дома блог страница 879

Врховниот суд ќе му дозволи на Трамп да биде на гласачкото ливче

Дерек Мулер, експерт за изборно право на Правниот факултет Нотр Дам, кој поднесе неутрален поднесок во кој ги анализираше клучните правни прашања, откако Врховниот суд на САД ги слушна усните аргументи, рече дека судиите најверојатно ќе го вратат Доналд Трамп на гласачкото ливче во Колорадо.

-Се чинеше дека судиите се загрижени дека една држава може да влијае на целиот процес на претседателски избори и оти се потребни одредени насоки од Конгресот пред да се преземе таква вонредна мерка, рече Мулер, додавајќи дека изгледа „дека Судот е склон да дозволи политичкиот процес да се одвива“.

Мулер рече дека неколку судии изразиле непријатност поради тоа што државите ја спроведувале забраната без некакви насоки од Конгресот.

-Не е изненадувачки да се види како судиите изразуваат непријатност поради предлогот Врховниот суд на САД да треба да влезе во ваков вид фактичко и правно мочуриште, рече Милер.

Поранешниот претседател Доналд Трамп ги изнесе своите забелешки откако Врховниот суд на САД ги сослуша усните аргументи во случајот за неговата подобност да биде на претседателското изборно ливче.

-Добрата вест е дека водиме во речиси секоја анкета, рече Трамп во коментарите од неговата резиденција на Флорида.

Нови началници на МВР во Прилеп и Битола – Еве за кого станува збор

Воден од принципот на поставување на чесни, искусни и професионални кадри, новиот министер на МВР, Панче Тошковски, направи измени во полициското раководство на СВР Битола.

Од денеска, функцијата Началник на Одделението за внатрешни работи Прилеп ќе ја извршува Марјан Станоевски, долгогодишен професионалец и посветен на службата кадар, кој пред се’ е високоценет во средината во која работи.

Со Секторот за вратрешни работи во Битола пак, назначен да раководи е Сашо Мирчески.

Покрај овие две кадровски промени, Тошковски ги направи и следните кадровски промени:

Сашо Топаловски – СВР Скопје

Бране Паласков – СВР Велес

Никица Петрушевски – СВР Куманово

Игор Смилески – СВР Охрид

Дејан Ефтимов – СВР Струмица

Ивица Вучевски – СВР Штип

Васко Наумовски – Единица за интервентна полиција

Влатко Наумовски – Единица за брзо распоредување

Сашо Зенговски – Оддел за специјални полициски операции

Ивица Станковски – Оддел за внатрешна контрола

Илија Чалшев Менис – Оддел за криминалистичка полиција

Александар Јанев – Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал

Македонија ја доби најлесната група во Лигата на нации – Можеме ли да се избориме за пласман на Светско првенство?

Македонската фудбалска репрезентација вечерва со жрепка во Париз ги дозна противниците во групната фаза во Ц дивизијата на Лигата на нации.

Жрепката одлучи македонската репрезентација да биде дел од групата Ц4 заедно со селекциите на Ерменија, Фарски Острови и Латвија.

Лигата на нациите стартува со натпреварите во септември, на петти и осми, а продолжуваат со натпревари во октомври и ноември. Од ова издание од секоја група по две селекции се пласираат во четвртфинале со ривали од својата конкуренција.

Четвртфиналните дуели се на програмата од 20 до 25 март, а завршниот турнир од 4 до 8 јуни 2025 година.

Може ли Македонија да се избори за пласман на Светско првенство?

И по 7 години без решен статус: Околу 120 лица ангажирани со договор на дело во прилепската болница бараат Решенија за вработување

Без пензиско и здравствено осигурување и за минимална плата, со години работат околу 120 здравствени работници и во прилепската Болница. Задолжени со истите работни задачи како и нивните вработени колеги, овие луѓе, помеѓу кои има и лекари, и медицински сестри, и технички персонал, за овој месец немаат ниту нови договори што дополнително ги вознемирува и разочарува, бидејќи стравуваат дека ќе останат и без мизерниот минималец – oбјави “ТВ АЛФА”.

ФОТО/printscreen/Инфо компас

„Работам пет години на Договор на дело во Итна медицинска помош. Нашиот статус сега не е никако решен. Немаме потпишано ни нови договори и идиме на работа без здравствено, без пензиско, без ништо. Имаме десетина колешки на кои договорите ни се на минимална и под минимална плата од 20.000 денари, а работиме и ноќни смени, и празници, а не е ништо платено. Можно е да не земеме и плата“, рече Мартина Маркоска, договорна сестра во Итната помош, Прилеп.

