дома блог страница 869

Николоски: Човек како Пендаровски кој што потпишува Кривичен законик за амнестија не е ниту скромен, ниту некорумпиран

„Главната причина зошто Македонија не преговара за членство со ЕУ и главната причина за уназадувањето на Македонија е невладеењето на право“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 во Отвореното студио пред започнување на големиот народен митинг пред Влада на Република Македонија.

„Еден од темелниците кој што беше срушен во изминатиов период е Кривичниот законик кој што да потсетам беше набрзина донесен минатото лето во Собранието со европско знаменце и беше експресно истиот ден потпишан од Стево Пендаровски, кој што за жал ја извршува функцијата претседател на државата“, укажа Николоски.

Николоски додаде дека со потпишувањето на измените на Кривичниот законик практично се удри во темелите на правната држава и на владеењето на правото во Македонија.

„Тоа е по мене едно од најголемите злосторства кои што Пендаровски направи. Нешто што дефинитивно мора да менуваме. Мора да воведеме функционален систем на владеење на правото и реална правна држава“, нагласи тој.

Тој посочи дека граѓаните се прашуваат зошто Пендаровски го направи тоа. Пендаровски посакува во јавноста да се прикаже како скромен и некорумпиран, но човек кој што потпишува Кривичен законик за амнестија на криминалци не може да е ниту скромен, ниту некорумпиран. Веројатно е многу алчен, веројатно е многу корумпиран и затоа го направи тоа.

(ВИДЕО) Танцовото студио New Generation од Прилеп има потреба од финансиска помош: Да помогнеме дечките амбасадори на Прилеп да отпатуваат на Светско во Будимпешта!

Танцовото студио New Generation од Прилеп е формирано во април 2011 година, и досега клубот може да се пофали со стотици успеси, како на домашни, така и на меѓународни натпревари и првенства.

Дечките заедно со нивниот ментор, Оливер Богојевски, се вистински амбасадори на Прилеп и Македонија, а сега имаат потреба од сите граѓани и сите стопанственици кои сакаат да помогнат, за да отпатуваат на Светско првенство во Будимпешта, Унгарија.

Во апелот за помош на танцовото студио стои:

(ВИДЕО) Тошковски во посета на Прилеп, Кривогаштани и Ропотово: “Зголемена е ефикасноста, но ОВР Прилеп се соочува со недостаток на службени возила”

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (04.04.2024) во прилпескиот крај беше во посета на полициските одделенија Кривогаштани и Ропотово и одделението за внатрешни работи Прилеп, каде одржа работни состаноци со раоводниот кадар на тие организациски единици.

На подрачјето кое го покрива ПО Кривогаштани со 13 населени места безбедносната состојба е стабилна и оваа организациска единица е една од ретките каде кадровската пополнетост е на највисоко ниво.

Што се однесува до ПО Ропотово има недостаток на раководен кадар и што поскоро треба да се направат соодветни распоредувања со цел да се овозможи непречено функционирање на одделението.

„ОВР Прилеп се соочува со недостаток на службени возила кои се неопходни за ефикасно постапување, но сепак во делот на реализирани кривични дела се бележи зголемена ефикасност во последните два месеци. За оваа полициска станица советот на Општина Прилеп избра командир, но од страна на Владата беше поништен актот доставен од моја страна поради што бев спречен да донесам решение за негово назначување се до вчера кога добив правосилна пресуда од Управниот суд со која е поништена ваквата незаконска одлука на Владата, па така во наредните денови ПС Прилеп ќе добие командир.“, констатираше министерот Тошковски.

25 годишно момче од Битола со остар предмет го нападнал својот татко

На 03.04.2024 во 18.45 часот во СВР Битола, 55 годишен битолчанец пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син на возраст од 25 години, кој употребил и остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот – информираат од СВР Битола.

