дома блог страница 877

Студентите се запознаа со кариерните можности во СН Групацијата (ФОТО)

-СН Сообраќајниот центар најинтересен за студентите од техничките профили кои денеска го посетија Саемот за вработување, практиканство и стипендии на Техничкиот Факултет во Битола.

Во рамките на Саемот за вработување, практиканство и стипендии што традиционално се одржува на Технички Факултет – Битола во соработка со бизнис секторот, денес свое претставување имаа и СН сообраќаен центар и СН Осигурителен Брокер АД Битола како дел од СН групацијата во која се поврзуваат знаењето и практиката.

„На настанот ги претставивме услугите кои ги нудиме како СН групација, работните места и нивната структурна распределба, обуките и можностите за професионално усовршување наменети за нашите вработени, но и тим – билдинг активностите кои го јакнат духот на нашиот тим.“, вели Билјана Велјановска од СН Сообраќаен центар Битола.

СН Сообраќајниот центар ги промовираше и услугите за зачувување на безбедноста на возачите и моторните возила како чинители во сообраќајот преку проверка на техничката исправност на возилата во станицата за технички преглед во склоп на Сообраќајниот центар опремена со најсовремена опрема потребна за проверка на моторните возила по највисоки стандарди.

Велјановска нагласи дека СН Сообраќаен центар на своите клиенти им нуди повеќе услуги во техничката служба како што се издавање на А – тест потврди од сите типови (фолии, кука, плин), хомологација, легализација, ЦЕМТ, ПТЕУ – потврда за техничко експлоатациони услови. Тука се и услугите за издавање на меѓународни патни исправи кои стануваат се поактуелни во пресрет на празниците и продолжените викенди, како и летните одмори.

За да ја ислустрира природата на работните обврски во центарот, посочува дека за комплетен технички преглед и регистрација на возилото неопходна е соработката со референт од МВР кој е во склоп на СН Сообраќаен центар. Тука исто така се добиваат услуги за брзо и навремено плаќање фактури и испраќање на потребни документи преку соработка со МК Пошти. Воедно тука е и СН Центарот за моторни возила каде со најсовремена опрема се врши проверка и поправка на возилата од страна на стручен и обучен тим.

Преку ваквите информации студентите имаа можност да се запознаат како изгледаат работните обврски и работните места во СН Сообраќаен центар кои се особено интересни за студентите од техничките струки.

„На саемот за вработување студентите од Техничкиот факултет во Битола се информираа за работните позиции во СН – групацијата. Соработката меѓу двете институции е повеќе од потребна и обострана. Студентите беа мошне заинтересирани за пракса и вработување. Воедно многумина изразија и желба лично да дојдат во посета на СН Сообраќајниот центар и на лице место да се информираат за отворените работни позиции.“-вели Велјановска.

Студентите кои го посетија денешниот саем исто така покажаа голем интерес за практикантската програма на најголемото брокерско друштво од областа на осигурувањето СН Осигурителен Брокер АД Битола.

„Саемот за вработување и практиканство е одличен начин да се воспостави првата комуникација меѓу студентите и компаниите. На ваков начин компаниите ја презентираат својата дејност, можностите за практикантство и отворените работни позиции, а студентите имаат можност и самите да се претстават пред потенцијалните работодавачи. Програмата за практиканти која СН Осигурителен Брокер АД Битола ја реализира во соработка со Универзитетот „Свети Климент Охридски“ Битола привлекува голем интерес бидејќи им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата. Toa има големо значење за нивното професионално надоградување. СН Осигурителен Брокер и во иднина ќе ја продолжи таквата пракса.“-вели Анета Шијакова, маркетинг менаџер во СН Осигурителен Брокер Битола.

Од компанијата нагласуваат дека соработката на студентите и компаниите ги зголемува професионалните капацитети на младите, што е особено значајно за нивното напредување на пазарот на трудот.

„Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола настојува да ги поддржи младите во нивниот кариерен развој. Настојуваме да го поттикнеме потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување. И практикантските програми и настаните како што е самот за вработување нас ни овозможува поврзување со квалитетен кадар. Tенденцијатa e зајакнување на капацититете на младиот стручен кадар и тоа создавање на поголеми можности за вработување во секторот на осигурувањето.“-вели Маја Митревска, менаџер за човечки ресурси во СН Осигурителен Брокер АД Битола.

Ви треба контакт за да нарачате најубаво јадење во Прилеп? Еве го решението!

Живееме во време кога како никогаш досега сме преокупирани со работни овбрски, со брзање да стигнеме секаде, да обезбедиме денар повеќе и подобар живот за себе и своето семејство. Па не е ни случајно што во една ваква трка со времето, многу често се случува готвењето да го ставиме во втор план.

Ако ги прашате прилепчани пак, тие ќе ви речат дека одамна заборавиле што е тоа готвење, а зошто е тоа така? Епа Прилеп си ја има “Ана Марија”, кетеринг кој секојдневно се грижи за илјадници трпези со највкусни јадења. И сега многумина ќе речат: “Па тоа не е причина да не се готви дома”. Не е причина, но ако ги погледнете нивните цени, а потоа и вашата сметка за потрошена електрична енергија, и тоа како ќе ви стане јасно за што зборуваме.

20 години традиција се нешто со кое ретко кој може да се пофали, а притоа ниту еднаш да не ги разочара оние кои им ја даваат довербата. Сите кои се увериле во квалитетот на храната, услугата, љубезноста, виското ниво на хигиена и уредност секогаш повторно се враќаат.

Менито е секојдневно богато, има од се’ по нешто, па дури и најпребирливите ќе најдат храна која им одговара. За да нема кавги подома од типот “Што ќе јадеме утре?”, тимот на “Ана Марија” навремено ги известува своите потрошувачи за утрешното мени.

Неодамна во нивниот синџир за храна се приклучи и “Ана Марија” ресторанот за брза храна, лоциран веднаш до кетерингот и место каде прилепчани уживаат во најдобрите хамбургери и гиро во градот. Ако сте вљубеници во овој вид на храна, наш совет е секогаш навремено да порачате на телефонскиот број: 072/267-000, затоа што редот на порачки често е долг.

И за понудата на храна да биде комплетна, сопствениците отворија уште и пица ресторан, кој пак се наоѓа веднаш до средното училиште “Орде Чопела”.

Готвена храна со многу љубов, вкус и мирис за уживање, хамбургери какви нема никаде во Прилеп и пици по најниски цени во градот. Сето ова само во “Ана Марија”, а како успеваат да постигнат се’? Eпа затоа се мајстори на својот занает во кој никој не им е рамен.

А за малку ќе заборавевме. Тимот на “Ана Марија” ви стои на располагање за сите помали и поголеми свечености. Нудат кетеринг прилагоден по вашиот вкус, со кој вашите прослави ќе добијат поинаков шмек.

Бидете и вие дел од илјадниците кои својата својата доверба им ја дале на најдобрите. Веќе од понеделник, стартувајте ја работната недела со нешто вкусно и неодоливо.

Побарајте ги на телефонските броеви: Пица ресторан – 073/444-433
Фаст фуд: 072/267-000
Готвени јадења: 075/234-190
Тимот на “Ана Марија” ве очекува!

ОДЗЕМЕН ТЕЛЕФОНОТ НА МАЈКАТА: Таткото на исчезнатото девојче оди на полиграф!

На Ивана Илиќ, мајка на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), полицијата и го зела телефонот и го испратила на вештачење, дознава „Блиц“. Неофицијално, полицијата ги испитува сите контакти на семејството на исчезнатата Данка Илиќ и нивните врски.

Родителите на исчезнатата Данка Илиќ беа приведени во полиција на распит во врска со исчезнувањето на нивната двегодишна ќерка, која исчезна вчера во 13 часот во Бањско поле кај Бор.

Како што дознава „Блиц“, мајката и таткото на исчезнатата Данка Илиќ биле сослушани за околностите на исчезнувањето на нивната ќерка. На таткото му е извршено полиграфско испитување. Мајката пак, Ивана Илиќ како што пишува „Блиц“ е бремена.

– Полицијата го проверува приватниот живот и контактите на членовите на семејството на исчезнатата Данка Илиќ. Не исклучуваат ниту една можност додека се детално не се испита – вели изворот на „Блиц“.

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот околу 13 часот во предградието Бањско поле кај градот Бор. Потрагата по девојчето се уште трае, а како што соопштија од полицијата, операцијата траела цела ноќ. Имено, како што изјави за „Блиц“ мајката на девојчето, таа била со синот во Бањско поле кога девојчето исчезнало.

– Детето носеше виолетови панталони и маслинесто зелена јакна, со врзана коса. Одговара на името, но сеуште е мала, уште не зборува. Луѓето известија дека била видена во близина на зграда, но ја немало – изјавила во првата изјава преплашената мајка на девојчето.

НОВО РАБОТНО ВРЕМЕ на станицата за технички преглед на возила “ПРИЛЕПЕЦ”

Авто мото друштвото “Прилепец”, во изминатиот период прерасна во супер модерна авто школа со нови и удобни возила и современ објект за технички преглед, дијагностика и регистрација на вашите возила.

Покрај новите модерни услови и одлично екипираниот тим во техничкиот сервис, каде ќе се погрижат за точна дијагностика на вашето возило, механиката и електрониката, отсега во “Прилепец” ви стојат на располагање и за сервисирање на клима уредите во возилата.

Па така ова е добра можност за сите вас подготвено да ги дочекате топлите пролетни и летни денови и да уживате во возењето на вашите миленици на четири тркала.

Oд комапнијата информираат и дека имаат ново работно време во станицата за технички преглед на возила, па клиентите нивните услуги ќе можат да ги користат:

– од понеделник до петок од 08-18часот и
– сабота од 08-15часот

Мицкоски за партиите кои ја напуштаат власта: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна Влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз основа на тој договор, да функционираме како идна влада, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски запрашан од новинарите за коментар за тоа што многу коалициони партнери ја напуштаат владината коалиција и преминуваат во опозицискиот блок.

Во однос на нивниот мотив за ваквите потези, Мицкоски истакна дека не може во нивно име да даде одговор и дека за тоа треба се прашаат тие самите, посочувајќи дека би сакал тоа да е поради фактот дека тие препознале добри работи во изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.

„Околу мотивот и причината, можеби тие ќе треба да ви дадат одговор. Јас би сакал тоа да е фактот што тие препознале во нашата програма добри работи и поради тоа одлучиле да ја прифатат. Имаше и такви кои што преговараа со нас, не успеавме да постигнеме договор, или ќе настапат самостојно или ќе останат заедно со актуелните владејачки партии, дали се тоа СДСМ или ДУИ без разлика“, рече Мицкоски.

Пронајдена дрога кај ученичка во училиште во Битола

Вчера во 13.00 часот во средно општинско училиште во Битола, полициските службеници на СВР Битола лишиле од слобода 18 – годишна ученичка од ресенско затоа што кај неа била пронајдена и одзмена марихуана.

По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Важно известување од станицата за технички преглед “Авто Контрол” за превозниците кои се занимаваат со меѓународен транспорт

Станицата за технички преглед “АВТО КОНТРОЛ” Прилеп, е носител на овластување од Министерството за транспрот и врски за издавање на сертификат за тестот за подготвеност за сообраќај на возилата.

Сертификатот ЕКМТ-ЦЕМТ мора да го поседуваат сите возила што вршат меѓународен транспорт. Проверката на техничката исправност на „EURO3 безбеден“, „EURO4 безбеден“ и „EURO5 безбеден“ камион важи 12 месеци и таа се обновува секоја година.

Преглед се извршува на нови возила, како и на возила што веќе се во употреба. Претставува постапка за проверка на товарните моторни и приклучни возила согласно Европската конвенција за транспорт на Министрите за транспорт (ЕКМТ-ЦЕМТ), за возила со ЕУРО 3 , ЕУРО 4, ЕУРО 5 и ЕУРО 6 стандард.

Возилата кои ги исполнуваат ЕУРО стандардите добиваат сертификат, кој понатаму на превозниците им служи за аплицирање за годишни ЕКМТ(ЦЕМТ) дозволи.

Потребни документи:

-Сертификат од министерство за транспорт и врски со МК-број

-Сообракајна дозвола на возилото

-Сертификат за калибриран тахограф (само за товарни возила и влекачи)

Oд денеска изменет сообраќаен режим на патот Прилеп – Битола

Заради интезивирање на градежни активности во врска со проект “Санација на трупот на патот кај мост на река Шемница на Државен пат Р1101 км 85+903, делница Прилеп – Битола”, и тоа

Од денеска (27.03.2024) ќе има целосно затворање на делницата – информираат од АМСМ.

