дома блог страница 907

Еве што треба да направите со бадниковото гранче после празниците

Божиќ е еден од најголемите верски празници, а традицијата е полна со убави обичаи до кои многу верници се придржуваат.

Меѓутоа, кога Божиќ ќе помине, често сме сведоци на тажните слики: бадникови дрвца фрлени по улиците и тоа главно крај контејнерите и кантите за отпадоци.

Што треба да се направи со бадниковото дрвце после Божиќ е најчесто прашање кое се поставува овие денови. Како што православието наложува, бадниковото дрвце треба да се остави негде во природа, но многу е важен начинот на кој тоа се прави.

Не треба да се остави со додатоците со кои се продава по маркетите. Значи, отстранете ги украсните додадоци, а самото гранче и листовите оставете ги во шума или парк. Оставањето со непотребните додатоци претставува непочит кон верата.

Не оставајте го гранчето на бетон, два чекори од контејнер, туку покрај некое дрво.

Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта. Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.

Eве кое е значењето на Бадник и бадниковото гранче

Кај сите христијански народи има низа обичаи за Бадник, особено поврзани со Бадниковата вечера.

Зборот Бадник веројатно доаѓа од старословенското значење – да бидеш буден.

И многумина други истражувачи на овие обичаи сметаат дека името на овој ден доаѓа од бдеењето и будноста покрај обредниот оган.

Кога станува збор за обредните елементи поврзани со Бадниот ден и Бадник, мора да се има предвид дека тоа се комплексни обичаи кои се случуваат неколку ден пред Бадниот ден, но и по него и сврзани се со обележување на раѓањето на Исус како симболза новото Сонце – новата година.

Самото најавување на доаѓање на новото божество започнува на Св. Игнат. Од тој ден па се до Бадна вечер нашите предци палеле оган среде село и на врвовите на брдата за да го осветлат патот, како божеството не би го заобиколило нивното село.

На ден пред Бадник ритуално жените се подготвувале за месење на обреден леб (се користело брашно кое тогаш се мелело од првиот страк на пченицата, кој што го нарекувале Божја брада) и се чувал поврзан со црвени конци. На тој ден се одбира и домашно животно кое ќе биде „жртвувано“ за Божик, како и опрема за сечачот на Бадникот.

Во најголем дел кај Јужните Словени, како традиција за Бадник е сечење на младо дабово дрво, сер, а поретко бука или ела. Најчесто се сечел еден бадник, но во некои краеви се сечеле и три, а забележано е и сечење на девет бадници во Херцеговина. Постои и специфичен обичај да се сечат гранки според бројот на машките членови на семејството.

Сечење на Бадникот е обвиткано со многу строги обредни правила: по Бадникот се одело рано наутро и најчесто одел домаќинот. Бидејќи одење по бадниково дрво представувало еден од најважните чинови, домаќинот бил облечен во нова облека.

Сечачот на Бадникот пред сечењето не зборува, а кон Бадникот пристапувал со поздрав и обраќање за на тој начин го побратими или велича бадникот. Бадниково дрво се сечело секогаш од источната страна. При сечењето се земал и првиот ивер на кој му се придавале посебни апотропејни моќи.

Бадникот не се внесува во куќата се до првиот самрак и најчесто се оставал потпрен на ѕид.

Внесување на бадникот е проследено со обредно внесување на сламата и сито кое е наполнето со суви овошја со кои се посипувал бадникот, а потоа со ситото се ставало на трпезата или до огништето.

При внесувањето на Бадникот домаќинот ги поздравува домашните, а тие го поздравуваат Бадникот со благослови. Одејќи со сламата низ куќата домаќинот ја имитирал квочката, а домашните го следеле со ономатопеја на пилињата. На тој начин се барала подршка од натприродните сили за благосостојба и плодност.

По вечерата Бадникот се ставал во огниште да гори и најчесто домашните го чувале цела ноќ. Во некои краишта Бадникот се полевал со мед, во други на него се ставала златна пара. Во некои краишта, Бадникот не се оставал да догори до крај и неговиот остаток се чувал како силен апотропеон за болести, заштита од штетници и слично.

Името на Бадникот доаѓа од зборот бдеење, кое било својствено за практиката бадникот да гори цела ноќ со што неговите моќи се пренесувале на огништето кое го симболизирало семејството и напредокот.

Прекрасно и полно со љубов: Распеано и весело во Бигорскиот манастир во пресрет на Божик (ВИДЕО)

Во Бигорскиот манастир секогаш е весело и распеано во пресрет на Христовото раѓање – Божик, а така беше и синоќа кога членовите на хорот “Митрополит Козма Пречистански” пееја Божикни каланди пред Владиката Партениј.

Служнете во продолжение:

Татко и син рано утрово нападнати од обезбедувањето на битолската болница?

На 06.01.2024 во 07.17 часот во СВР Битола, С.Т.(24) од Битола пријавила дека во дворот од Клиничка болница Битола нејзиниот татко и брат биле физички нападнати од лица вработени во обезбедувањето на болницата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – стои во соопштението од СВР Битола.

Од најмало до најстаро покрај коледарските огнови: Прилепчани верни на вековната традиција (ФОТО)

Прилепчани ја продолжија традицијата на собири во своите маала околу коледарските огнови. Со вкусна посна трпеза, греана ракија, вино и многу музика и оро, синоќа се празнуваше Коледе, речиси секаде низ градот.

