дома блог страница 874

Се отвори и третата граница: Од денеска кај уште еден сосед со стари документи

Косово и Албанија се единствените места каде што денеска официјално може да се патува со стари документи. Некои неофицијални информации велат дека оваа одлука властите во овие две земји можат да ја сменат во петок и да забранат да се користат старите пасоши.
Во Србија официјално не е дозволен влез со стари документи, но неофицијално, голем број на патници се пропуштани да ја поминат македонско српската граница со стара лична карта. Стариот пасош кај нашиот северен сосед не поминува. Проблеми за стари возачки дозволи и стари сообраќајни дозволи не се прават на ниту еден од овие три гранични премини.
Во Грција се почитуваат сите правила до најмал детал. Потребно е се да ви е ново за да поминете кај јужниот сосед. Нов пасош, нова возачка, нова сообраќајна дозвола и НМК налепница на регистарските таблички.
Во Бугарија ситуацијата е слична. И таму не може да се влезе со стари документи.

Надлежните препорачуваат граѓаните да проверат дали можат да поминат со старите документи бидјеќи до овој момент, ниту една од соседните држави нема официјална информација за протоколот кој го спроведува при движењето на патниците.

Она што официјално може да се добие како информација е дека бројот на патници во текот на вчерашниот ден бил значително намален под просекот за дневно движење на македонските државјани.

И децата се соочуваат со проблеми: Кога се тажни, еве како родителите можат да им помогнат

Иако ова е најубавиот период во животот на секој човек, и детството има бројни предизвици, убави и помалку убави денови. Со поддршката од родители и семејството, децата лесно ќе се справуваат со сите предизвици и проблеми.

Со овие неколку чекори може да му помогнете на вашето дете да се чувствува подобро.

Поставувајте му општи прашања

За да дознаете што се случува во животот на вашето дете, поставувајте му прашања од отворен тип. На тој начин, детето постепено ќе ви се отвори и ќе ви каже што е тоа што го мачи и како се чувствува. На пример, може да го прашате: „Забележувам дека нешто те растажува. Што се случува?“

Прегрнете го

Секогаш кога некој ќе ве прегрне се чувствувате посигурно, подобро и посакано. Прегратките не смеат да бидат дел од вашето секојдневние само кога вашето дете е тажно. Прегрнувајте го вашето дете во секој слободен момент, прегратките треба да бидат рутина бидејќи во нашето тело се ослободува хормонот на среќа, а тоа влијае врз расположението на детето.

Што и да е, ќе помине

Помогнете му на вашето дете да сфати дека сите лоши денови ќе поминат. Без разлика дали имаат проблеми на училиште, дали имаат проблеми со другарчињата или нешто ги боли, треба да им помогнете да сфатат дека во животот ќе има и вакви денови.

Забавни активности

За да му ги тргнете мислите од проблемите и да го расположите, практикувате некоја заедничка активност, без разлика дали станува збор за некој вид спорт или гледање некоја серија на Netflix. Каква било активност ќе му помогне на детето да ги подобри неговата самодоверба и расположението.

Претседателот на Собранието ќе ги распише претседателските и парламентарните избори

logo

МАКЕДОНИЈА
СОБРАНИЕ
Претседателот на Собранието ќе ги распише претседателските и парламентарните избори
Според Изборниот законик, откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија.

14. Февруари 2024. @ 07:59
4 мин. читање
Сподели
Facebook
Twitter
Email
Претседателот на Собранието ќе ги распише претседателските и парламентарните избори
МИА
Претседателот на Собранието Јован Митрески се очекува денеска попладне да ги распише претседателските и парламентарните избори 2024. Седмите претседателски избори, според политичкиот договор, треба да се одржат на 24 април, додека на 8 мај ќе се одржат единаесетите парламентарни избори, коишто овој пат ќе бидат редовни. Доколку има втор круг од претседателските избори, тие ќе се совпаднат со парламентарните избори и ќе се одржат на 8 мај.

Според Изборниот законик, откако Митрески ќе ги потпише решенијата за распишување на изборите, тие треба да бидат проследени до Државната изборна комисија (ДИК), која ќе усвои роковници со што почнуваат изборните дејствија. Кампањата за претседателските избори се очекува да започне на почетокот на април и неколку дена да се совпадне со кампањата за парламентарните избори. Според објаснувањата од ДИК, за двата изборни процеси ќе има посебни роковници за спроведување на изборните дејствија.

Dancestudio New Generation се спремаат за еден од најдобрите натпревари во балканот на International Belgrade Dance

Ќе земиме учество со неколку формаци едно дуо и неколку соло точки.KIDS DANCERS со две формации во Хип Хоп и Стрит Денс. Нашата мала шампионка Нина Димкоска која минатата година во Сарево со конкуренција од повеќе од 60 танчери го освои првото место и во Белград ќе оди соло Хип Хоп, Михаела Јованоска ќе се претстави и со соло Хип Хоп и стрит Денс, Георгина Маркоска во Стрит Денс и исто така Теона Stojanoska. Happy Girls ке ни се претстават со Хип Хоп формација и соло хип хоп Јана Јиваноска, Илина Ризоска,Јана Николоска и Дарија Ангелеска D.S.N.G Во Стрит Денс формација исто така во соло хип хоп стрит денс и опен категорија Ивана Гогојевска,Магдалена Еленоска,Тајла Кукуљац,Христина Стојкоска,Христина Силљаноска,Aнгела Матеска.

