Кој има против македонската песна и знаме? Избришани сите патриотски песни од јутјуб каналот на пејачката Елена Андоновска

Фолк пејачката Елена Андоновска остана без својот Јутјуб-канал, односно во текот на вчерашниот ден и ги избришале сите видеа со македонски песни кои имаат патриотска содржина, видеа во кои се вее македонското знаме и го содржат слоганот „Слушајте македонска музика“.

– Почитувани пријатели и сите кои ме следите и поддржувате, во оваа прилика би сакала да ве известам дека после голем број опомени, примедби, забелешки кои ги добивав заради објави на песни со патриотска содржина, македонско знаме и слоганот кој го користам во секој пост: “Слушајте македонска музика” , беа отстранети сите видеа од мојот Youtube канал. Заедно со видеата, за жал, се избришаа сите прегледаности, допаѓања и вашите позитивни коментари, но најважно е никогаш да не се избрише македонската песна и историјата на македонскиот народ опеана во неа.

Ви ветувам враќање на голем број проекти кои ја отсликуваа мојата досегашна кариера. И ви го најавувам најновиот музички проект кој го подготвивме со мојот тим во чест на големиот христијански празник ВЕЛИГДЕН! До тогаш следете ги објавите на мојата фан страна и претплатете се на на мојот Youtube канал!, напиша во обраќањето до својата публика на Фејсбук пејачката.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.