дома блог страница 878

Преку ден сонце, а вечерва доаѓа големо разочарување – топлите температури ќе почнат и да опаѓаат

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло наместа со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а од пладневните часови наместа засилен ветер од јужен правец, најизразен долж Повардарието.

Од вечерните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од – 0 до 5, а максималната ќе достигне од 13 до 18 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 16 степени.

За време на викендот ќе дува засилен јужен ветер кој најизразен ќе биде долж Повардарието и во источните делови со над 60 км/час.

Преку ноќта кон недела во западните делови ќе има појава на повремен дожд, а потоа под влијание на влажен бран врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата.

Повремено пообилни врнежи ќе има преку ноќта и во понеделник и ќе бидат проследени со појава на ретки грмежи.

Во вторник врнежите ќе престануваат, а дневните температури ќе продолжат постепено да опаѓаат.

Игри без граници и во техничка Влада: Со „62“ гласа „за“ разрешени министрите за здравство и информатичко општество

Собранието вечерва со 62 гласа „за“ и ниту еден глас „против“ ги разреши министрите за здравство и за информатичко општество и администрација Фатмир Меџити и Азир Алиу. На гласањето не присуствуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Меџити и Алиу се разрешени по предлог на техничкиот премиер Талат Џафери кој од собраниската говорница денеска образложувајќи го предлогот за разрешување рече дека според законот, не може да има два опозициски субјекта во состав на Владата и дека тоа е основната причина зошто е предложено разрешувањето на двајцата министри.

– Воопшто не станува збор за нивната стручност и професионалност кон што имам исклучителна почит, рече Џафери.

Разрешувањето на двајцата министри уследи по расколот во Алијанса за Албанците откако актуелниот претседател на партијата Арбен Таравари побара поддршка од членството за коалиција со албанскиот опозициски блок на претстојните избори, со што не се согласува претседателот на Централното собрание Зијадин Села.

Полицаец од Крушево заработи кривична за употреба на прекумерна физичка сила и насилство

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против А.Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ. А.Б. во својство на полициски службеник на 08.11.2023 при преземање на службени дејства, неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз Д.Д., при што му нанел тешка телесна повреда.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе и предлог за утврдување на дисциплинска одговорност и изрече задолжителни мерки А.Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Резервирајте навреме! За празникот на виното и љубовта, најдобрата забава во Прилеп само во ресторан “Деспина”

Празниците на виното и љубовта, Св. Трифун и Св. Валентин, прославете ги на најдобар начин.

Ресторан “Деспина” e иделната локација каде во одлична атмосфера ќе уживате во добрата храна, место кое ќе им ги стопли срцата на заљубените и ќе им пружи топлина во душата на љубителите на добрата капка вино.

Па така ако се’ уште се двоумите каде и како да ги поминете овие празници, резервирајте на време и уживајте во прекрасната празнична атмосфера заедно со “ФОРУМ БЕНД”.

Резервации на телефонските броеви:

072-209/996 и 048/403-343

На здравје!

“Матадор” вработува! Се бара едно лице за работна позиција ПРОДАВАЧ НА АВТО ДЕЛОВИ

Компанијата “Матадор” има потреба од едно лице на работна позиција продавач на авто делови.

Информации секој работен ден од 09-15 часот, на телефонскиот број: 075/460-269.

Еве како ќе можете да се вратите во Македонија, ако после 12. февруари сте надвор и без пасош со “северна”

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во повеќе смени, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

-Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, рече Османи.

Османи кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Северна Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа.

По ваучерите за клими, сега ваучери за одмор: Еве на кого ќе му следуваат по 18.000 денари за летување

3.555 работници чии месечни примања во семејството не надминуваат нето приход од 50.000 денари ќе добијат ваучер во вредност од 18.000 денари за одмор во домашни туристички капацитети. Министерството за економија в понеделник ќе распише јавен повик, а право на учество ќе имаат физички лица кои се вработни, но нивните примања не надминуваат 50.000 денари.

Како што велат од Министерството, Програмата за поддршка на домашен туризам за работници со ниски приходи, се обезбедени средства во износ од 64 милиони денари, односно ќе се издадат вкупно 3.555 ваучери.

-Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од Листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија. Потврдата ќе може да се искористи од моментот на добивање до 30 јуни 2024 година и од 15 септември до 1 декември 2024 година, истакна Бектеши на денешната прес-конференција во Владата.