34-годишен битолчанец повреден со остар предмет oд свој помлад сограѓанин

Денеска (13.02.2024) во Полициската станица Битола, полициски службеници извршиле службен разговор со Х.Ј.(27) од Битола постапувајќи по претходна пријава дека по кратка расправија со остар предмет му нанел повреда на Ѓ.Ј.(34) од Битола.

Ѓ.Ј. бил пренесен во Клиничка болница Битола каде му била укажана лекарска помош.

По целосно расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

ВМРО-ДПМНЕ со огромна предност пред СДСМ во третата и четвртата изборна единица – покажа анкетата презентирана на МТВ

Во емисијата „Објектив“ на МРТ беа презентирани резултатите од анкетата на ИПИС направена пред претстојните парламентарни избори закажани за на 8-ми мај.

Во изборната единица 3, огромна предност во рејтингот има ВМРО-ДПМНЕ.

Дека ќе гласаат за оваа партија се изјасниле 32,8% од испитаниците.

За СДСМ ќе гласаат 14,8% од гласачите во ИЕ 3.

Левица добила поддршка од 3,9% од учесниците во истражувањето, а за партијата ЗНАМ се изјасниле 3,5%.

21% од испитаниците рекле дека не сакаат да кажат за кого ќе гласаат.

Најголема доверба ВМРО-ДПМНЕ ужива и меѓу гласачите во изборна единица 4.

Вкупно 30,4% од учесниците во анкетата рекле дека на следните избори ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ, а 16,9% својот глас ќе го дадат за СДСМ.

Во ИЕ 4 за Левица се изјасниле дека ќе гласаат 3,7%, а за ЗНАМ 2,6%.

Малолетник сликал банкарски картички од сограѓани па им крадел пари од сметките

Момче од Кавадарци сликало банкарски картички од сограѓани па им крадело од сметките, за ова попладнево информираа од СВР Велес.

Оттаму соопштија дека ОВР Кавадарци до ОЈО Кавадарци поднесе писмено известување за 17-годишник од Кавадарци, поради постоење на основи на сомнение за сторени две кривични дела „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи“, казниво по член 251 од Кривичниот законик.

– Имено, на 23.01 2024 во соблекувална на сала за вежбање во Кавадарци ги сликал банкарските картички на 45-годишник од Кавадарци, по што во својот дом извршил повеќе трансакции и на тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 8.948 денари. Исто така, на 26.01.2024 на истиот начин оштетил и 42-годишен жител на Кавадарци и со повеќе направени трансакции, се стекнал со противправна имотна корист од 3.300 денари, појаснија од СВР Велес.

Советот на општина Прилеп избра нов командир на Полициската станица Прилеп

Советот на општина Прилеп денеска ја одржа својата 39-седница, на која на дневен ред се најдоа 19 точки, како и точка за избор на нов командир на Полициската станица Прилеп.

Пред советниците беа три имиња, а изборот падна на Горан Колонџоски, професионалец со 10-годишно работно искуство зад него во крим полиција.

За Колонџоски гласаа 15 советници, а еден беше воздржан.

Руската војска во Мариупол изгради нов модерен клинички центар

Градежните трупи на руската војска изградија модерен медицински комплекс во Мариупол. Со површина од над 33.000 квадратни метри, ова е една од најголемите здравствени установи во новите региони на Русија.

За изградбата се предвидени две фази, а првата фаза е завршена пред предвиденото. Медицинскиот центар веќе е изграден по современи стандарди и е опремен со најнова медицинска опрема, од која 97% е произведена во Русија. Објектот е веќе отворен, а првите пациенти веќе имале можност да ги посетат лекарите специјалисти.

Во втората фаза од изградбата, објектот ќе добие нова болничка зграда за прием на пациенти со 400 кревети. Сите згради ќе бидат поврзани со покриени, загреани премини.

Дополнително, на локацијата ќе бидат изградени локални капацитети за третман на отпадни води, паркинг и хелиодром за хеликоптер. Болницата ќе може да обезбеди итна и стационарна нега на болните и повредените.

Навистина се јави: Пачешкоски го наруши примирјето

По Проданоски минатата недела, сега Пачешкоски го возврати ударот и распали по локалните власти во Прилеп. И двајцата како да сакаат да ја демантираат јавноста и дел од медиумската фела, дека наводно имаат договор за меѓусебно ненапаѓање, па по прозивките излегоа на прес конференции.

Прес конференцијата на претседателот на ОО СДСМ Прилеп и Генерален директор на Тутунскиот Комбинат, можете да ја проследите во продолжение: