дома блог страница 873

Направиле ПЕПЕЛ! 354 санкционирани возачи викендот на подрачје на СВР Битола, дури 251 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (29/30/31.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 354 меркa, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 251 санкции, 13 мерки за возење под дејство на алкохол, 43 мерки за непрописно паркирање, 10 мерки за зборување на мобилен телефон…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од СВР Битола.

Прилепчанец викал и карал на цел глас – доби пријава за нарушување јавен ред и мир

На 30.03.2024 во 16.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Леце Котески” М.И.(28) од Прилеп го нарушувал јавниот ред и мир со карање и викање по чл.4 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир.

По документирање на настанот против истиот ќе следува соодветна пријава – информираат од СВР Прилеп.

“Македонија постои, чувајте ја” – Северина се расплака на крајот од концертот во Скопје (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина синоќа во Скопје докажа зошто е на врвот на листата на пејачи во регионот. Атрактивната Далматинка направи музички земјотрес во „Арената Борис Трајковски“ со својот препознатлив перформанс и хитовите кои повеќеилјадната публика ги пееше буквално од почеток до крај.

Очекувано, на радост на целата публика, Северина двочасовниот концерт го започна со големиот хит „Бред Пит“, а го заврши со „Италијана“.

Облечена во мини фустан во облик на корсет, згодна и одлично расположена, неуморно скокајќи и обраќајќи ѝ се на публиката, не дозволи никој да седне ниту да застане за момент.

Кралица на сцената, како што ја нарекуваат, од калибар на светските ѕвезди. Северина е Северина!

Во еден момент ја понесоа силни емоции, па се расплака на сцената, пеејќи ја песната „Родено мое“, посветена на синот Александар.

На одушевување на публиката, Северина ги допре срцата изведувајќи ги песните „Македонско девојче“ и „Јовано, Јованке“, како и „Македонија“ од Дадо Топиќ.

Северина на крајот остави силна порака за Македонија:

– На крајот, имам само една желба, чувајте ја Македонија! Многу ве сакам!

Локални избори во Турција: Eрдоган загуби во поголемите градови, вклучувајќи ги Анкара и Истанбул

Со отворени над 90 отсто од гласачките кутии низ Турција, ЦХП води со 37,3 отсто од гласовите, додека АКП, партијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, следи со 35,78 отсто.

Големи делови од западниот, јужниот и северниот дел на земјата се под контрола на ЦХП, а прокурдската партија Дем доби контрола на дел од југоистокот.

Партијата на Ердоган сè уште доминира во централна Турција и има поголем успех во областите уништени од земјотресот во февруари 2023 година. Ова ги вклучува градовите како Кахраманмарас и Газиантеп.

За време на предизборната кампања, Ердоган истакна дека ова ќе му биде последна, бидејќи претседателскиот мандат завршува во 2028 година.

Озгур Озел, претседател на ЦХП, ги пофали гласачите, велејќи дека „сакаат да ја отворат вратата за нова политичка клима во Турција“.

Турската демократија ја докажа својата зрелост. Денешните избори за нас се пресвртница, а не крај. Секој гласач победи, без разлика дали гласал за нас или не, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган по дебаклот на АКП на локалните избори во Турција.

Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.

Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови. Ќе работиме со градоначалниците кои победија на изборите. Ќе се самокритикуваме. Имавме неуспеси, истакна тој.

Тој нагласи дека неговата влада има уште четири години да ги исправи своите грешки.

Немаме избор во следните четири години. Ќе ги обновиме подрачјата погодени од земјотресот, ќе ја поправиме економијата, рече Ердоган.

Го испрскал со спреј и го ограбил: Прилепчанец доживеал шок од свој познаник

На 30.03.2024 во 17.15 часот во ОВР-Прилеп, В.М.(68) од Прилеп пријавил дека во зграда на ул.„бул.Гоце Делчев” од страна на едно лице, кое според пријавеното му било познаник, бил испрскан со спреј по што му го одзело паричникот во кој имало пари.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Убав ден во Прилеп: Монахот Јоаким од манастирот Св. Никола ракоположен во ѓаконски чин (Фото)

Во втората недела од светиот и велик пост посветена на Свети Григориј Палама, во храмот Св. Кирил и Методиј-Параклис во Прилеп, се служеше света архиерејска литургија, со која чиноначалствуваше неговото високопреосвештенство митрополитот Преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски г. Петар, а, сослужуваше неговото преосвештенство епископот Велички Никола, протоереј Дејан Секулоски, протоереј Веле Спиркоски, протоѓакон Драган Ѓорѓиевски, ѓакон Димитар Поп Атанасив и монахот Јоаким кој беше ракоположен во ѓаконски чин, сега ероѓакон Јоаким.