Сите маала почнувајќи имаа свои огнови, а прилепчани се дружеа околу нив. Коледарите имаа пријатни временски услови, па затоа ги имаше и во толку голем број околу огновите.

Додека румената ракија ја подгреваше атмосферата, се приготвуваше вкусна риба и посното гравче.

Им посакуваме на сите коледари во Прилеп традицијата да им трае уште многу годни, добро здравје и уште поголемо расположение догодина.

Во неколку дена нападнале и ограбиле повеќемина прилепчани: Петмина малолетници од Прилеп завршија во полициска станица

Денеска (05.01.2024), по преземени мерки и активности, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на информативен разговор во Полициска станица Прилеп повикале пет малолетници од Прилеп.

Тие се сомничат дека на 24.12.2023 околу 01.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале Д.Д.(46) од Прилеп и му одзеле чанта со повеќе лични документи и предмети. Предметите се пронајдени и вратени на оштетениот.

Исто така, тие се сомничат дека на 28.12.2023 околу 21.00 часот во централното градско подрачје во Прилеп физички го нападнале К.С.(19) и малолетник, двајцата од Прилеп и дека истиот ден на ул.„Борка Талески“ физички го нападнале и М.Т.(58) од Прилеп.

По целосно документирање на настаните, против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави – информираат од СВР Битола.

Само во Витлеем и Крушево: По 11-ти пат синоќа се одржа верската поворка “Дева” (Видео/Фото)

Убаво, празнично е пред Божик во Крушево.

По eдинаесетти пат на плоштадот “Никола Мартиноски” во Крушево, синоќа во пресрет на големиот празник Божик, се одржа традиционалната манифестација „Дева“.

Што е Дева?

Накратко, Дева е празник кој го слави појавувањето на ѕвездата која го најавува Христовотo раѓање.

Како се чествува?

Машки деца или возрасни мажи ги посетуваат домовите на Крушевчани држејќи во раката шестокрака ѕвезда и пеејќи песна со која го најавуаат Христовото раѓање. Домаќините за тоа ги даруваат со муштулук.

Што е Дева во чест на новото раѓање?

Тоа е проект на СОУ „Наум Наумовски – Борче“ од Крушево изработен во рамките на одржливиот развој на туризмот. Се потпира на три компоненти:

-економска да обезбеди приход на месното население. Затоа се тука индивидуалните производители од Крушево. Тука се и угостителските објекти од градот, наши редовни поддржувачи, кој имаат за цел да се претстават и да го испочитуваат празникот

-еколошка компонента, која во нашиов случај е запазена со минимална заштеда на електрична енергија. Како? Така што секој од нас, утрешната Бадникова вечера ќе ја помине во блажена атмосфера само под светло на бадниковите свеќи

-и трета компонента – социјална, која има за цел да го потпомогне месното население. Затоа е тука касичката, во која се собираат средства за првото бебе кое ќе се роди помеѓу две Деви на територијата на градот Крушево. Во тој дел покрај вас, многу ќе помогнат и нашите учениците, кои со ѕвездата ќе ги посетат домовите во Крушево и ќе го најават раѓањето Христово.

Младите демонстрираат вековна традиција. Велат, само во Крушево, па дури до Витлеем. Предбожиќни песни, навестувањата, голем број изработени шестокраки црвени ѕвезди, како онаа во Витлеем кога било навестено Исусовото раѓање.

Крушевчани се горди на традицијата која им ја објаснуваат детално на посетителите и на гостите, а тие, пак, гостите, воодушевени од впечатоците – на градскиот плоштад среде Крушево пробуват од посната трпеза, се топлат со напитоците во петојануарската зимска вечер и воодушевено се подготвени да им раскажувата на блиските и на пријателите – Предбожиќната петтојануарска вечер во Крушево вреди да се доживее.

Прилепчанка го пријавила пријателот дека неколку пати ја допирал по телото нејзината малолетна ќерка

На 05.01.2024 во 13.00 часот во ОВР Прилеп, 40-годишна прилепчанка пријавила дека во периодот од февруари до март 2023 година, во неколку наврати нејзината малолетна ќерка била допирана по телото од нејзиниот познаник Д.Н..

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

УБАВИНА! 200 дечиња го најавија Христовото раѓање со Бадникова поворка во Прилеп (Фото галерија)

Под мотото “Почувствувај редост” околу 200 дечиња денеска во Прилеп учествуваа во традиционалната Бадникова поворка и го најавија Христовото раѓање – Божик.

Поворката започна во 10 часот пред Камената бина во центарот на Прилеп, каде градоначалникот на општината, Борче Јовчески, ги даруваше дечињата со коледарски колетчиња.

Откако ги отпеаја “Вечниот Бог”, “Тропар на Рожденство Христово” и “Кондак на Рожденство Христово”, дечињата се упатија кон градскиот плоштад во Прилеп и убаво ја развеселија целата Стара чаршија.

Поворката заврши во црквата Св. Петка, каде дечињата одново пееја и пренесоа радост и среќа. За многу години!

Лебче со паричка за Бадник или за Василица?

Историјата на „василопитата“ е еден настан, кој се случи во IV век во градот Кесарија Кападокиска, во Мала Азија. Во тоа време, Свети Василиј Велики беше епископ на Кесарија и живееше во единство со неговите сограѓани, со љубов, разбирање и помагање еден на друг.

Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш Св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера.

Поради тоа, Св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија.

Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ.

Така значи, со тогашната „василопита“, Св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 1ви јануари, месиме василопита и внатре ставаме златник, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.