„Држиме ние и дежурства, денски, ноќни смени и работиме со пациенти, што е нормално, носиме одговорност за секакви лица. Што е до наш домен ние пациентите нема да ги оставиме, ние си ја бркаме својата должност, ама сепак си го бараме своето право да биде решен нашиот статус. Сепак се многу години. Ако вака продолжи, можно е да решам да си заминам и надвор од државата“, вели Мита Стојкоска, договорна сестра од Ортопедското одделние.

“Тука сум шест години, сега ја почнувам седмата година со Договор. Немаме никакви бенефиции. Доколку овие луѓе што се овде – застанат, јас мислам дека нема да функционираат одредени работи“ – кажа Томе Бошкоски, болничар со Договор на дело.

Прилепските договрни здравствени работници, денеска, самоорганизирајќи се како неформална група, упатија апел до сите надлежни институции – итно и трајно да се реши нивниот статус.

„Како прво и основно, ние работиме во здравствена установа, а немаме здравство. И тоа е апсурд. Ова е апел до Министертсвото за здравство, до Владата, до сите пратеници. Ние се надеваме дека овој проблем ќе се реши, ако не се реши, да сме здрави и живи, ние не губиме, другите губат“, – истакна Благоја Јагуриноски, возач во Брза помош со Договор на дело.

Од менаџментот на прилепската Болница пак, преку соопштение упатија поддршка за овие луѓе, истакнувајќи дека Болницата од ресорното Министерство веќе побарала согласности за нивното вработување. „ЈЗУ Општа болница има реална потреба од: лекари, медицински сестри, лаборанти, болничари и возачи во Итна помош. Апелираме до Министерството за здравство за што побрзо решавање на статусот на овие лица“, се вели во дописот од прилепската Болница.

Каролина Дурло/ТВ АЛФА

Реакција на Ректорот Аце Миленковски за актуелната состојба со личните документи

Реакција на Ректорот на Универзитетот “Скопје”, Аце Миленковски, за актуелната состојба со личните документи:

Голема срамота, навистина голема срамота е за една сериозна држава, како нашата Македонија, актуелен аспирант за ЕУ- (таа истата која многу ја зборуваа), да ја остават во ваков хаос и на штета на македонските граѓани, кои апсолутно немаат никаква обврска да менуваат нешто што сеуште е важечко!

Срамотно и крајно понижувачки е жени и деца да чекаат и по 10 саати, само и само затоа што некој “така сакаше”, а не по желба на мнозинстовто граѓани, кои рекоа ,,НЕ” на менувањето на името на државата!

Крајно нехумано и нечовечки е долго време да знаете, далеку пред самото потпишување, дека ставајќи печат за промена, ставате обврска на и така напатениот македонски народ, на своја штета и морална и финансиска, да ја трпи вашата неукост. Уште еднаш докажавте дека ниту сте имале ниту имате национално чувство за Македонецот!

Сите вие, МОРА да бидете најбрутално казнети за секој ваш чекор за понижување на македонскиот народ!

Вие господа од власта, веднаш мора да го прочитате ,,Пеколот,, од Данте и со право на избор дадено од народот, овој пат последно, да кажете во кој круг сакате да влезете во најтемната дупка од македонската историја! Сепак, ќе се послужам со стиховите на Анте Попоски и ќе завршам.

“Еве ја таа проста земја
од дволичен камен
и сонце.
О, еве ја таа проста земја
од грч
и од чекање.
Што ги научи и ѕвездите да шепотат на македонски
А никој не ја знае”.
(Македонија)

Градоначалникот ве поканува на отчет за сработеното за овие две години

Во недела со почеток од 11ч. во големата сала на Центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе се одржи промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023.

-Ве поканувам во недела на 11.02.2024 година со почеток во 11:00 часот во НУЦК „Марко Цепенков“, на промоција за сработеното на Локалната самоуправа на Општина Прилеп во изминатите две години, 2022 и 2023. Ветивме пред Вас дека ќе работиме отчетно и транспарентно и тоа го докажуваме. Вие преку Вашата поддршка сте нашиот мотив да работиме секојдневно на подобрување и градење на нашиот Прилеп во едно поубаво место за живеење – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Вучиќ: Никој нема да ми наредува, ни Путин, ни Бајден

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ниту еден од функционерите на странски држави нема политичко влијание врз него, премиерот и претседателот на парламентот, дури ниту од Русија.

На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна.

„Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека никој не може да му нареди и дека, како што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“.

Тој потсети и дека Србија сака да биде на европскиот пат и му се заблагодари на германскиот министер за искрените ставови по ова прашање.

„Србија носи одлуки, под ничие влијание, горд сум на таа политика и така ќе биде и во иднина“, рече тој.