„Свештен и божествен органу на Премудроста, светла трубо на богословието, согласно те воспеваме, Григорие Богопроповедниче; но, како ум којшто стоиш пред првиот Ум, кон Него упати го и нашиот ум, за да викаме: Радувај се, проповедниче на благодатта“ (кондак на свети Григориј Палама).

Пронајдена Македонката која беше исчезната, соопшти Тошковски

Во врска со настанот кој ја вознемири јавноста, а се однесува на исчезнувањето на лицето Е. Ч. (20) од Република Албанија ја информирам јавноста дека од страна на СВР Скопје во 18:05 часот лицето е пронајдено во близина на хотел Белви во добра здравствена состојба. Од страна на полициски службеници од СВР Скопје ќе се изврши разговор со лицето во врска со причините за исчезнувањето, соопшти техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.

https://www.facebook.com/share/p/Q4gGTeSn2khkx3od/?mibextid=oFDknk

Српски медиуми пренесуваат: Исчезнатото девојче видено во Виена?

Во Виена е видено двегодишното девојче Данка придружувана од две Романки, дознава Телеграф.рс. Полицијата синоќа стапила во контакт со австриските колеги и му ги испратила на Европол сите податоци и видеото, пренесува Прес24.

Како што дознава Телеграф.рс, интензивно се работи на идентификување и лоцирање на девојчето.

За потсетување, потрагата по Данка Илиќ (2) влезе во шестиот ден. Ниту вчерашната потрага не заврши славно и покрај повеќечасовните напори на сите членови на МУП.

Данка Илиќ последен пат е видена во вторник околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле. Во моментот на исчезнувањето таа носела виолетови панталони, маслинесто зелена јакна и косата врзана во опавче.

Девојките од БК “7-ми Мај” Прилеп ја покорија Бугарија: Тамара се враќа со шампионски пехар, Анабела со бронза (ФОТО)

Прилепските борачи и борачки од “7-ми Мај” имаа напорен натпреварувачки викенд на два фронта. Училишен натпревар во Кочани, како и тежок Меѓународен натпревар во Стара Загора, Бугарија.

Анабела Стојаноска, Ангела Трајкоска, Јована Тодороска и Тамара Цветкоска предводени од тренерите Стојанче Тушески и Филип Јованоски, во Прилеп од Бугарија се враќаат со два медали, еден златен и еден бронзен.

Тамара Цветкоска беше прогласена за најдобар странски борач помеѓу борачки од: Бугарија, Македонија, Косово, Турција, Молдавија и Романија, и сосема заслужено дома се враќа со победничкиот пехар во својата категорија.

Одлична беше и Анабела Стојаноска, која освои бронзен медал во категорија до 46 кг.

Честитки за девојките и нивните тренери и желби за уште поголеми успеси во иднина!

Прилепчани ја решија првата пречка! Падна МЗТ во “ДОБРЕ”, ако ги победат и “романтичарите”, се насмевнува плеј-оф

Прилепската екипа Мега Баскет синоќа забележа убедлив триумф над вториот тим на МЗТ Скопје и ги задржа шансите за пласман во плеј-оф разигрувањето во Втората кошаркарска лига.

Во спортската сала во “ДОБРЕ”, скопјани беа поразени со 72 -61, а голема заслуга за тоа има мотивираноста на момците да направат резултат во клучни моменти, како и поддршката на прилепската спортска јавност, која верува дека Прилеп е подготвен после долги години да довие прволигаш.

Стевананџија постигна 16 поедни, Велески 19, а одлични беа и Јованоски со 14, како и Настески со 12 поени.

Во последното коло од регуларниот дел од сезоната, Мега Баскет игра со вториот тим на Работнички, екипа која е далеку послабо рангирана од прилепчани, па реално е да се очекува уште еден триумф, и пласман во плеј-оф разигрувањето.