Главната цел на оваа мерка за која и изминатите години имаше голем интерес, додаде, е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор, и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.

-Оваа мерка во минатото даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи. Денеска е краен рок за аплицирање за хотелите кои сакаат да примаат гости со ваучери за одмор. Тие што не аплицирале досега можат тоа да го направат преку пошта или во Архивата на Министерството за економија, прецизира потенцира Бектеши.

“Анима Мунди”: Хорор во Прилеп, вооружен маж застрелал 6 кучиња, крв низ улиците на “Варош”

Има ли полиција, инпектори, служби, или сведочиме на тотален колапс – распад на систем во Македонија? Со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, завчера, 05.02. се застрелани и убиени 6 кучиња кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил, шетал наоружан за да убива – пишуваат на социјалните мрежи од Здружението за заштита на животни “Анима Мунди”.

Фејсбук објавата од ова Здружение за заштита на животните во целост ја објавуваме во продолжение:

Пристигнати ни се податоци од граѓани кој на овој начин го загуби својот миленик. Ова на сликата е Шарче, ѕверски убиен! Читајте што има да каже сопственикот! Со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, населба Варош, улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски. И како да ништо вонстандардно не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите таму некаде на депонија, дело нема.

МВР, АХВ, општина Прилеп, министри, директори, градоначалици, ИТНО да излезете на улица и видите што се случува додека , какви ѕверства се премолчуваат и туркаат под тепих. До наредните стрелби, кога на овој или ваквите психопатот можеби ќе им засмета човек.

Да имавме систем, одговорни функционери и држава, психопатите ќе беа препознаени, лоцирани, ставени зад решетки и ќе се превенираа убиства во иднина. Но не, утре е нов ден и не се знае што се не чека и кој ќе биде идната жртва! Итно казна за директотот на ЈП Комуналец Прилеп за непостапување иако службите биле сведоци на жртви на тешко кривично дело! Сите што удобно седите во фотеља – граѓаните ве плаќаат за да работите согласно закон, го чувате редот нивната безбедност пред и над се. Ќе мрдневте ли со прст ова да се случува во вашето маало, да се пука во средина каде живеат вашите најблиски!? Полиција во Прилеп, веднаш!

“Го исполнивме сонот на нашата покојна мајка”: После емотивниот настап со нејзиниот брат, Билјана си ја отвори душата

Билјана Зероска од Прилеп, со својот настап остави неверојатен впечаток во последната емисија од шоуто “Никогаш не е доцна”, каде после енергичната изведба на “Мама миа”, во ревијалниот дел од емисијата предизвика и прекрасни емоции кога настапи заедно нејзиниот брат, Методија Зероски.

После мини спектаклот кој го приреди, ги сподели и своите впечатоци, и истакна дека со овој заеднички настап ја исполниле желбата на нивната покојна мајка.

“Тој е музичар од својата петта година. Ние ја исполнивме желбата на нашата покојна мајка која е секогаш со нас. Таа е ангел сега, така да сигурно ужива во вашата емисија сега”, рече Билјана.

После настапот со нејзиниот брат, Билјана истакна дека иако со години живее во Англија, таа е горда на своите корени и балкански гени.

-Ние сме со југословенски гени, затоа искрено тешко ми паѓа кога ќе ме прашаат “Од каде си?”. Бидејќи јас како мало девојче имав еден пасош, југословенски. Имав мајка која беше чиста Македонка, татко кој беше Македонец по татко, а баба која имаше гени од Словенија. Така да јас и денеска се чувствувам како Југословенка. Ја сакам Македонија, ние сме родени во Прилеп, но сепак се чувствуваме како Југословени, истакна Билјана.

Преку гласање во бараж дуел со натпреварувач од Босна и Херцеговина, Билјана обезбеди настап и во третиот круг на ова популарно шоу, па и понатаму сите заедно ќе уживаме во она што наредно нашата прилепчанка ќе ни приреди.

Нови забавни содржини на плоштадот “Ченто” во Прилеп (ФОТО)

Кога ќе ги видите овие “алфа машки” машини на плоштадот, тоа значи дека денот наголемува, зимата си оди и полека доаѓа лето во Прилеп…