Запрашан за бројот на Русите во Србија, по агресијата на таа земја врз Украина, Вучиќ рече дека Русите кои се во Србија главно се ориентирани против претседателот Владимир Путин и дека, како што оцени, интересно е што Украинците во Србија се претежно „ многу повеќе ориентирани во корист на Путин.

„Тоа не е голема бројка, ги има некаде околу 45.000 до 50.000“, рече српскиот претседател, пренесуваат тамошните медиуми.На заедничката прес-конференција со германскиот министер за одбрана Борис Писториус, тој исто така рече дека е горд што претставува земја која, како што нагласи, е слободна и независна.

„Што се однесува до руското влијание, да бидам многу јасен… економското влијание е неспоредливо помало од германското, што се однесува до политичкото влијание, не можам да зборувам за сите актери, можеби врз некои имаат можеби немаат влијание на некои, на премиерот, на собранието и на републиката, никој освен граѓаните на Србија нема никакво влијание“, рече Вучиќ.

Тој повтори дека никој не може да му нареди и дека, како што рече, „ниту од Вашингтон, ниту од Москва, Берлин или од кое било друго место“.

Тој потсети и дека Србија сака да биде на европскиот пат и му се заблагодари на германскиот министер за искрените ставови по ова прашање.

„Србија носи одлуки, под ничие влијание, горд сум на таа политика и така ќе биде и во иднина“, рече тој.

Запрашан за бројот на Русите во Србија, по агресијата на таа земја врз Украина, Вучиќ рече дека Русите кои се во Србија главно се ориентирани против претседателот Владимир Путин и дека, како што оцени, интересно е што Украинците во Србија се претежно „ многу повеќе ориентирани во корист на Путин.

„Тоа не е голема бројка, ги има некаде околу 45.000 до 50.000“, рече српскиот претседател, пренесуваат тамошните медиуми.

Одличните настапи му загарантираа нов договор: Прилепчанецот го продолжи договорот со Ваљадолид

Македонскиот ракометен интернационалец и прилепчанец, Димитар Димитриоски го продолжи договорот со шпанскиот прволигаш Атлетико Ваљадолид.

Крилото и следната сезона ќе го носи дресот на Валјадолид откако клубот му го продолжи договорот и тоа официјално го објави на својата интернет страница.

Димитриоски досега има постигнат 77 голови за оваа екипа, а сезонава има просек по 2 гола по натпревар.

По настапот за неколку македонски екипи, левото крило од Еурофарм Пелистер се пресели во Ваљадолид во 2022 година.

Димовски: СДСМ нема да освои повеќе од 25 пратеници на изборите

„Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. На крајот од денот треба да видиме дали гласачкото тело на Алијанса сака да ја одржи на власт ДУИ или не. Дури и гледаме дека струшкото крило што му беа најблиски на Села, сега се со Таравари. Изгледен ми е резултатот во Алијанса за Албанците. ДУИ му врши работа на Села, но ги затвораат вратите кон другите од Алијанса, изјави синоќа Илија Димовски при гостувањето на Канал 5.

Димовски оценува дека од друг аспект, одењето на претседателски избори одвоено, кандидатот меѓу ВМРО-ДПМНЕ во споредба на кандидатот за претседател на СДСМ и тоа најмалку 120.000 гласови предност на опозицијата, а тоа ќе постигне ефект на лавина и на две недели подоцна парламентарните избори.

-Мислам дека ДУИ ќе има 12, а СДСМ не повеќе од 25 пратеници на изборите. Овој пат е различна ситуацијата, овие избори Албанците ќе имаат поголема излезност. Ако 2008 година се гледа излезноста кај албанскиот блок, таа е поголема од претходните и следните избори. Разликата меѓу ДУИ и Левица на анкетите е од 1% до 1,5%. Многу е битно да видиме каква бројка ќе освојат малите партии, Левица и ЗНАМ сигурно ќе освојат значителен резултат на изборите, рече Илија Димовски.

Милошоски: Еве кои би биле нови обвинители и судии од Прилеп на режираното полагање (ВИДЕО)

Пратениците во Собранието денеска во рамки на 140. седница, дискутираа и гласаа по повеќе закони, меѓу кои и за измените и дополнувањата на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, како и за измени и дополнување на Законот за Академија за судии и јавни обвинители.

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ бараше измените и дополнувањето на Законот за Академија за судии и обвинители да не се става на дневен ред бидејќи со повторно воведување на можност за писмено полагање се дерогира квалитетот на идните судии и обвинители.

Милошоски притоа потенцираше неколку примери, каде овие законски измени ќе овозможат злоупотреба, односно назначување за судии и јавни обвинители според Милошоски на партиски кадри од СДСМ и ДУИ. Меѓу примерите кои ги потенцираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ има и двајца прилепчани.