Биле под истрага од почетокот: „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“ – е пораката која ги откри извршителите на грозоморното убиство на малата Данка

Двајцата жители на околината на Бор, се осомничени за убиството на малата Данка Илиќ (2), која со денови ја бараше цела Србија, регионот и дел од европските земји, надевајќи се на чудо и среќен крај. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и наводно, според неофицијални информации на српските медиуми, го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

Многу брзо по исчезнувањето на малата Данка двајцата се приведени и сослушани во рамки на истрагата и тврделе дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Но, на полицијата и биле многу сомнителни, па упорно ја продолжувале истрагата и во таа насока.

Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога двајцата си размениле порака „Го виде ли ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата.

Утре во храмот св. Кирил и Методиј во Прилеп: Трет Акатист посветен кон Пресвета Богородица и предавање на тема “Првородниот грев”

Во третиот петок од Великиот Велигденски пост со почеток од 17 чадот, во храмот св. Кирил и Методиј – Параклис, ќе се служи Големо повечерие на кое ќе се чита акатист посветен кон Пресвета Богородица и ќе се осветува петтолебие за здравје и спасение на верниот народ. Потоа ќе се одржи и предавање во овогодишниот циклус од предавања на тема за ПРВОРОДНИОТ ГРЕВ на кое ќе предава отец Јове Тренчевски, во просториите на административната зграда.

ВОЕДНО И ПОКАНА до верниот народ, свештеното братство за присуството на предавањето. Храбра наша Војвотко победоносна, ние, слугите твои од зло избавени, песни пофални ти воспеваме, Богородице.

Но Ти, Која крепост имаш непобедлива, од секоја беда ослободи не, да повикуваме:

Радувај се, Невесто Неневестна!

(ФОТО) За влакно му избега првото место: Никола Павлески од Прилеп втор на силниот Меѓународен шаховски турнир “Наум Наумоски – Борче”

130 млади шахисти учествуваа на традиционалниот Меѓународен младински шаховски турнир “Наум Наумоски – Борче”. Шахистите беа поделени во 3 групи, и тоа: во категорија до 8 години, до 10 и до 18 годишна возраст.

Учество на турнирот зеде и 15-годишниот Никола Павлески од Прилеп, на кого за влакно му избега првото место на турнирот во категорија до 18 години.

Никола забележа 5 победи и две реми партии, а ова е негов највреден шаховски успех досега.

Да му посакаме желби за уште поголеми успеси во иднина и искачување на европски и светски шаховски пиедестали.

Мултимедијална промоција на книгите на Љупчо Јолевски во рамките на Џез фактори фестивалот во Битола

Пред музичкиот дел на 7.издание на Џез фактори фестивалот во Битола, се одржа промоција на книгите на новинарот и публицист
Љупчо Јолевски, “Радио“ и “Неправилен ритам- Приказни од современата македонска музичка сцена“, во Центарот за култура. Авторот заедно со повеќе уметници направија мултимедијална промоција.

За музичкиот дел се погрижија Јордан Костов и Глигор Кондовски, а водител беше актерот Игор Трпчески.
Дел од промоцијата беа и видео пораките на Крсте Роџевски, Бранко Николов (Фолтин), Сашо Поповски.
На промоцијата говореше и рецензентот, Дејан Трајкоски.

„Во нашиот медиумски контекст, Јолевски е УЧИТЕЛОТ. Се разбира, воопшто не е претерано да се каже така. Всушност, неправедно е да не се каже така. Затоа што на прстите од една рака се бројат луѓето со повеќедецениски стаж коишто со елан на младич пишуваат за состојбите во културата, а со таква силна наобразба. Доказ за тоа е тоа што, барем во музиката, нема новинар којшто подобро ја знае не само џез музиката, туку и музиката на светот, домашната андерграунд музика, и кој во исто време бил активен сведок на цела една повеќе од четири децениска музичка, но и културна историја“, истакна Трајкоски.

Присутните воодушевени, а авторот Јолевски истакна:
„Многу ми е драго кога ќе слушнам дека некој си поминал добро на некоја промоција. Кога ги подготвував моите две книги сакав да направам нешто што ќе ги надмине рамките кои се веќе востановени, работејќи и во електронски медум, но и во печатен, решив да направам магазински тип на книга, каде подеднакво важна ќе биде и фотографијата, но и пишаниот збор. Да се сретнат двете работи, да се вкрстат и да се направи нешто ќе го испровоцира читателот и визуелно, меѓутоа она што ќе го прочита, барем малку да му отвори некоја нова страница, некој нов видик, некои нови авантури да му донесе. Треба да се излезе од постоечките рамки и на промовирање на едно дело, музика, настан“.

Рече дека е посебно среќен затоа што се сретна со двајца многу добри колеги, пријатели, битолчани.

„Така е. Се сретнав со Панде Димитровски со кого своевремено бевме во весникот „Млад Борец“, еден од весниците кој го донесе македонското новинарство, македонската медиумска демократија. Тука е и Петар Ставрев со кого патував низ Европа, зборувајќи за колекциите на винил плочи и мојата желба е еден ден да ја стигнам таа негова колекција“.

„Радио“ е објавена пред пет години и е книга која се занимава не со радиото како медиум, туку со нешто друго, со сето она, што, како културна рубрика која Јолевски или како новинар, во културната рубрика на Радио Слободна Европа, успеа да го вообличи во радио прилог, во интервју, рецензија, во осврт, нешто што беше емитувано на програмата, нешто што, беше трка со времето, стигна на време, сето тоа, да излезе во час, час и половина, прво како текст, па како радио прилог, па потоа како, веб-сајт.

„Неправилен ритам“ се занимава со современата музичка сцена, книга во која на 800 страници се поместени бројни интервјуа, со по авторот најзначајните ликови на она што претставува наша музика, македонска музика: Анастасија, Архангел, Влатко Стефаноски, Леб и сол, Симон Трпчески, Дарија Антовска итн.

На самата промоција вниманието го привлече девојчето кое едноставно се качи на сцената и танцуваше додека одеше видео записот на Сашо Поповски.

„Иднината на македонската култура, танцот, македонскиот џез“ коментираа сите.
„Неправилен ритам“ е посветена на трите внуци на Јолевски.

„Книгата е посветена и на сите оние деца, идни генерации кои ќе имаат услови да направат нешто повеќе за нашата Македонија, ваква каква што ја знаеме, што би рекол Симон Трпчески центарот на светот и Македонија лулка на културата“, додаде Јолевски на промоцијата.

Љупчо Јолевски професионалната новинарска кариера ја започнал во почетокот на 1980-те во весникот на младите на Македонија – „Млад борец“. Безмалку едновремено со почетокот од Интердисциплинарните студии по новинарство на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. Најнапред бил соработник, потем и новинар и уредник на културната рубрика во Редакцијата. Паралелно соработувал во Македонската радио телевизија, на почеток во младинските емисии на Втората програма во Радиото, а потоа како автор и водител на музичко-забавната емисија ВИДЕОМЕТРОНОМ и на контактната НЕДЕЛНО ПОПЛАДНЕ. Една деценија подоцна, во 1990-те се префрла во Втората програма на Македонското радио, каде бил новинар и водител на неколку контактни и музички емисии, за да од 1995 година покрај редовните програмски обврски, цели четири години биде уредник – координатор на култната Стотројка (Музичкото радио – Канал 103), која во тој период за своите програмски дострели ја добива и Годишната награда на МРТВ. Истото ова признание што го доделуваше МРТВ Љупчо Јолевски, како новинар и уредник, ќе го добие во 1998 година. Во таа декада и половина, тој со своите текстови бил присутен во ревијата Екран, изданијата на Детска радост – посебно НАШ СВЕТ, во НОВА МАКЕДОНИЈА (соработник на Оливер Белопета во подготовката на саботната Музичката страница), магазините „Рок“, „Време – забаве“, „Македонско време“, „Град“… На почетокот на новиот милениум Јолевски од МРТВ заминува во Телевизија Скопје (подоцна Алфа) и неделникот „Старт“. Од таму, патот го води во ДНЕВНИК, каде скоро четири години бил новинар и уредник на Забавната рабрика. Потем исто толку време поминал во новооснованиот дневен весник ВРЕМЕ и во наредните три години бил задолжен за екипата новинари од оваа област во НОВА МАКЕДОНИЈА. Паралелно, цели деценија и половина ја водел сопствената музичка авантура „Скопје, Париз – Тексас“ на РАДИО РАВЕЛ, бил уредник и на македонскиот месечник за култура LIFE MAGAZIN, соработувал во подготовката на единици за македонската музика во Светската музичка енциклопедија и на делот за Македонија и нејзината современа музика во енциклопедиското издание на МУЗИКА, оригинално објавено во Велика Британија и потем преведено во балканските земји од белградска „Просвета“. Речиси од самото основање на Радио Слободна Европа на македонски јазик и се до пензионирањето (октомври 2022 година), Љупчо Јолевски беше новинар и дописник на овој светски медиум. Инаку, Љупчо Јолевски има објавено две книги „Радио“ и „Неправилен ритам – Приказни од современата македонска музичка сцена“ и за својата долгогодишна работа во новинарството минатата година ја доби наградата „13 ноември“ што ја доделува Град Скопје.

Уживање за најмалите: Анимираниот филм “Кариран нинџа” во сабота во киното “Мис Стон” во Прилеп

На 6 април 2024 /сабота/ во 12.00 ч. во кино Мис Стон ќе се прикажи анимираниот филм „Кариран нинџа“. Влезниците по цена од 100 денари ќе се продаваат на билетарницата од киното во петок од 10 до 13.00 ч. и сабота – два часа пред проекцијата на филмот.

Податоци:

„Кариран нинџа“

Тема: Булинг
Rежија: Торбјорн Кристоферсен и Андерс Матесен
Сценарио: се базира на книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режира филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен
Улоги: Андерс Матесен, Ема Сехестед Хоег, Алфред Бјере Ларсен

Приказна за Алекс, ученикот што добива нинџа-кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла со копчиња неместо очи е всушност жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да возврати на услугата, открива дека нинџа-куклата е опседната и дека тој има мисија да ја одмазди.

Времетраење: 81′

земја: Данска
жанр: Анимиран, авантура, комедија

*Синхронизиран на македонски

Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.

Страшни детали: Данка пронајдена мртва, ја прегазиле со автомобил, телото го ставиле во багажник, па го фрлиле во депонија

За жал, потрагата по исчезнатата Данкa Илиќ (2) имаше трагичен крај. Најмрачните сомнежи на семејството и на јавноста се остварија, а утринава се уапсени две лица осомничени дека со автомобил убиле девојче, а потоа нејзиното тело го фрлиле во дива депонија покрај „Старобањски пут“ кај Бор.

Криминалистичката полиција од Бор ги приведе работниците на јавното комунално претпријатие „Водовод“ Бор С.Ј.(50) од село Лука и Д.Д.(50) од село Злот.

– С.Ј. е осомничен дека на улицата „Радомира Путника“ со службеното возило „фиат панда“ удрил во пешак, двегодишно девојче и ја усмртил. Заедно со колегата Д.Д. телото на девојчето го ставиле во багажникот на возилото, по што се упатиле кон дива депонија на „Старобањски пут“ кај Бор, каде телото го фрлиле на десната страна од патот – вели извор близок до истрагата.

С.Ј. е обвинет за сторено тешко кривично дело против безбедноста на јавниот сообраќај, а Д.Д. помош на сторителот по извршувањето на кривичното дело. По апсењето и на двајцата им е одреден притвор до 48 часа.

Истрагата на криминалистичката полиција на ПУ Бор укажува дека се се случило на 26 март околу 13 часот и 52 минути, односно само седум минути откако исчезна девојчето, се вели во пријавата на мајката.

– С.Ј. е обвинет дека не ја приспособил брзината на возилото на состојбата и условите на патот, поради што со предниот десен дел од возилото ја удрил девојката и ја усмртил – вели извор од истрагата.

Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Кога исчезнала била со мајка и и брат и оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.

Извор: kurir.rs