИКОВНАТА КАТЕГОРИЈА од I – V одделение

I-во место

ДАВИД СИЛЈАНОСКИ  III-1 одд

ООУ „Блаже Конески“

Одделенски наставник: Ана Бошкоска

II-ро место

ГАЛЕНА КРСТЕСКА  II2 одд.

ООУ „Блаже Конески“

Одделенски наставник: Наташа Ристеска

III-то место

ВЕДРАНА КАРЕСКА  I -1 одд

ООУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Ментор: Сузана Спиркоска

VI – IX одделение

I-во место и СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА

АНИКА РИБЕСКА VIа одд.

ООУ „Гоце Делчев“

Наставници: Филип Перески, Елена Димоска Николоска, Методи Исков

II-ро место

НАТАЛИЈА ТОДОРОСКА IX-1 одд.

ООУ „Блаже Конески“

Ментор: Елена Димоска Николоска

III-то место

АТИНА ИВАНОСКА VII-3 одд.

ООУ „Климент Охридски“

Ментор: Александра Богоеска, Елена Димоска Николоска

Покрај наградените, жири комисијата особено ги пофали и:

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИКОВНА КАТЕГОРИЈА

АНАСТАСИЈА ПОПОВСКА IX4 одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ВАСИЛ КАТОВ  VI4 одд., ООУ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“

НИНА САМАРЏИОСКА IX одд., ООУ „КОЧО РАЦИН“

ДАМЈАН БАРАКОСКИ  IV одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

ИВА АНГЕЛЕСКА  I одд., ООУ „КИРЕ ГАВРИЛОСКИ – ЈАНЕ“

ИНА ТРЕНКОСКА

НИКОЛАЈ БУРНЕСКИ  II одд., ООУ „КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

АНА ДИМЕСКА 5 ГОДИНИ, ЗА НАЈМЛАД УЧЕСНИК НА КОНКУРСОТ

ПОФАЛЕНИ УЧЕСНИЦИ ВО ЛИТЕРАТУРНА КАТЕГОРИЈА

СТЕФАН СТОЈЧЕСКИ II одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

СТЕФАН ЦВЕТАНОСКИ III одд., ООУ „СТРАШО ПИНЏУР“ с. МАЛО КОЊАРИ

ИЛИНА НАУМОСКА  IV одд., ООУ „БЛАЖЕ КОНЕСКИ“

Инаку, планирано е овој Божикен конкурс да се одржува и во наредните години, но поради големиот интерес, може да биде и проширен неговиот формат, односно да имаат право да учествуваат и деца од предшколска возраст, или ученици од средните училишта.

(ФОТО) Внимавајте: Не е змија од 10 метри, туку кабли се влечат по улици

Внимавајте кога поминувате покрај Градската река во Прилеп, на улица “Кеј 9-ти Септември”.

Опасностите во Прилеп демнеат од сите страни, а најмногу од дефекти на електрични и телефонски кабли. Секако тука се и дотраените дрвени бандери, кои на повеќе локации во градот се навалени и претставуваат закана за безбедноста, како на пешаците, така и на сообраќајот.

(Фото галерија) Храмот Св. Петка блеска од убавина! Верниците ги пречекуваат творбите, изработени од вредните детски раце

Овие празнични божиќни денови во храмот „Св. Петка“ се изложени ликовните творби на учесниците во Божиќниот награден конкурс.

Оваа изложба на детски творби, предизвика огромен интерес кај прилепчани, па така овие празнични денови, црквата е преплавена од дечиња кои заедно со своите родители дојдоа во храмот, да запалат свеќа, да се помолат пред Богомладенецот Христос и да ги разгледаат ликовните творби на своите врсници.

Прилепчанец го оставил југото со клучот на брава, па му го украле

На 07.01 2024 во 19.00 часот во ОВР Прилеп, П.Ш. од Прилеп пријавил дека било одземено неговото патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, кое на ул.„Сотка Џингиќ“ го оставил со клучот во бравата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото – информираат од СВР Битола.

Жител на Норово предизвикал инцидент за Божик во Кривогаштани – заврши со лисици на рацете

На 07.01.2024 во 19.30 часот, полициски службеници од Полициско одделение Кривогаштани на ул.„Филип Втори Македонски” во Општина Кривогаштани го лишиле од слобода Ј.Б. од с.Норово.

Тој се однесувал агресивно и попречувал полициски службеници во вршење на службените дејствија.

По документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.