Поминаа речи си 24 часа: Цела Србија се уште трага по 2 годишната Данка

Трае потрагата по двегодишнотот девојче кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поље, недалеку од Бор во Србија.

Данка во моментот на исчезнувањето носела виолетови панталони и маслинесто зелена јакна.

Мајката раскажала како Данка исчезнала додека одела да му даде вода на постарото дете. Се свртев да му дадам вода на другото дете и кога повторно погледнав, ја немаше“, раскажала преплашената мајка за „Телеграф“.

Веста за исчезнувањето брзо се прошири на социјалните мрежи. Во потрагата учествуваат војска, полиција, кучиња трагачи, граѓани. Системот за алармирање наречен „Најди ме“ беше активиран за прв пат во Србија. Информацијата за исчезнатото девојче е испратена преку СМС до сите граѓани на Србија.

На приодот кон Бањско Поље се поставени пунктови на кои полицијата врши преглед на возила, јавува Танјуг. Проверени се сите напуштени објекти на тоа место, а сослушани се и сите лица кои претходно имале проблеми со законот.

Претседателот на српскиот центар за исчезнати и малтретирани деца (ЦНЗД), Игор Јуриќ, за Танјуг изјави дека „една минута е многу важна“ во случајот со исчезнатите деца.

„Важно е луѓето кои ја примиле пораката, особено оние кои се во околината на Бор, да се активираат и да ги споделат сите информации со полицијата. Затоа што секоја информација е важна сега и може да биде спасоносна. Затоа не двоумете се, дури и ако не сте целосно сигурни, подобро е да го споделите со полицијата“, рече Јуриќ.

„Јавете се на 192. Следете ги вестите. Исчезна дете во Бор“, стои во пораката прикажана на автопатите.

Околу еден час по полноќ почна да врне силен дожд во околината што ја отежна потрагата. Температурите се ниски. Пред куќата на исчезнатото девојче синоќа се собраа голем број луѓе, а местото на настанот го чуваше полициски кордон.

„Околу куќата на Илиќ има неколку дупки. Овде има неколку дупки длабоки меѓу еден и два метра. Овие дупки се наполнија со подземна вода. Моментално проверуваат со стапови дали можеби девојчето паднало во некоја од нив. Засега нема ништо пронајдено во нив“, изјави синоќа еден од соседите, пренесува медиумот.

Градоначалникот на Бор, Александар Миликиќ изјави дека во текот на првиот ден во потрагата учествувале повеќе од 350 лица. „Тоа е приградска населба која има и многу тежок терен. Има шуми и потоци. На самиот крај од тоа место се случи исчезнувањето на нашиот мал сограѓанин“, изјави Миликиќ.

„Речиси повеќе од осум квадратни километри се пребарани со термални камери. Пристигнуваат два дрона од приватни компании кои имаат термални камери“, најави тој. Тој им се заблагодари на сите граѓани кои дојдоа да помогнат, но и апелираше да не се прават големи гужви за да не се мешаат во работата на полицијата.

Шест незгодни прашања од Николоски за Филипче, на кои тешко дека ќе се осуди да одговори (Видео)

Ангажманот на Венко Филипче во 4 изборна единица е потенцијална лидерска битка во СДСМ, смета потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски.

Николовски вели низ 4 ката во седиштето на СДСМ на Бихаќка од луѓето кои што го поддржуваат Филипче се зборува дека по изборите се надева да го преземе раководењето на СДСМ и дека затоа влегува во оваа изборна трка.

Филипче да одговори за неговата улога како Министер за здравство во справување со ковид кризата, бара Николовски кој поставува шест конкретни прашања:

▪️ Прво каде е тој во однос на модуларната болница во Тетово која што изгоре и 14 човечки животи кои што беа загубени таму

▪️второ што мисли за тоа што Македонија имаше меѓу највисоките смртности во корона пандемијата

▪️трето каква е неговата улога при набавката на вакцини преку сомнителни фирми од Хонг Конг за трговија со јужно овошје,

▪️четврто каква е неговата улога во процесот на приватизација на стерилизацијата во сите Јавно здравствени установи во Македонија,

▪️петто дали се обидувал или не една приватна болница во Македонија на сила или под притисок да биде продадена на еден бизнисмен од Албанија,

▪️шесто каква е неговата улога во случајот Онкологија и семејството Пановски

Целата прес конференција на Николоски во продолжение: