дома блог страница 870

Има епидемија на корупција во земјата, во секој сектор, оцени Агелер

–Во последните десет години има прилично зголемување на корупцијата во земјава, оцени американската амбасадорка Анџела Агелер на брифинг со новинари.

Таа ја повтори констатацијата дека во Македонија има епидемија на корупција.

-Како што веќе кажав, има епидемија на корупција во земјава и тоа во секој сектор, во секоја организација. Само со објавување на корумпираните актери можеме да ѝ помогнеме на земјава да „се фати за работа“ за тоа, изјави Агелер, говорејќи за објавувањето на поединци, вклучително и на Кочо Анѓушев на американската црна листа.

Според неа, во периодот од 32 години од американските односи со Македонија, САД, настрана од воената помош, дале речиси половина милијарда долари за добро владеење и за владеење на правото.

– Спроведовме обука за мнозинството од судиите и обвинителите и не видовме враќање на „инвестицијата“. Едно од средствата што како САД ги имаме на располагање е ставање на лица на црната листа, или на онаа од Стејт департментот или на таа од Министерството за финансии, рече Агелер.

Што се однесува до случајот со Анѓушев, таа информираше дека тој, преку адвокати, веќе вложил жалба на американската одлука да го стави на црната листа, но како што кажа, има слобода на говор и секој може да реагира на некоја одлука. Притоа појасни дека ставањето на некое лице на црната листа не засновано само на сомневања, туку на докази и вети дека Анѓушев не е последниот што се најде на листата туку ќе има и други, без да говори за имиња.

Предизвик: Битиќи бара доброволци што ќе си ја намалат платата за 78%

Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Идната недела или најдоцна до крајот на годината ќе биде готово законското решение со кое Владата предлага да нема зголемување на функционерските плати во март и ќе биде доставено до Собранието, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

– Законското решение, најверојатно, ако не наредната недела, до крајот на годината, ќе го дадеме на Влада. Ќе остане во Собрание да има 61 пратеник, кои ќе се одважат законското решение да го донесат. Поинакво решение нема можност. Кажав дека строго стојам дека не треба да има ново зголемување на функционерските плати од март според методологијата и тоа е најмалку што може да биде направено. И сметам дека тоа не треба да е прашање на разговор со ниту еден друг чинител, рече Битиќи.

Одговарајќи на новинарски прашања по потпишувањето на договорот за реконструкција и адаптација на просторот доделен на НУ Џез оркестар на Северна Македонија, за намалувањето на платите на функционерите за 78 посто, повтори дека е потребен општ консензус на сите.

– Во 1.260-те функционери има судии, обвинители, градоначалници, 120 пратеници, 20 министри, директори…, Сите треба да се согласат дека сакаат нивните плати да бидат намалени, а гледате дека во суштина во нашето оптество тешко се доаѓа до консензус за уште побитни прашања, а камоли да им земете нешто од буџетот, изјави Битиќи.

Цел арсенал оружје и муниција пронајдени кај двајца жители на битолски села (ФОТО)

Полициски службеници од СВР Битола денеска (13.12) заради сомнение за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ ги лишиле од слобода П.Ј.(68) од Битола и Т.Г.(61) од с.Канино,битолско. Имено, при извршен претрес со судска наредба од Основен суд Битола во куќа сопственост на П.Ј.(68) од Битола беа пронајдени и одземени 14 пушки, пет пиштоли, два револвери, разни делови за оружје и околу 300 куршуми различен калибар.

При претрес во с.Канино, битолско во домот на Т.Г.(51) од с.Канино, пронајдени и одземени се две ловни пушки, една воздушна пушка, еден пиштол, разни делови за оружје, како и патрони за пушка.

Лицата се лишени од слобода и по документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави – информираат од СВР Битола.

Прилепските гимназијалци најдобри рецитатори

Гимназијалците од “Мирче Ацев” и оваа година конкурираа на конкурсот за најдобра рецитација, организиран од ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ – Прилеп. Во конкуренција на ученици од сите средни училишта, гимназијалците ги освоија првите три награди.

ПРВОТО место и припадна на ученичката Софија Оџаклиеска од II година, под менторство на професорот Дарко Ристески.

ВТОРОТО место го освои ученичката Евгенија Димитриоска од I година, под менторство на професорот Филип Ристески.

ТРЕТО место освои ученичката од I година, Лаура Кајџаноска, под менторство на професорот Филип Ристески.

На настанот на гимназијата и’ беше доделена плакета, Благодарница за континуирано активното учество и благодарност за поддршката од директорката Весна Михаиловска.

Им честитаме на ученичките и менторите!

Денеска се празнува Св. Андреј Првоповикан – првиот следбеник и првиот Христов апостол

Иако бил распнат на крстот, тој им се обратил на собраните луѓе од крстот, го проповедал христијанството и се молел на Бога до неговата смрт.

Свети Андреј Првоповиканиот, првиот следбеник и првиот Христов апостол, кој пострада на крстот заради неговата преданост на новозаветната вера.

Свети Андреј беше постар брат на Светиот апостол Петар и ученик на Свети Јован Крстител, и го проповедаше Евангелието во Византија и Тракија, во земјите од Дунав, а потоа во Русија и околу Црното Море, во Епир, Грција и Пелопонез, каде страдаше.

Со своите чудесни моќи лекувал многу болни луѓе, вклучувајќи ја и сопругата на кралскиот вицекрал во градот Патра, кого тој го одгледал од својот кревет, и таа ја прифатила христијанската вера. Поради тоа, гувернерот на Етеат бил многу лут и наредил да го распнат Свети Андреј и да го прободат со копја. Но, дури и тогаш, Свети Андреј не се предаваше, туку беше толку ранет и измачуван, сепак споделувајќи корисни лекции со луѓето од крстот, проповедајќи ја христијанската вера. Искрено молејќи му се на Бога, тој му ја предаде душата на 62-годишна возраст.

Како што ги лекувал сиромашните и болните за време на неговиот живот, така дејството на неговите чудесни мошти продолжило и по неговата смрт, според легендите. Главата на светителот сега е во Рим, а едната рака во Москва.

Според народните верувања, Свети Андреј се смета за заштитник на големи животни. Тој разговара со нив, и тие му се потчинети. Мечките го славеа Денот на Свети Андреј, верувајќи дека овој светец ги скротува мечките како кучиња и дека го обиколува светот јавајќи на овој sвер.

Подгответе се викендов, ни доаѓаат нови врнежи од снег – Температурите наместа ќе паднат и до -8 степени

Во четврток времето ќе биде променливо облачно, попладне со врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни.

Во петок и сабота ќе дува засилен северен ветер и врнежите ќе преминат во снег, а температурите насекаде ќе опаднат.

Нов водовод и нов асфалт за жителите на улицата “Киро Базерко” во Прилеп (ФОТО)

Во рамки на работните активности на ЈКП”Водовод и канализација” Прилеп е извршена целосна реконструкција на главна водоводна линија на ул. “Киро Базерко” со DN 63 полиетиленска – информираат од ова јавно претпријатие.

После извршената реконструкција улицата е целосно асфалтирана, на големо задоволство на жителите од оваа улица, кои долги години се надеваа на решавање на нивниот проблем со водоснабдувањето и нормалното движење по истата – велат од прилепски Водовод.

Родители во Словенија го пријавиле сопственото дете во полиција поради петарди

Родители во Словенија кај своето дете пронашле пиротехнички средства кои ги купило без нивно знаење и самите повикале полиција.

Во Словенија употребата на пиротехнички средства е дозволена за физички лица од 26 декември до први јануари, додека продажбата е дозволена од 19 до 31 декември. Но, секоја година пукањето почнува се порано и порано, а особено загрижува што во оваа „забава“ учествуваат млади луѓе, дури и малолетни.

Од ПУ Љубљана за N1 Словенија појаснуваат дека во последниот период не забележале значителни промени во намалувањето или зголемувањето на употребата и продажбата на пиротехнички средства. Пред неколку дена имале случај кога самите родители забележале дека нивното дете има пиротехнички средства.

-Ја купил без нивно знаење. Родителите на полицијата ѝ предале речиси 400 парчиња пиротехнички производи. Со своето одговорно однесување дефинитивно му дадоа пример на детето и спречија евентуални повреди, велат од полицијата.

Kривична за прилепчанец за “демнење”: На ФБ објавувал видеа и статуси за жена од Битола

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(32) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „загрозување на сигурноста“ и „демнење“.

На 06.12.2023, пријавениот на неговиот Фејсбук профил објавувал видео записи и статуси за жена од Битола и за нејзиното семејство.

Имено, тој од нејзиниот профил и профилот на нејзиниот сопруг преземал фотографии и без нивна согласност ги споделувал на неговиот профил на социјалната мрежа, а воедно објавувал и видео записи на неговиот профил, упатувајќи им закани – информираат од МВР.

Одлична фудбалска понуда вечерва и утре на турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп – Ова е распоредот на натпревари

На турнирот во мал фудбал “Св. Никола” во Прилеп, вечерва и утре на програмата се 10 исклучително интересни натпревари на кои се очекуваат голем број на погодоци.

Првите натпревари се со почеток од 18:00ч, а последните од 21ч.