Ќе биде величенствен настан: На Цветници ќе се осветува 63-метарскиот крст во скопско Драчево

Вo недела на Цветници ќе биде осветен македонскиот Крст во Драчево.

– Заедно со Светски Македонски Конгрес за сите присутни се потрудивме настанот да помине во добра и пријатна атмосфера за која ќе се погрижат Огнен Здравковски, Миле Кузмановски, Бојана Скендеровски како и мешаниот камерен хор ,,Свети Климент Охридски”. Потоа, следува она што ќе го запише историјата – во 12 часот е чинот на осветување на Крстот изграден со многу љубов и големи заложби кое ќе го изврши Неговото блаженство – Архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана прва, г.г. Стефан. Дојдете заедно да посведочиме за овој прекрасен настан, на едно од најголемите православни градби во светот со кој го градиме и нашиот национален идентитет – вели градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.

Крстот во Драчево е висок 63,5 метри, широк 4 метри, со распон на краците од 34 метри, секој крак по 17 метри, постаментот е 12,5 метри, втор по височина во Македонија после оној на врвот на Водно кој е висок 66 метри. Инвеститор на Крстот е Светскиот Македонски Конгрес, а донатори се компаниите Дабар, Прототип и Факом. Воопшто не беа користени буџетски средства од општината Кисела Вода, Градот или Републиката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.